Костадинов: Промените во СДСМ продолжуваат, именувани 30 претседатели на општински организации

Започнатиот процес на промени во интерес на граѓаните, во интерес на иднината, продолжува.

Како што најавивме, промените започнуваат одовде, од СДСМ, партијата предводник на Владата и парламентарното мнозинство, партијата предводник на напредокот на државата.

Претседателот Зоран Заев, согласно неговите овластувања, назначи 30 претседатели на Општински организации на СДСМ.

Половина од назначените, 15 досега, се ново именувани.

Би сакал сега да ви ги прочитам, именуваните, 30 претседатели на општински организации.

1. Струга – Соња Стојкоска

2. Штип – Александар Кангалов

3. Ѓорче Петров – Александар Гиновски

4. Карпош – Марија Ѓоргиевска

5. Крива Паланка – Михаил Дејановски

6. Росоман – Ленче Стојанова

7. Свети Николе – Елизабета Јованчева

8. Кочани – Гоце Серафимов

9. Лозово – Антонио Ангелковиќ

10. Виница – Тони Велков

11. Пехчево – Славчо Пандурски

12. Брвеница – Даниел Антовски

13. Кратово – Горан Ковачевски

14. Шуто Оризари – Ферат Асан

15. Ново Село – Живко Георгиевски

16. Чашка – Горан Стојановски

17. Берово – Јован Матеничарски

18. Делчево – Влатко Величковски

19. Крушево – Трајче Калески

20. Ресен – Атанас Табаковски

21. Теарце – Лазар Ѓоргиевски

22. Куманово – Мартин Костовски

23. Ранковце – Христина Младеновска

24. Центар – Горан Герасимовски

25. Чучер Сандево – Ацо Ушковски

26. Богданци – Никола Страторов

27. Конче – Благој Илиев

28. Радовиш – Коле Чаракчиев

29. Дебар – Азем Фејзоски

30. Охрид – Лазе Таневски

Почитувани граѓани,

Станува збор за одговорни личности, чесни, способни, кои уживаат висок кредибилитет во местата во кои живеат.

Во дел од општините каде што СДСМ забележа победа на последните избори реизбрани се претседателите на општинските организации.

Во наредните неколку денови ќе бидат назначени претседатели и локални раководства и во преостанатите Општински организации а ќе се заокружат, со сигурност и промените во централното раководство на партијата.

Почитувани граѓани,

Ова е само еден чекор од суштинските промени кои имаат за цел да внесат нова енергија, нов систем во работата на партијата, во интерес на граѓаните.

Како што најавивме, во периодот пред нас следуваат сериозни промени и во централната власт, како и на директорски места на централно и локално ниво.

СДСМ се менува за напредокот да продолжи уште позасилено.

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Танц парада и мини концерт во Струга по повод Светскиот ден на танцот

Со танц парада и мини концерт на отворено, под мотото „Струга танцува“ студиото за танц „Бах“ денеска по четврти пат ќе го одбележи Светскиот ден на танцот - 29 април.

Тања Бах, кореограф и идеен творец на студиото за танц информира дека членовите на „Бах“ ќе тргнат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“, покрај кејот на реката Црн Дрим ќе продефилираат низ Струшката чаршија, а потоа ќе одржат концерт во Паркот на поезијата.

-Танц парадата е еден креативен начин да го одбележиме Светскиот ден на танцот. Парадата е нашиот придонес во културните настани во градот на мостовите. Ќе приредиме едно вистинско уживање за публиката и на за нас својствен начин ќе потсетиме за физичките и психичките придобивки од танцувањето, изјави Бах.

Во Паркот на поезијата, додаде, 100-тината членови на „Бах“ ќе ја продолжат танцовата традиција во Струга.

Светскиот ден на танцот за прв пат е прославен на 29 април 1982 годинаа, оттогаш, секоја година на овој ден ширум светот се читаат меѓународни и национални пораки за танцот. Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на УНЕСКО, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер. /МИА

притисни ентер