Космонаутите полетаа кон ИСС со леталото на SpaceX (ВИДЕО) - Канал 5

Космонаутите полетаа кон ИСС со леталото на SpaceX (ВИДЕО)

Капсулата Crew Dragon Endeavor и ракетата Falcon 9 денеска се лансирани од вселенскиот центар на НАСА, Кенеди во Флорида кон Меѓународната вселенска станица (ISS), каде четворицата астронаути ќе поминат шест месеци.

Космонаутите полетаа кон ИСС со леталото на SpaceX (ВИДЕО)

Ракетата со капсула со екипаж е изградена од приватната компанија SpaceX на Илон Маск. Капсулата Dragon е опремена со 16 драко-потисници за маневрирање во орбитата, а исто така има и неколку падобрани за слетување.

Шејн Кимброу и Меган Мекартхур од НАСА, Французинот Томас Пескет од Европската вселенска агенција (ЕСА) и Акихико Хошиде од Јапонската агенција за аеронаутика и вселенски истражувања (JAXA) летаат со ракетата Спејс Икс кон ISS.

Тие ќе ги заменат четворицата членови на мисијата Crew-1 кои се враќаат на Земјата.

YouTube video

Ова е прво лансирање на НАСА преку комерцијална програма со двајца меѓународни астронаути, и ова е исто така прв пат вселенското летало Crew Dragon да се користи по втор пат, откако веќе беше користено во тест летовите.

И ракетата Falcon 9 се користи по втор пат, откако беше употребена во мисијата Crew-1, т.е. ова е прв пат екипажот да полета со „рециклирана“ ракета и вселенско летало.

Спејс Икс, компанијата на Илон Маск, стана омилен носач на НАСА, откако Боинг доцни со тестирање на својата вселенска капсула Старлинер.

Првиот лет со екипажот на Спејс Икс во мај 2020 година стави крај на деветгодишната американска зависност од руските ракети Сојуз за транспорт до ИСС.

Откако ќе пристигнат на ISS, астронаутите од мисијата Кру-2 ќе поминат многу време во научни истражувања во области како што се медицинска технологија, здравје на луѓето и материјали што би биле корисни за животот на Земјата.

ISS е опремен со инструменти за следење на климата на Земјата, еколошки промени и природни катастрофи.

НАСА и Спејс Икс планираат најмалку две лансирања годишно, а компанијата на Илона Маск ќе стане, по Роскосмос, постојан партнер на американската вселенска агенција за испраќање товар и луѓе во орбитата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вирално видео: Желка ја касна за задникот инфлуенсерката во бикини

Травел блогерката Синтија Бенитез доживеа непријатно искуство додека пливаше со желки во една лагуна во Танзанија.

Вирално видео: Желка ја касна за задникот инфлуенсерката во бикини

Додека посегнуваше кон едно животно пред неа, друго ѝ пријде одзади и ја касна за задникот. Шокирана, инфлуенсерката врисна и излезе од водата, а снимката од инцидентот набрзо се прошири на социјалните мрежи.

Трага од каснување и вирално видео

Потоа, Бенитез се пошегува во описот на видеото: „Мислев дека желките се безопасни...“ Фотографијата направена по инцидентот покажува црвена трага од каснување, иако за среќа, таа не се здоби со сериозни повреди. Видеото собра над 400.000 прегледи на Инстаграм.

„Желката очигледно беше гладна“

Следбениците главно реагираа со хумор на ситуацијата. Како одговор на коментар во кој видеото се опишува како „многу корисна“ информација, Бенитез одговори: „Никогаш не ѝ врти грб на желка“.

Друг корисник напиша: „На желката ѝ беше доста од пластика, па реши да ја извади од водата“. Имаше и коментари дека животното „очигледно било гладно“, како и порака: „Таа желка сум јас во некој претходен живот“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работник загина на еден од најпознатите италијански споменици

Италијанското Министерство за култура потврди дека вчеравечер еден работник загинал во римскиот Колосеум.

Работник загина на еден од најпознатите италијански споменици

Поради несреќата, дел од споменикот денес е затворен за посетители. Дваесет и двегодишен техничар загинал откако паднал од височина од околу десет метри. Несреќата се случила додека тој поставувал нов систем за осветлување во античкиот амфитеатар, пренесува Ројтерс.

Реакција од властите и управата на паркот

„Ова е трагичен настан што нè потресе и нè вознемири“, изјави италијанскиот министер за култура, Алесандро Џули. Управата на Археолошкиот парк Колосеум соопшти дека, во знак на жалост, ќе затвори дел од второто ниво каде што се случила несреќата.

Изграден пред 2.000 години, Колосеумот бил најголемиот амфитеатар на Римската Империја и останува една од главните туристички атракции во Рим.

Синдикатот бара целосно затворање

Најголемиот италијански синдикат, „CGIL“, се спротивстави на одлуката за делумно затворање на локалитетот, тврдејќи дека целиот споменик требало да биде затворен за тој ден. „Очекуваме министерот Џули да ги разјасни околностите на несреќата и да нареди целосно затворање на Колосеумот“, изјави Натале ди Кола, генерален секретар на огранокот на „CGIL“ во Рим. „Човечкиот живот е пред туристите“, додаде тој.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота

Утре наутро времето ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Утре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Попова Шапка, 13 Крушево, 17 Маврови Анови, Претор, Берово, 18 Прилеп, Крива Паланка, Битола, 19 Охрид, 20 Тетово, Виница, 21 Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, 22 Скопје Петровец, Велес, 23 Демир Капија, 24 Струмица, 25 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со сончеви преиоди. Дуваше умерен до засилен северен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно со умерена локална облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер