Косовската амбасада:За транзит низ Македонија треба PCR тест

Амбасадата на Косово во Скопје денеска објави дека косовските граѓани не можат да влезат на територијата на Македонија доколку немаат негативен PCR тестза коронавирус, пренесува приштинската телевизија Клан Косова.

„Врз основа на новите мерки на Владата на Македонија, со цел да се спречи ширењето на пандемијата, ова правило важи и за граѓаните на Косово кои ја избираат Македонија за транзит“, се вели во соопштението на амбасадата.

Секој што ќе се одлучи на оваа релација, мора да има негативен PCR тест, не постар од 72 часа.

Свети Николе ќе почне со кампања за донирање на крвна плазма

Светиниколскиот кризен штаб ќе почне кампања за донирање на крвна плазма за пациентите заразени со корона вирусот. 

По вчерашните седум нови случаи, бројката на активни инфицирани со коронавирусот изнесува 64.

-Според излагањето на присутните заболени од корона вирусот има и едно двомесечно бебе, седум лица се на болничко лекување.Од МВР не информираа дека на 481 лице им е изречена казна за неносење маска. На седницата се разгледа и се донесе заклучок да се поведе активна кампања за донирање на крвна плазма од излечени лица од КОВИД-19 , која им е потребна во лекување на заболените лица, се вели во соопштението на Општинскиот кризен штаб-Свети Николе.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19, како и често миење на раце, држење на дистанца и носење ма заштитни маски.

Русија: Највисок број на нови случаи од почетокот на епидемијата

Во Русија денес се регистрирани 17.340 нови случаи на коронавирус, што е најголем број од на новозаразени во еден ден од почетокот на епидемијата.

Во последните 24 часа починале 283 лица со што вкупниот број на жртви порасна на 25.525, пренесе „ТАСС“.

Од почетокот на епидемијата се заразени повеќе од 1,48 милиони граѓани, а досега се излекувале 1,2 милиони.

МВР: 557 санкционирани возачи во Скопје, од кои 93 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 557 санкции, меѓу кои 93 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 59 мерки за технички неисправни возила, 52 за возење без возачка дозвола, 16 санкционирани мотоциклисти. Изречени се 93 мерки за непрописно паркирање, а 70 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението од МВР.

притисни ентер