Косово до крајот на годинава ќе побара кандидатски статус за влез во ЕУ - Канал 5

Косово до крајот на годинава ќе побара кандидатски статус за влез во ЕУ

Косовскиот премиер Албин Курти денеска најави дека Приштина до крајот на годинава ќе аплицира за кандидатски статус за ЕУ, при посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој е во посета на Западен Балкан.

Косово до крајот на годинава ќе побара кандидатски статус за влез во ЕУ

„Европа е нашата судбина, Европа е нашата иднина“, рече Курти на заедничката прес-конференција.

„Сакаме кандидатски статус во ЕУ и ќе аплицираме до крајот на годината“, додаде Курти.

Косово прогласи независност во 2008 година и огромното мнозинство од земјите на ЕУ ја признаваат неговата независност, но не и Србија, ниту Русија, ниту Кина, што го спречува да се приклучи на ОН.

Нормализацијата на односите останува главна пречка на европскиот пат на Приштина, како и на Белград, и покрај долгогодишниот дијалог спонзориран од ЕУ. Германскиот канцелар Шолц повика на помирување.

„Она што е важно за Косово е дека дијалогот меѓу Косово и Србија, под ЕУ, напредува“, рече Шолц.

Двете страни мора да најдат политичко решение со глобален и траен договор што ќе придонесе и за регионалната стабилност, додаде Шолц.

„Со прифаќањето на сите мерки и санкции против Русија, Косово покажа дека е кредибилен партнер кој е близок до нас и до европската и меѓународната заедница“, рече Шолц. Србија ја осуди војната во ОН, но одби да застане на страната на западните санкции.

За време на турнејата, германскиот канцелар ќе го посети и Белград, потоа ќе продолжи со посета на Македонија и Бугарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно

Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда, 28 октомври, по сериозната железничка несреќа во Толедо, во која, според шпанските медиуми, загинаа најмалку 68 лица, а 80 се повредени.

Одложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно

Трагедијата се случи кога два брзи возови се судрија помеѓу градовите Лос Хевенес и Урда, а несреќата ја потресе Шпанија.

Шпанската фудбалска федерација објави дека целиот распоред на куп натпреварите закажани за среда ќе биде одложен. Меѓу клубовите што требаше да излезат на теренот се Леванте, Алавес, Валенсија, Селта Виго и Бетис, тимови што се натпреваруваат во највисокото ниво на шпанскиот фудбал.

Сè уште не е познато кога ќе се играат одложените натпревари, додека сè уште нема официјална одлука за судбината на 14-те натпревари од Купот на кралот закажани за четврток.

Според оригиналниот распоред, Севиља, Атлетик Билбао и Хетафе исто така требаше да играат во ова натпреварување во четврток.

Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена во сенка на трагедијата што одзеде голем број животи и остави бројни повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Казнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)

По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.

Казнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)

По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот.

По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?

За  неполн час треба да биде познато кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. 

Избор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?

Обвинителите галсаа денеска, а резултатите треба да бидат сумирани и објавени на јавна седница.

Пред Обвинителството е Михајло Видимлиски, Михајло кој од канидадтите има најголеми шанси да го наследи Абази?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер