3Завршена е железничката обиколница околу Скопје по релација Драчево-Илинден ќе се пренасочуваат товарните возови
„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
1„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
3Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
БалканКосовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска МитровицаВо Косовска Митровица денеска се случи инцидент кога косовски полицајци опколија српски матурант во центарот на градот. Еден од полицајците го зграпчи за вратот и го малтретирал, а на вратот на младиот човек се видливи траги од крв. Граѓани и професори го спасија матурантот од понатамошно малтретирање, јавија косовските и српски медиуми. Инцидентот се случил во центарот на Косовска Митровица, кога матурантите, во придружба на професори и во придружба на трубачи, традиционално поминувале низ градот. Реакции имало од блиското кафуле, кога еден од гостите го покажа симболот на орелот и голема Албанија, а матурантите одговориле со покажување среден прст. Потоа косовски полицаец се стрчал кон матурантите и извлекол еден од нив од групата, кого подоцна го малтретирал пред други граѓани, но и пред колега кој се обидувал да ја смири ситуацијата - и неговиот колега и вознемирените граѓани од српска националност, објавено е во видео на социјални мрежи. На видеата објавени од медиумите и кои се појавија на социјалните мрежи, може да се види како млад косовски полицаец го стиска вратот на матурант, притискајќи го неговото грло со прст, а на вратот на матурантот се видливи траги од крв. Најупорен во помагањето на матурантот бил професорот на чија маица пишувало IV3, исто како и на матурантот, па се претпоставува дека бил класен наставник. Тој не го пуштил матурантот се додека, со помош на други граѓани, не успеал да го одвои од полицаецот и да го однесе. /МИАТагови: полицаец Косовска Митровица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГолем меѓународен успех на ученичка од МакедонијаСофија Ѓорчева од Кавадарци оствари меѓународен успех.На меѓународниот турнир „Математика без граници“, кој се одржа во Несебар, Бугарија таа освои златен пехар во најтешката категорија „Ludovico Ferrari“; златен медал на тимскиот натпревар, сребрен медал на финалниот индивидуален натпревар. До финалето стигна по четири квалификациски круга, во кои освои златен медал во секој круг. Освен тоа, Ѓорчева е и добитник на сребрен медал на „International Youth Math Challenge (IYMC)“, каде што го постигна највисокиот резултат меѓу учесниците од Македонија.Тагови: меѓународен успех Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Лајка започнува кампања за вдомување на кучињата кои со години чекаат дом„Толку долго чекаат што речиси сите ги знаат по име. Освен нивните семејства.“ - ЈП Лајка започнува кампања за вдомување на кучињата кои со години чекаат домЗапочнуваме нова кампања за вдомување посветена на кучињата кои најдолго престојуваат во прифатилиштето и со години чекаат некој да им даде шанса за нов живот. Во рамки на кампањата, за реализиравме фотосесија на кучињата кои со години остануваат незабележани, иако станува збор за здрави, социјализирани и подготвени за вдомување миленици. Во наредниот период, јавноста ќе има можност да се запознае со секое од нив преку серија објави во кои, покрај фотографии, ќе бидат раскажани и нивните животни приказни колку долго чекаат, каков карактер имаат, што сакаат, што научиле и зошто сè уште немаат свој дом. Зад секое куче што со години е во Лајка се крие приказна која заслужува да биде слушната. Тие не се бројки, туку живи суштества кои секој ден го чекаат истиот момент - некој да дојде токму по нив. Со оваа кампања сакаме да им дадеме видливост на оние кои најдолго чекаат и да покажеме дека времето поминато во прифатилиште не ја намалува нивната вредност како идни домашни миленици. Кучињата кои се дел од кампањата со години се под грижа на ЈП Лајка. Тие се хумано третирани, социјализирани и секојдневно работат со вработените и волонтерите. Голем дел од нив учествуваа во бројни прошетки и активности, каде покажаа дека се одлични придружници и подготвени за живот во семејство. Ги повикуваме граѓаните да ги следат објавите, да ги споделуваат нивните приказни и да размислат за вдомување. Понекогаш е потребно само едно споделување за едно куче, по години чекање, конечно да го пронајде својот дом. За повеќе информации и интерес за вдомување, граѓаните можат да се обратат преку нашите официјални канали за комуникација.Тагови: ЈП Лајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Тенис„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка ТараЛегендата на светскиот тенис, големата шампионка од екс Југославија, Моника Селеш му честиташе на Новак Ѓоковиќ за победата на Вимблдон, а имаше и совет за неговата ќерка Тара.Најтрофејниот свтески тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш му покажа на целиот свет зошто е најголемиот на сите времиња. Иако има 39 години, тој успеа да победи во најдолгиот четвртфинален меч во историјата на Вимблдон и да го скрши отпорот на Феликс Оже-Алијасим по пет часа и 15 минути игра со 3-2 по сетови – 7:6 (12:10), 3:6, 6:3, 6:7 (4:7), 7:6 (10:4). Неговата игра воодушеви многумина, меѓу кои и легендарната Моника Селеш. Поранешната југословенска тенисерка го следеше мечот од трибините и објави видео со интересна порака за српскиот ас. „Конечно ги гледав мечевите на Вимблдон. Две возбудливи четвртфиналиња во женска конкуренција, а потоа – што да кажам за Новак? Продолжуваш да нè инспирираш со својата игра, физичка подготвеност и ментален фокус. Оној поен во петтиот сет, супер тај-брејкот при резултат 4:3 по пет часа тенис, беше апсолутно неверојатен. Легендо“, напиша Моника. На самиот крај, познатиот мал Мо имаше порака за ќерката на Ноле, Тара. Моника тврди дека Новак треба да поработи на своето танцување за време на прославата. „П.С. Тара, продолжи да вежбаш танцови чекори со тато. Има уште многу простор за напредок“, напишала во шега славната тенисерка..Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00