ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев
1ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
2Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев
3Кузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка - СДСМ најавува кривични пријави!
БалканКосово пред нови предвремени избори: пропаднаа преговорите меѓу Курти и Абдиџику Косово се движи кон нови предвремени парламентарни избори - изјави денеска косовскиот премиер Аљбин Курти по неуспешната средба со лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ДСК), Љумир Абдиџику. Средбата беше дел од напорите за постигнување договор за избор на нов претседател на државата откако мандатот на Вјоса Османи истече на почетокот на април. Курти нагласи дека разговорите биле неуспешни бидејќи опозицијата не прифатила ниедна од неговите понуди за надминување на кризата. - На ДСК им понудивме заедничко владеење со „Самоопределување“ и нашите партнери, при што тие би ги добиле местото заменик-премиер, Министерството за надворешни работи и уште три дополнителни министерства. Сакав Абдиџику да стане мој заменик за да отвориме ново поглавје, но понудата беше одбиена - изјави Курти. Според премиерот, земјата сега се соочува со „непотребни“ избори, кои би биле трети во изминатата една и пол година. Тој предупреди дека новиот изборен процес ќе го чини државниот буџет најмалку 10 милиони евра, а веројатно нема да донесе решение, бидејќи повторно може да недостига кворум од 80 пратеници за избор на шеф на државата. Со цел да го деблокира процесот, Курти понудил и внатрешна ротација во Собранието - актуелната претседателка на законодавниот дом, Албулена Хаџиу, да се повлече на потпретседателското место, а функцијата претседател на Собранието да му припадне на ДСК. Сепак, и овој предлог не бил прифатен. - Не можеме да формираме влада против волјата на народот. Ние сме единствените што предлагавме конкретни имиња и решенија, а кај опозицијата постои еден вид бојкот - додаде косовскиот премиер. Во согласност со одлуката на Уставниот суд, Собранието на Косово има рок од 34 дена, сметано од 25 март, да ја заврши процедурата за избор на претседател. Доколку до 28 април не се избере нов шеф на државата, земјата автоматски оди на нови избори. Овластувањата на претседател во меѓувреме ги врши претседателката на Собранието, Хаџиу. Курти информира дека остварил контакт и со лидерот на најголемата опозициска партија, Демократската партија на Косово (ДПК), Бедри Хамза. Тој појасни дека ДПК побарала „бланко политички договор“ за нивни кандидати, но истакна дека понудата за заедничко владеење била ексклузивно наменета за ДСК. На последните избори одржани на 28 декември 2025 година, движењето „Самоопределување“ (ЛВВ) освои 57 мандати, ДПК - 22, ДСК - 15, Алијансата за иднината на Косово (АБК) шест места, а преостанатите 20 мандати се резервирани за малцинските заедници. За избор на претседател во првите два круга е потребно двотретинско мнозинство (80 гласа), што го прави процесот целосно зависен од компромис меѓу партиите.Тагови: Косово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: ЈП Водовод и канализација – Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и ЗаевЕдинствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра. Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството. Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови. Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа. Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„BOÜDOIR – The House of Fragrance“: Нов простор посветен на уметноста на мирисите во Ист Гејт МолПарфемот одамна ја надминува својата примарна улога на естетски додаток.Тој е дел од личниот идентитет, невидлив потпис што ги поврзува сеќавањата, емоциите и индивидуалниот стил. Токму оваа филозофија стои зад концептот на „BOÜDOIR – The House of Fragrance“, специјализирана парфимерија која со отворањето на својот нов продажен простор во Ист Гејт Мол во Скопје внесува поинаква димензија во домашната парфемска понуда. По своето присуство во Битола, „BOÜDOIR“ ја продолжува својата приказна и во главниот град, претставувајќи внимателно селектиран свет на ниш парфимеријата, во кој автентичноста, креативноста и парфемското мајсторство имаат предност пред конвенционалните трендови. Во понудата се застапени реномирани парфемски куќи како „Atelier Des Ors“, „Profumum Roma“, Birkholz, New Notes, Venti4, Vranjes, MEMO Paris и Fragrance Du Bois, чии мирисни композиции ја истражуваат границата помеѓу традиционалното парфимерство и современиот уметнички израз. Новиот простор е замислен како место за откривање и истражување на мирисите, каде што изборот на парфем не е само купување производ, туку лично искуство. Во време на масовна продукција и унифицирани естетски стандарди, „BOÜDOIR“ го афирмира индивидуалниот пристап кон луксузот, оној што не се дефинира исклучиво преку препознатливоста на брендот, туку преку карактерот, квалитетот и емоцијата што ги носи. Со отворањето во „East Gate Mall“, Скопје добива уште една адреса за љубителите на селективната парфимерија и за сите што веруваат дека вистинскиот луксуз започнува таму каде што завршува предвидливото. Бидејќи понекогаш највпечатливиот потпис не се гледа – туку се чувствува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook