Костадиновска-Стојчевска: Букстар е платформа и предизвик за промена на светот преку литература - Канал 5

Костадиновска-Стојчевска: Букстар е платформа и предизвик за промена на светот преку литература

Фестивалот „Букстар“ се реализира, меѓу другите, и со поддршка од Министерството за култура.

Костадиновска-Стојчевска: Букстар е платформа и предизвик за промена на светот преку литература

Во Младинскиот културен центар во Скопје синоќа беше отворено деветтото издание на Фестивалот на европска литература „Букстар“ во тек на кој ќе гостуваат десет европски автори, четириесетина македонски учесници од различни генерации, претставници на реномирани издавачки куќи и фестивали од пет држави од регионот.

Фестивалот, што се одржува под мотото „Ве молиме, вознемирувајте!“, за отворен го прогласи авторката Лидија Димковска, а евроамбасадорот Дејвид Гир ѝ ја додели наградата „Букстар 2023“ на шпанско-мароканската писателка Наџат ел Хачми за романот „Во понеделник ќе нè сакаат“.

Според министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска Фестивалот претставува искрен придонес во заемното запознавање на авторите и делата од домашната и од европската литература градејќи нова димензија на пријателството независно од културните и јазичните бариери.

-Делата од европската литература на еден благороден начин го збогатуваат културниот простор афирмирајќи ја книжевноста на европските јазици. Тие имаат унверзална моќ да нè поврзуваат и да нè воведуваат во различни светови, да нè вознемируваат, да нè предизвикуваат и да нè поттикнуваат на размислување, наведувајќи нè да поставиме прашања за животот, љубовта, искуството, социјалните предизвици и за многу други аспекти на човековото постоење, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека мотото на фестивалот не е случајно затоа што литературата, како израз на човечката фантазија и креативност, честопати не само што ја вознемирува туку и ја трансформира нашата реалност.

-На овој Фестивал на европска литература ние ги слушаме гласовите на писателите, толку различни и многубројни како што се и европските нации и култури. Преку нивните дела, ние се нурнуваме во многубројни светови, се вознемируваме, размислуваме и размислуваме повторно. Секоја страница, секоја буква го поттикнува нашиот ум и го оформува нашето разбирање за светот, рече министерката за култура.

Фестивалот на европска литература, според Костадиновска-Стојчевска, е можност „да се запознаеме, да се поврземе и да ги претставиме искуствата и идеите, да го прославиме богатството на културното разнообразие и да го почитуваме литературното наследство што нè обединува“. Фестивалот „Букстар“ се реализира, меѓу другите, и со поддршка од Министерството за култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на Македонскиот КИЦ во Загреб

Со изложбата „Сцени од ателјето“ на Ивана Настеска и концертот на „Дуо Скупи“, македонскиот КИЦ во Загреб приреди вечер исполнета со уметност, со силна синергија на впечатливиот музички и ликовен израз.

Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на Македонскиот КИЦ во Загреб

На почетокот на настанот, пред бројните вљубеници во уметноста, се обратија македонскиот амбасадор во Хрватска, Н.Е. Драган Ѓурчевски, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, како и авторката на изложбата, Ивана Настеска и членовите на Дуо Скупи, Јета Старова Мехмети и Ермаљ Мехмети.

Во своето обраќање, амбасадорот Драган Ѓурчевски ја истакна важноста на културната дипломатија за зајакнување на пријателските односи и продлабочување на соработката меѓу двете земји, нагласувајќи ја улогата на културата во поврзувањето и афирмацијата на националните културни вредности.

Директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска претставувајќи ги уметниците и нивното творештво се осврна на изложбата „Сцени од ателјето“, истакнувајќи дека „преку специфичната чувствителност на акварелот, неговата непредвидливост и слободата што ја нуди, Ивана Настеска успева да го претвори секојдневното во уметничко доживување и да нè потсети дека убавината често се крие во деталите што ги забележуваме само кога ќе застанеме и навистина ќе погледнеме“. Исто така, во своето обраќање, таа ја потенцираше творечката вредност на „Дуо Скупи“ кои преку истражувањето на звучните можности на флејтата и виолината и долгогодишната заедничка работа градат препознатлив камерно-музички израз.

На отварањето на изложбата Ивана Настеска истакна дека: „ателјето не е само простор во кој се создава уметност, туку и место на тишина, набљудување и разговор со бојата. Токму во таа внимателна средба меѓу уметникот и светот околу него се раѓаат сцените што ги претставувам“.

По отварањето на изложбата посебна атмосфера на вечерта донесе концертот на „Дуо Скупи“, во кој беа поврзани класичната традиција, современото творештво и богатството на македонската и балканската музичка традиција. Внимателно осмислениот репертоар што ги поврзува различните музички епохи и стилови, виртуозната изведба, професионалност, стилска зрелост и длабоко разбирање на камерното музицирање беа наградени со долготрајни аплаузи и бис од публиката.

Настанот се реализираше како дел од годишната програма на македонскиот културно-информативен центар во Загреб, со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Општина Центар  ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Локалната самоуправа започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, во кој ќе се идентификуваат актуелните еколошки предизвици и ќе се понудат решенија за нивно надминување.

„Општина Центар спроведува анкета со која граѓаните можат да ги дадат своите мислења за еколошките проблеми и предлозите за подобрување на животната средина. Вашите одговори се важни за да ги утврдиме приоритетите и да ги насочиме идните активности кон подобри услови за живеење во Општина Центар“, порача градоначалникот Герасимовски.

Анкетата е анонимна, а може да ја пополните на линк: Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје | Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

На маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат.

Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер