ФудбалКосово гради два стадиона, во националниот ќе вложи 250 милиони евра Косово се подготвува за изградба на нов стадион.Во Гњилане ќе се гради нов објект со капацитет од 8.750 луѓе, а стадионот ќе биде од четврта категорија на УЕФА. Во Косово тврдат дека буџетот за изградба на стадионот е обезбеден. Хајрула Чеку, министер за спорт, тврди дека проектот е готов: „Конечниот проект на стадионот во Гњилане, кој недостигаше, сега е изработен и готов за реализација, додека буџетот потребен за финансирање на реализацијата е веќе обезбеден. Во денешниот договор со градоначалникот Албан Хисени ветивме 15 милиони евра за изградба на стадионот. Веднаш ќе започнат потребните процедури за реализација на проектот, а работите во целина ќе започнат во најкраток можен рок“. Против инволвираните се подготвуваат кривични пријави за констатираните прекршоци во минатото на овој стадион сега така квалификуван од Државниот завод за ревизија. „Одлучно го спроведуваме инвестицискиот план за Медитеранските игри во 2030 година. Создаваме подобра иднина за спортот“, додаде Чеку. Косовскиот премиер најави изградба на националниот стадион, кој треба да биде готов за седум години, за да биде подготвен за Медитеранските игри. Според првите проценки тој стадион би требало да чини околу 250 милиони евра. More images from Gjilani Stadium, which will be UEFA 4th category stadium hosting 8750 fans. pic.twitter.com/1khqQs3SuW — Kosovan Football 🇽🇰 (@kosovanfooty_EN) September 16, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаУжас на грчки остров: Жена задавила мачка со јаже, добила казна од 30.000 евраШеесет и тригодишна жена е уапсена откако убила мачка на Закинтос и е казнета со 30.000 евра, соопшти локалната полиција.Жената од Ромири на Закинтос била пријавена од сопственикот на мачката, објавува „Катимерини“. Според Здружението за заштита на животните на Закинтос (ЗОМЗ), жената задавила возрасна мачка со јаже. Телото на животното, според упатствата на властите, е во замрзнувачот на сопственикот и таму ќе остане до вторник, 25 август, поради локалниот празник Свети Дионисиј, кој се слави на 24 август и е слободен ден за жителите на островот.Тагови: мачката остров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОд идната недела целосно се забрануваат мобилните во средните училишта во Франција Од почетокот на новата учебна година, која започнува следната недела во Франција, во сите средни училишта ќе стапи на сила целосна забрана за употреба на мобилни телефони. Одлуката денеска ја потврди портпаролката на владата Мод Брежеон, која објави дека францускиот претседател Емануел Макрон одлучил да го прогласи законот со кој се воведува мерката, пишува Euronews. „Уставниот совет ја потврди забраната за мобилни телефони во средните училишта. Претседателот на Републиката затоа одлучи да го прогласи законот, се разбира без членовите што се сметаат за неуставни. Целта е веќе потврдените правила да почнат да се применуваат во стабилна правна рамка. Едноставно кажано, забраната за мобилни телефони во средните училишта може да стапи на сила од почетокот на новата учебна година, врз основа на закон заснован на закон“, рече Брежеон. Исклучоци за часови и посебни програми Законот предвидува можност за исклучоци за употреба на мобилни телефони за образовни цели за време на часовите или за одредени административни потреби. Исклучоци би можеле да важат и за ученици што посетуваат посебни програми, како што се подготвителни часови за прием на елитни француски универзитети, таканаречените grandes écoles. Сепак, оваа мерка се воведува без претходно планираната забрана за пристап до социјалните мрежи за лица под 15 години. Тој дел од законот беше отфрлен од Уставниот совет претходно овој месец. Премиерот Себастијан Лекорну објави дека владата веќе подготвува нова верзија на законот што ќе биде усогласена со одлуката на највисокото правно тело во земјата.Тагови: мобилните средните училишта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНова анкета во Франција: Води Ле Пен, главе ривал ѝ е радикален левичар Лидерот на француската радикална левица, Жан-Лук Меланшон, е најверојатниот противник на кандидатката на десницата Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори следната година. Ова го покажа анкета објавена денес, која исто така ја потврдува длабоката поделба на францускиот електорат на крајот од мандатот на Емануел Макрон, пишува Ројтерс. Спој на левицата и десницата во анкетите Според резултатите, Меланшон, кандидатот на партијата Неосвоена Франција (LFI), влегува во вториот круг во три од петте испитувани сценарија, додека во четвртиот е изедначен на второто место. Сепак, истата анкета предвидува дека Ле Пен би го победила убедливо во конечната пресметка. Проекциите покажуваат дека Меланшон би можел да добие помеѓу 16 и 17 проценти од гласовите во првиот круг, а Ле Пен помеѓу 35 и 38 проценти. Во вториот круг, Ле Пен би победила против Меланшон со 64 проценти од гласовите. Ослабениот центар отвора простор Резултатите се неповолни за кандидатите на политичкиот центар, на кои им е тешко да се позиционираат во атмосфера на растечка поларизација. Како што вториот и последен мандат на Макрон се ближи кон крајот, неговото заминување остава ослабен центар и кревка економија. Ова отвора простор за радикални опции, како што се LFI на Меланшон и Националното собирање на Марин Ле Пен. „Ризикот дека г-ѓа Ле Пен и г-дин Меланшон ќе се соочат еден со друг во вториот круг е реален и сериозен“, изјави кандидатот на центарот Едуар Филип за новинарите. Жан-Лук Меланшон досега се кандидираше за претседател три пати, во 2012, 2017 и 2022 година, но никогаш не успеа да влезе во вториот круг.Тагови: Марин Ле Пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook