Костадиновска-Стојчевска: Јазикот е израз на нашиот идентитет - Канал 5

Костадиновска-Стојчевска: Јазикот е израз на нашиот идентитет

Јазикот е израз на нашиот идентитет, затоа секој стручен влог во новиот Закон за употребата на македонскиот јазик е  придонес за нашата државност.

Костадиновска-Стојчевска: Јазикот е израз на нашиот идентитет

Во НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје денеска се одржа јавна дебата за Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик, кој е јавно достапен на Електронскиот национален регистар на прописи на Република Македонија.

Пред почетокот на дискусијата, присутните ги поздрави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која изрази благодарност за покажаниот интерес за денешната Јавна дебата.

„Искрено верувам дека имаме квалитетен текст, и очекувам, денеска низ конструктивен дијалог да го дозаокружиме Предлог-законот, што ќе ни овозможи натамошно процесуирање и во форма на Закон, и негово конечно усвојување во Собранието на Македонија“, рече Костадиновска-Стојчевска, која упати благодарост до членовите на Советот за македонски јазик кои, како што рече, имаа посветен, стручен, студиозен и активен придонес во изготвувањето на Предлог-законот, кој се работеше во соработка со Министерството за култура.

Костадиновска-Стојчевска потсети дека во изминатиот период, се продолжи со усовршување на Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик, откако процесот беше запрен во 2020 година, по Јавната дебата на која пристигнаа голем број забелешки кои темелно беа разгледани и вметнати во оваа верзија на Предлог-законот.

„Јазикот е нашиот темел, израз на нашиот идентитет. Затоа, секој стручен влог во донесување на правната рамка за негова употреба, чување на неговите посебности е драгоцен придонес за нас самите и за нашата државност“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека Законот за употребата на македонскиот јазик има квалитативно дополнување со моделот на заштита на јазикот, предвиден во Законот за заштита на културното наследство.

Нашата земја во функција на зголемување и подобрување на мерките за заштита на јазикот, како дел од нематеријалното (духовното) културно наследство, е потписничка и на Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство, донесена од УНЕСКО, во Париз.

Во оваа насока, рече Костадиновска-Стојчевска, е и одлуката за прогласување за духовно културно наследство од особено значење од областа на јазикот на картотеките во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кои се регистрирани како културно наследство „екс леге“ (ex lege), а кои оваа Влада со посебен проект ги дигитализираше и трајно ги заштити.

Проф.д-р. Елизабета Бандиловска, член на Советот за македонски јазик, во своето излагање ги нагласи причините за изработката на Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик.

Бандиловска истакна дека во практиката сè повеќе се забележува непочитувањето на законските мерки и негрижата за македонскиот јазик во различни сегменти и на различни нивоа од општествениот живот.

„Водејќи се од потребата за подигање на јазичната култура, негувањето и заштитата на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, како и афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилната употреба на македонскиот јазик во јавната комуникација се предлага донесување нов Закон за употребата на македонскиот јазик со кој ќе се прошират областите во кој задолжително се употребува македонскиот стандарден јазик“, додаде Бандиловска.

Таа информираше за неколку новини во Предлог-законот, меѓу кои е и формирање на Инспекторат за македонски јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице, чија цел ќе биде дејствување на терен и подигнување на свеста за важноста од правилната употреба на македонскиот јазик.

Ќе се изработува и Национална стратегија за македонскиот јазик, за што ќе биде вклучен Советот за македонски јазик и значајни високообразовни институции.

Министерството за образование и наука, во текот на академската година, ќе објавува конкурс за стипендирање студенти за изучување на македонскиот јазик во сите три циклуси на високото образование.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите уапсија јапонски новинар и го однесоа во затвор во Москва (ВИДЕО)

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија објави дека уапсила јапонски новинар под сомнение дека собирал информации за одбранбените капацитети на Русија. 

Русите уапсија јапонски новинар и го однесоа во затвор во Москва (ВИДЕО)

Според службата, станува збор за вработен во весникот „Хокаидо Шимбун“ кој бил приведен во регионот Сахалин, пренесува Ројтерс.

Новинарот бил уапсен кратко пред неговото планирано заминување од Русија. По апсењето, тој бил префрлен во Москва, каде што му е одреден притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вдовица и четири деца се во војна за семејно наследство од 250 милиони евра- реагира и судот

Семејно богатство вредно потенцијални 250 милиони евра стана предмет на жесток правен спор во Италија. 

Вдовица и четири деца се во војна за семејно наследство од 250 милиони евра- реагира и судот

Од едната страна се четирите деца на покојниот бизнисмен, а од другата неговата втора сопруга. Во срцето на конфликтот се два различни тестаменти, милиони евра префрлени на членовите на семејството и прашањето колку пари всушност оставил починатиот милионер.

Според италијанската агенција АНСА, станува збор за наследството на Маурицио Зампарини, поранешниот сопственик на фудбалските клубови Палермо и Венеција, кој почина во 2022 година на 80-годишна возраст.

Спорот дојде пред судот во Бусто Арчицио, во италијанската покраина Варезе, кој пресуди за двојно судско запленување на имотот, со цел да се спречи негово евентуално префрлање или отуѓување додека трае постапката.

Богатство од 250 милиони, а пронајдени се само девет

Најголемата мистерија во целиот случај е вистинската вредност на имотот што го оставил Зампарини. Според досегашниот инвентар, официјално евидентираното наследство е приближно девет милиони евра. Сепак, учесниците во спорот веруваат дека вкупната вредност на наследството би можела да достигне дури 250 милиони евра.

Токму оваа огромна разлика го покрена прашањето што припаѓа на наследството и дали одредени делови од богатството претходно биле префрлени на членови на семејството.

Зампарини остави четири деца од својот прв брак, кој заврши со развод, како и втора сопруга. Неговиот петти син, кого го имаше во вториот брак, почина во 2021 година, на само 23 години.

Децата бараат 37 милиони, вдовицата споменува 75 милиони

Четирите деца го оспоруваат тестаментот од 31 август 2020 година и бараат заштита на средства во вредност од најмалку 37 милиони евра, кои се поврзани со втората сопруга на нивниот татко. Тие веруваат дека постои можност дел од овој имот да биде исклучен од процесот на распределба на наследството.

Сепак, вдовицата има поинаква верзија на настаните. Таа се повикува на втор тестамент, датиран на 27 септември 2020 година, како и на документација што подоцна беше пронајдена на плочата на Зампарини.

Според нејзините тврдења, при утврдувањето на вредноста на наследството, треба да се земат предвид претходните подароци, како и средствата што покојниот бизнисмен им ги доверил на своите деца. Таа ја проценува вредноста на овие средства на приближно 75 милиони евра.

Така, двете страни се нашле во сосема спротивставени позиции - децата бараат средствата поврзани со вдовицата да бидат заштитени, додека таа бара средствата што претходно им припаѓале на децата да бидат преиспитани.

Судот пресуди: Имотот останува под контрола

Судијката Анарита Д'Елија одлучи да ги прифати барањата за привремени мерки од двете страни. Донесена е одлука за двојно судско запленување на средствата вклучени во спорот, што го спречува нивното евентуално пренесување или промена на сопственоста додека не се утврдат сите релевантни факти.

Оваа мерка не претставува конечна одлука за тоа кому му припаѓа наследството. Напротив, нејзината цел е да се зачуваат средствата до крајот на судската постапка, која, според очекувањата, може да трае долго.

Судот сега се соочува со сложената задача да ја утврди вистинската вредност на богатството на Зампарини, како и кои делови од имотот треба да бидат вклучени во наследството. Само тогаш ќе биде можно да се одлучи како ќе се подели меѓу наследниците. Семејниот конфликт отвори прашање на кое засега никој нема дефинитивен одговор: колку всушност вредеше богатството на човекот кој со децении беше едно од добро познатите имиња во италијанскиот бизнис и фудбал?

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лет од Рим е откажан поради инвазија на одвратни инсекти- се завлекле и во седиштата (ФОТО)

Стеници биле пронајдени на летот на „Квантас“ од Перт до Рим. 

Лет од Рим е откажан поради инвазија на одвратни инсекти- се завлекле и во седиштата (ФОТО)

Паразитските инсекти биле откриени во предниот дел од кабината во економска класа на „Боинг 787 Дримлајнер“ на летот QF5 на 9 октомври, потврди денеска извор запознаен со инцидентот, објави „Гардијан“.

Стениците се ситни инсекти кои се многу тешки за искоренување и се хранат со крвта на одредени цицачи, вклучително и луѓето.

Како што првично објави „Сиднеј Морнинг Хералд“ (SMH), авионот бил повлечен од употреба откако пристигнал во италијанската престолнина за темелно чистење. Како резултат на тоа, летот на „Квантас“ од Рим до Перт, закажан за 10 октомври, е откажан.

Портпаролот на авиокомпанијата изјави дека летот е откажан за да можат инженерите и екипите за одржување темелно да го исчистат авионот откако „проблемот бил забележан кај мал број седишта во економската класа“.

Компанијата соопшти дека искрено им се извинува на патниците за непријатностите и нарушувањето на нивните планови за патување.

На патниците погодени од откажувањето на летот им беше обезбеден сместување и беа пренасочени кон алтернативни летови во рок од 48 часа од нивното првично заминување, соопшти Квантас.

Авиокомпанијата соопшти дека кабините на нејзините авиони редовно се чистат по исклучително висок стандард и се дезинфицираат на секои 50 дена како дел од превентивна мерка.

Професорката Мишел Пауер, паразитолог на Универзитетот Маквари, рече дека стениците веројатно биле внесени во авионот во нечиј багаж или на нивната облека, пред да се рашират низ кабината.

„Тие се поврзани со патување. Луѓето можат да престојуваат во хотел со стеници и бидејќи овие инсекти се кријат на темни места и се привлечени од мирисот на облеката на луѓето, можат да завршат во нечиј багаж“, објасни таа.

Според неа, креветните бубачки не се опасни, иако нивните каснувања можат да предизвикаат чешање и иритација. Сепак, тие се исклучително тешки за искоренување бидејќи можат да се кријат во постелнината и разни пукнатини долго време, дури и без храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер