Смеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“
2Смеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“
3Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска
ЖивотКоски на млада жена на Антарктикот, ги збунија научниците: Дали ја знаеме историјата? Фрагмент од човечки череп, пронајден на пуст дел од крајбрежјето на Антарктикот, предизвика научна дебата за тоа кои всушност биле првите луѓе на ледениот континент.Остатоците биле пронајдени во 1985 година од биологот Даниел Торес Наваро додека собирал примероци на плажата Јамана. Понатамошните ископувања открија делови од горна вилица со неколку заби, потсетува „Мирор“. На кого му припаѓал черепот? Подоцнежните анализи покажаа дека остатоците ѝ припаѓале на млада жена, по потекло од јужно Чиле, која најверојатно починала помеѓу 1819 и 1825 година. Тој временски период се совпаѓа впечатливо со откривањето на Антарктикот во 1820 година и првите регистрирани пристигнувања на бродови кратко потоа. Доколку научните проценки се точни, тоа би значело дека постои можност луѓето да стапнале на ледениот континент порано отколку што се веруваше претходно - во време кога ловците од Јужна Америка, Северна Америка и Европа почнале да се осмелуваат да влезат во најјужните региони на планетата во потрага по вредно крзно од фоки. Две можни теории Наваро, кој самиот бил изненаден од откритието, предложил две можни теории: * Жената можеби била дел од експедиција во лов на фоки и била оставена на брегот од непознати причини; * Жената починала на море, а нејзиното тело било исфрлено од водата. Океанските струи и бурите подоцна можеле да ги исфрлат остатоците на брегот. Научниците исто така велат дека суровата клима, ледените бури и морските птици можеби придонеле за исчезнувањето на вилицата, забите и другите делови од скелетот. Години подоцна, во близина била пронајдена бутна коска, што укажува дека остатоците веројатно биле носени од ветерот или влечени од животни. Откритието покренува нови прашања Иако руската експедиција предводена од Фабијан Готлиб фон Белингсхаузен најчесто се наведува како прва што ја видела ледената копнена маса во 1820 година, многу историчари веруваат дека ловците на фоки веќе се истоварувале на брегот во тоа време. Черепот може да биде доказ дека некои од овие бродови имале женски екипажи - или дека цивили учествувале во експедициите. Некои истражувачи одат чекор понатаму, повикувајќи се на легендите од Нов Зеланд, кои опишуваат патувања до „далечниот југ“ долго пред европските експедиции. Сè останува во сферата на шпекулации, иако откривањето на делови од черепот покренува нови прашања за историјата на човечките патувања и откритија на далечниот југ од светот.Тагови: Антарктикот коски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината. Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураСмеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“На сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово вчеравечер одекна силен и долг аплауз за екипата на НУ Народен театар Битола, која со својата изведба повторно ја воодушеви и ја насмеа до солзи публиката која ја исполни салата до последното столче. „Секстет“ и овојпат покажа дека добрата комедија не познава граници – се игра, се чувствува и се споделува со публиката. „Од срце му благодариме на организаторот на фестивалот „Денови на комедијата“ за поканата, прекрасното добредојде и гостопримството. До следната средба – со уште многу смеа, аплаузи и театарски моменти“, истакнуваат од Битолскиот театар. Претставата „Секстет“ секогаш го полни гледалиштето до последното место, комедијата од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, па така и овојпат салата беше исполнета со публика која ги награди актерите на Битолскиот театар со долготрајни аплаузи. Недоразбирања, тајни, љубовни заплети и урнебесни пресврти секогаш ја тераат публиката да се смее од почеток до крај. Зошто комедија? Затоа што премногу долго сме сериозни. Живееме во време на прегласни информации и постојани кризи. Научивме како да бидеме загрижени, заборавивме да се смееме. Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски. Костимографијата е на Андреј Георгиевски, сценографијата на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски. 29.издание на Фестивалот оваа година се одржува од 23 септември до 5 октомври. Во текот на фестивалските денови, публиката има можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведба на театрите од Македонија и земјите од регионот. Фестивалот ќе биде затворен со претстава надвор од конкуренција, посветена на годинашниот лауреат Игор Џамбазов. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово.Тагови: Денови на комедијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврскаДиректорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска се обрати на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 2001–2015, кој се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. На настанот се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој го отвори Меморијалниот турнир. Пред членовите на семејствата на загинатите бранители, претставниците на Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, колегите и натпреварувачите, директорот Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните. „Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев. Тој нагласи дека обврска на денешните генерации е споменот за загинатите бранители да се пренесува и на генерациите што доаѓаат, потсетувајќи дека слободата, мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово. Посебна почит им оддаде на семејствата на загинатите, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да покажат дека жртвата на нивните најблиски никогаш нема да биде заборавена. Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека мора да се чува споменот за оние кои го дале својот живот за татковината и да се пренесе на следните генерации. „Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот Мисајловски. На крајот, директорот Јанев изрази благодарност до Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Министерството за внатрешни работи и сите кои веќе 24 години ја одржуваат оваа традиција, порачувајќи дека хероите живеат сè додека ги паметиме и дека им должиме да ги паметиме со гордост, достоинство и благодарност.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16