СветКосио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредокКуба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не е подготвена да преговара за промена на власта, изјави синоќа кубанскиот заменик-министерот за надворешни работи Карлос Фернандез де Косио за Си-ен-ен.- Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио. Тој додаде дека Куба и САД сè уште не воспоставиле „билатерален дијалог“, но оти имало „одредена размена на пораки“, кои пристигнале до највисокото ниво на кубанската Влада. Изјавата на Косио е во време кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз Хавана за промена на режимот. Американскиот државен секретар Марко Рубио пред неколку дена изјави дека САД „сакаат да видат“ промена на режимот на Куба. Администрацијата на Трамп го зголемува притисокот врз Хавана, обидувајќи се да ја прекинат испораката на нафта. Куба се снабдува со нафта од Венецуела, но по американското апсење на поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, нарушена е испораката. САД минатата недела се закани со зголемување на царините за државите кои извезуваат нафта во Куба, со образложение дека Хавана претставува „исклучителна закана“ поради тоа што им пружа засолниште на „непријателските држави и злонамерни актери и нивните воени и разузнавачки капацитети“. - Куба не претставува закана по САД. Не е агресивна, не е непријателски расположена. Не крие и не спонзорира тероризам … Доколку САД сакаат соработка во борбата против трговијата со дрога, Куба може да помогне. И претходно сме помогнале и можеме да продолжиме да помагаме, со оглед на трговијата што се одвива во регионот, истакна Косио. Тој ги повика САД да ја ублажат кампањата на притисок, бидејќи „економската принуда што ја трпи Куба е еднаква на воена состојба“. Куба се соочува со постојани прекини во снабдувањето со електрична енергија и недостиг на бензин. Кубанските власти за таквата состојба ги обвинуваат постоечките американски економски санкции, додека критичарите наведуваа дека тоа е поради недоволното вложување во инфраструктурата. Трамп, претходно, изјави дека Куба може да го избегне целосниот прекин на снабдување со нафта ако се постигне договор, кој би вклучувал враќање на одземениот имот на кубанските бегалци, кој ја напуштија земјата по револуцијата во 1959 година. Американскиот претседател пред четири дена најави дека и Мексико ќе ја прекине испораката на нафта за Куба. Но, Мексико вчера изјави дека договорот со Куба сè уште е во сила, и оти бара алтернативни начини да и помогне на Хавана да ги избегне последиците од американските царини. Тагови: куба САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ТехнологијаПакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг.Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, објавија кинеските државни медиуми во саботата. Првиот странски посетител на вселенската станица ќе учествува во мисијата како специјалист за товар, објави CCTV, повикувајќи се на Кинеската агенција за вселенски летови со екипаж. Идентитетот е непознат Кина не го откри идентитетот на астронаутите, но функционер во вселенската агенција на Пакистан изјави за Ројтерс во септември дека пилотите Зишан Али и Курам Дауд поминале месеци обука во Кинескиот центар за истражување и обука на астронаути во Пекинг, подготвувајќи се за мисијата. Пекинг сè уште не го објавил датумот на мисијата. Историското значење на летот CCTV известува дека астронаутот, по завршувањето на краткорочниот лет во орбитата, ќе се врати на Земјата со вселенското летало Шенжоу-23. Ова е првиот заеднички вселенски лет во кој учествуваат кинески и странски астронаути во историјата на кинеската програма за вселенски летови со екипаж, и сè се одвива во рамките на „вселенската дипломатија“ на Пекинг.Тагови: вселенска станица астронаут Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Со Дреново и Возарци ги заокружуваме средбите со граѓаните во урбаните и месните заеднициПоследните средби на терен ги посветивме на разговори со жителите на овие две населени места, нивните потреби, предлози и конкретни иницијативи за подобрување на секојдневното живеење. Со завршувањето на посетите, добиваме јасна слика за приоритетите во сите урбани и месни заедници, кои ќе бидат земени предвид при креирањето на Програмата за работа за 2027 година. Нашата определба останува иста – развој со јасна визија, конкретни планови и еднаков пристап кон секое населено место. Кавадарци го градиме заедно, со граѓаните и за граѓаните, објави на ФБ градоначалникот на кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЕвропаПетмина руски функционери се во делегацијата за преговори за Украина во Абу Даби Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин, како и претставници на Генералштабот Игор Костјуков и Јуриј Жигарловски. Тие присуствуваа на состанокот на рускиот претседател Владимир Путин со постојаните членови на Советот за безбедност во петокот, на кој разговараа за претстојните разговори закажани за вторник, објави Интерфакс. Песков потврди дека споменатите функционери ќе учествуваат во разговорите, додека помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, кој исто така присуствуваше на состанокот, ќе ги надгледува преговорите во својство на помошник на Путин за меѓународни работи. Путин претходно изјави дека ги поканил на состанокот функционерите кои ќе учествуваат во претстојните трилатерални разговори, кои вчера објави дека ќе се одржат на 10 ноември во Абу Даби.Тагови: Абу Даби украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook