3Вистинска лудница на Мундијалот, Португалија со пресврт подобра од Хрватска, коцкестите се жалат на ВАР
БалканКосово: И 28. обид за конституирање на парламентот заврши без успехКонститутивната седница на Собранието на Косово повторно беше прекината, по 28. пат, откако пратениците не постигнаа договор за тајно гласање за избор на претседател на парламентот. Следното продолжение е закажано за 9 јуни. На седницата присуствуваа 85 пратеници, од кои 48 гласаа „за“, никој не беше „против“, ниту воздржан. Сепак, не беше прифатен предлогот на Движењето Самоопределување за тајно гласање. Претседавачот со седницата, Авни Дехари, потсети дека Демократскиот сојуз на Косово, Демократската партија, Алијансата за иднината на Косово и Српската листа повторно не предложија членови за комисијата за тајно гласање. Кандидатка за претседател на Собранието е Албулена Хаџиу од Самоопределување. Таа досега доби најмногу 57 гласа, а за избор ѝ се потребни најмалку 61. Конститутивната седница започна на 15 април. Според резултатите од изборите одржани на 9 февруари, ниту една партија нема мнозинство за самостојно формирање влада. Самоопределување има 48 места, ДПК – 24, ДСК – 20, Алијансата и Иницијативата НИСМА – 8, Српска листа – 9, а преостанатите 10 места припаѓаат на претставници на малцинските заедници. Тагови: Косово конституирање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: ФИФА се огласи за поништениот гол на Хрватска – ова е објаснувањетоСветската фудбалска федерација (ФИФА) објасни зошто голот на Хрватска против Португалија беше поништен. Јошко Гвардиол го совлада Рикардо Коста во 13-тата минута од судиското продолжение, но израмнувањето беше спречено од „Connected Ball“ технологијата. Според ВАР системот асистентот на погодокот на Гвардиол , Марио Пашалиќ бил во офсајд, само затоа што неговиот соиграч Игор Матановиќ имал минимален контакт со топката со главата пред тоа. „Според податоците обезбедени од технологијата „Connected Ball“ која што се наоѓа во внатрешноста на официјалната топка на Светското првенство -Adidas Trionda, докажано е дека хрватскиот играч Игор Матановиќ имал контакт во фазата на подготовка на акцијата пред голот против Португалија, што му овозможи на судијата правилно да утврди офсајд и да го поништи голот“, се вели во соопштението на ФИФА. Гледачите на ТВ екраните веднаш можеа да го видат тој мал контакт преку графика , што покажуваа дека Матановиќ имал допир со топката. „IMU сензорите лоцирани во Трионда се способни да детектираат секаков мал контакт, прикажан на гледачите на емитувањето како „графика на отчукувања на срцето“ и да им обезбедат на службените лица невидено ниво на податоци за брзи и точни одлуки.“- стои во соопштението на ФИФА. https://www.youtube.com/watch?v=lXNn1zzVmzwТагови: СП2026 ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНово чудо во Венецуела, спасен маж кој осум дена бил под урнатиниЕден човек е спасен жив откако осум дена бил заробен во урнатините на зграда по двата земјотреси во ВенецуелаЕден човек е спасен жив откако осум дена бил заробен во урнатините на зграда што се урна по двата земјотреси во Венецуела.тој бил на должност во мала бетонска кабина во подрумот на паркингот веднаш до трговски центар. Се создала школка околу него, заштитувајќи го од 140-те тони урнатини што се урнале околу него и врз него.спасувачката мисија траеше 100 часа. Чилеански пожарникар претходно ја опиша спасувачката операција како „ Најсложената и технички најтешката со која морал да се справи“. До синоќа, потврдено е дека 2.595 лица загинале во земјотресите што ја погодија венецуела а десетици илјади сè уште се водат како исчезнати.Тагови: Венецуела земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаИдентификуван осомничениот за бомбашкиот напад врз украинскиот олигарх во Монако.Властите на Монако го идентификуваа осомничен за бомбашки напад во кој сериозно беа повредени украински мултимилионер Јермолијев, кој е под санкции на својата земја, и уште две лица. Францускиот весник „Фигаро“ и телевизијата BFMTV објавија дека истражителите веруваат дека осомничениот, кој бил снимен на безбедносните камери како носи црна рибарска шапка, всушност е жена која се обидела да се маскира како маж. Канцеларијата на државниот обвинител на Монако објави дека е издадена потерница за осомничената. Станува збор за странски државјанин кој повеќе не е на територијата на Монако. Властите, исто така, објавија и издавање црвена потерница од Интерпол. Во понеделникот вечерта, надзорните камери снимија лице како остава пакет на влезот од зграда во Монако. Кратко потоа се случи експлозија во која беа повредени три лица додека влегуваа во зградата. Истражителите го третираат случајот како обид за убиство, а не како терористички напад. По експлозијата во станбената зграда во близина на границата меѓу Монако и Франција, осомничената била видена како бега кон француската општина Босолеј. Јавниот обвинител на Монако, Стефан Тибо, одби да ги коментира наводите дека осомниченото лице е жена, но им се заблагодари на полициските сили на Монако и на Франција за соработката што овозможила „идентификација на лицето осомничено за извршување на нападот во многу краток рок“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook