Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО

Министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Охрид оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО .

Костадиновска-Стојчевска денеска во Охрид оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО која е составена од членови на Центарот за светско наследство, Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата. Средбатата се одржа во Завод и Музеј-Охрид, а учество земаа и членовите на Националниот координативен тим од нашата држава и директорката Ирена Шајн.

„Министерството за култура и Националниот координативен тим посветено работат на спроведување на препораките од УНЕСКО, во делот на заштита на културното наследство. Не отстапуваме од грижата за Охридскиот Регион и зачувување на статусот на престижната листа на УНЕСКО. Уверена сум дека обединети, сите заедно, централната, локалната власт и невладиниот сектор во заедничка координација со забрзана динамика ќе продолжиме да ги исполнуваме насоките на УНЕСКО во подобрување на состојбите со реткото природно и културно наследство на нашиот регион“, потенцираше Костадиновска – Стојчевска.

На средбата стана збор за актуелните состојби поврзани со заштитата на културното наследство во Охридскиот Регион, начините за надминување на предизвиците и напредокот што го има остварено државата во однос на последните препораки на УНЕСКО.

Министерката со македонските експерти ги информарше членовите на реактивната мисија за сите реализирани, како и за тековните активности поврзани со препораките, како што е донесувањето на Стратегискиот план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, изработката на правни документи меѓу кои Предлог на закон за управување со светското природно и културно наследство и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.

Беше дискутирано и за завршените активности за заштита на дрвената платформа во Заливот на коските, пристапот до заштитените културни добра, изработката на „Упатство за иматели на недвижни културни добра во Охридскиот регион – Светско наследство на УНЕСКО“, со цел да им се помогне на имателите на недвижни културни добра во Охридскиот Регион да ги исполнат своите права и обврски.

Средбата беше дел од агендата на тридневната заедничка реактивна мониторинг мисија на членовите од Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) и Меѓународната унија за заштита на природата, во прекуграничното светско наследство „Природно и културно наследство на Охридскиот регион“ , во Албанија и во Македонија, соопштуваат од Министерството за култура.

Анчелоти: Ѓулер ќе биде клучен играч на Реал

 Турскиот талент Арда Ѓулер следната сезона ќе биде меѓу носителите на играта на Реал Мадрид, најави тренерот на Кралскиот клуб, Карло Анчелоти.

Деветнаесетгодишниот Ѓулер прв пат се најде во почетниот состав во Ла Лига и го постигна својот втор гол во дресот на Реал Мадрид во вчерашната победа од 1-0 на гостувањето против Реал Сосиедад.

Според информациите, турскиот играч за врска е незадоволен од малата минутажа што ја добива и размислува да ја смени клупската средина како позајмен фудбалер во новата сезона, но Анчелоти во него гледа еден од клучните играчи во новата сезона.

„Арда ќе биде многу важен играч за нас во иднина и нема сомнеж дека ќе остане тука следната година. Тој е многу млад, но малку по малку учи каква е неговата улога во овој тим. Тој постигна повеќе голови отколку што одигра натпревари. Тоа е талент“, рече Анчелоти.

Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време

До крајот на денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне, особено во северозападните делови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. 

Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информираат од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд.

Од УХМР известуваат дека следува период на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува кон средината на следната седмица.

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Огасавара во југозападна Јапонија.

Според соопштението на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил во 17:36 часот по локално време. Потресот е регистриран на длабочина од 540 километри.

Островите Огасавара, локално познати како „Острови Бонин“, се наоѓаат на 1.000 километри југоисточно од Токио, главниот град на Јапонија, и 1.600 километри северозападно од островот Гуам во западниот Пацифик.

притисни ентер