Косовската претседателка Османи-Садриу во посета на Македонија

Косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу денеска ќе допатува во официјална посета на Македонија на покана на шефот на државата Стево Пендаровски.

Според најавата, по пречекот со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во кабинетот на претседателот, Османи-Садриу ќе има тет-а-тет средба со Пендаровски, по што предвиден е и пленарен состанок на делегациите на двете земји.

По средбата Пендаровски и Османи-Садриу ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

За време на официјалната посета, Османи-Садриу ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, а ќе се обрати на свечена седница во Собранието на Република Македонија.

Утре Османи-Садриу ќе престојува во Тетово, каде ќе се сретне со тетовскиот градоначалник Билал Касами.

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

притисни ентер