КоССев: Косовските специјалци се повлекуваат од Бањска и Звечан - Канал 5

КоССев: Косовските специјалци се повлекуваат од Бањска и Звечан

Тие се заменети со друга единица – со интервентна.

КоССев: Косовските специјалци се повлекуваат од Бањска и Звечан

Припадниците на специјалната единица на косовската полиција се повлекуваат од селото Бањска кај Звечан и ќе бидат заменети со припадници на интервентна единица, јави косовскиот портал на српски јазик КоССев, повикувајќи се на заменик командантот на полицијата за северниот регион, Ветон Елашани.

Според Елшани, во областа каде што на 24 септември беше нападната косовската полиција од група од неколку десетици вооружени Срби, при што беше убиен еден косовски полицаец и најмалку тројца од напаѓачите, одсега натаму ќе има помалку полиција, а секојдневно ќе бидат присутни противпожарни единици.

- Тие (специјалната полиција) се заменети со друга единица – со интервентна, и сега ќе видиме дека ќе има помалку полицајци. Се расчистуваат патиштата и се надеваме дека животот полека ќе се нормализира, рече Елшани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата дека не се исти, дадена од претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче, истакна: 

Мицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија

„Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве за прв пат можам да се сложам дека не сме исти и точно граѓаните можат да направат разлика меѓу ова раководство на СДСМ кое што го води куклата на оние кои што ја уништија и ограбија Македонија, и Владата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Управа за финансиска полиција поднесе кривична пријава за „Даночно затајување“ и „Оштетување или повластување на доверители“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р.

Управа за финансиска полиција поднесе кривична пријава за „Даночно затајување“ и „Оштетување или повластување на доверители“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р., управител и сопственик на правно лице, како и против правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 од Кривичниот законик.

Пријавениот В.Р., во периодот од 2019 до 2020 година, иако бил свесен дека правното лице е неспособно за плаќање и дека му претстои стечај, со намера да стекне противправна имотна корист и да ги оштети доверителите, го намалил имотот од кој доверителите можеле да ги намируваат своите побарувања. Притоа, присвоил 10 возила во вредност од 69.719.484 денари, скутери во вредност од 545.000 денари и трговска стока во вредност од 4.457.322 денари, кои не биле евидентирани со соодветна документација и не биле пронајдени од стечајниот управник, со што не станале дел од стечајната маса.

Поради наведеното, побарувањата на доверителите во вкупен износ од 12.069.922 денари, од кои 1.179.059 денари се побарувања на УЈП, останале целосно ненамирени.

Исто така првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација (договори, фактури, испратници, сметкопотврди и сл.) за нивна економска оправданост во сметководствената евиденција, истите ги присвоил за себе и притоа не пресметал и не платил данок на добивка во вредност 5.387.259 денари и данок на личен доход во вредност од 5.985.244 денари.

Со наведените дејствија, преку правниот субјект, В.Р. се стекнал со противправна имотна корист и го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 23.442.425 денари, по основ на оштетување на доверителите, Данок на добивка и данок на личен доход.

Управа за финансиска полиција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За 410 првачиња од Ѓорче Петров бесплатни ранци, училишен прибор и по 3.000 денари финансиска поддршка од општината

Општина Ѓорче Петров и оваа учебна година продолжува со конкретна поддршка за најмладите ученици и нивните семејства. 

За 410 првачиња од Ѓорче Петров бесплатни ранци, училишен прибор и по 3.000 денари финансиска поддршка од општината

Во новата учебна година, во основните училишта на територијата на општината се очекуваат 410 првачиња, а секое од нив ќе добие бесплатно анатомско ранче и училишен прибор.

Во изборот на ранчињата, денес учествуваа и идните првачиња од детската градинка „Росица“, со што најмладите директно беа вклучени во подготовките за нивниот прв училишен ден.

Дополнително, со почетокот на учебната година, секое прваче ќе добие и еднократна парична поддршка во износ од 3.000 денари од Општина Ѓорче Петров, како и бесплатна ужинка.

Со овие мерки, општината има за цел да им помогне на семејствата во периодот кога трошоците за почетокот на учебната година се зголемени, но и да обезбеди еднакви и достоинствени услови за секое дете кое го започнува своето образование.

Инвестициите во образованието, подобрувањето на условите во училиштата и директната поддршка за учениците и родителите остануваат еден од приоритетите на Општина Ѓорче Петров.

Општина Ѓорче Петров

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер