Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
СветКошта: Се соочуваме со избор на поредок базиран на правила или хаотичен свет Претседателот на Европскиот совет нагласи дека исто како и Израелците и палестинскиот народ има право на безбедност и да живее во одржлива држава. Светот се соочува со клучен избор меѓу меѓународен поредок базиран на правила, кој ги поддржува мултилатерализмот и Повелбата на Обединетите нации или хаотичен свет базиран на унилатерализам, насилство и непочитувања, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта доцна синоќа во обраќањето пред Генералното собрание на ОН во Њујорк. - Алтернативата на меѓународниот меѓународен поредок базиран на правила е хаотичен и насилен свет. Каков што гледаме во Судан, каде се одвива разорен конфликт со уништување од огромни размери на кој не се посветува внимание. Каков што гледаме во Газа. Каков што гледаме во Украина, рече Кошта. Според него, Европската Унија како проект на мир, помирување и социјална правда, точно знае на која страна е при тој избор и е и ќе остане цврст бранител на мултилатерализмот, меѓународниот поредок базиран на правила и на Повелбата на ОН. Кошта посочи дека ЕУ го осудува тероризмот во сите негови форми, не ги заборава ужасните напади на Хамас и го поддржува правото на Израел на безбедност, но не може да молчи пред незамисливото страдање и хуманитарната катастрофа во Газа. - Користењето на гладот како оружје во војна е неморално, изјави Кошта. Претседателот на Европскиот совет нагласи дека исто како и Израелците и палестинскиот народ има право на безбедност и да живее во одржлива држава. - Договор за решение за две држави е единствениот пат кон мир, безбедност и достоинство за двата народа. Ова е решението што го бараме, истакна Кошта, повикувајќи на безусловно ослободување на сите заложници, итен прекин на огнот, целосен и непречен хуманитарен пристап во Газа, крај на илегалните доселенички населби на Западниот Брег и искрена посветеност на решението за две држави. Осврнувајќи се на случувањата во Украина, Кошта рече дека тоа е пример на јасно кршење на Повелбата на ОН, кога една суверена нација е брутално нападната од постојана членка на Советот за безбедност. - Тоа е јасно кршење на суверенитетот, територијалниот интегритет, почитувањето на меѓународно признатите граници и правото да ја избере сопствената судбина - принципи што ги обврзуваат сите членки на Обединетите нации, истакна Кошта. Според него, оваа агресија не ја загрозува само Украина, туку и сите нации во светот, бидејќи ако се прифати руската инвазија врз Украина, тогаш ниту една земја никогаш нема да биде безбедна и нема да може сама да решава за својата судбина. - Нашата колективна безбедност е поврзана со отпорноста на Украина. Европската Унија цврсто стои во поддршка на Украина во нејзината борба за праведен и траен мир, во напорите да се стави крај на убиствата и Русија да седне на преговарачката маса, рече Кошта, повикувајќи на итен прекин на огнот, сериозни преговори и постигнување праведен и траен мир. Кошта во обраќањето ја истакна и потребата од почитување на мирот и човековите права, обезбедување одржлив развој, социјалната заштита, пристојната работа и еднаквоста меѓу жените и мажите и борба против сиромаштијата, како гаранции за човековото достоинство, социјалната стабилност и траен мир меѓу народите. Тој се осврна и на современите технолошки текови, потенцирајќи дека дигиталните технологии треба да бидат во полза на граѓаните, а не на автократите или новите технолошки олигарси, како и на климатските промени, за кои рече дека не се „лажни вести“, туку научно докажан факт што влијаат на сегашноста и иднината, па затоа е потребно инвестирање во декарбонизацијата, заштитата на океаните и градење партнерства за заштита на климата. - Европската Унија ќе продолжи да соработува со сите партнери во духот на глобална солидарност и значајно партнерство, бидејќи мултиполарноста има потреба од ефикасен мултилатерален систем, рече Кошта. Тој се заложи и за реформи на Обединетите нации со цел, како што рече, тие да станат поинклузивни, порепрезентативни и поефикасни. - Во време кога мултилатерализмот е под закана, дозволете да дадеме едноставно ветување дека можете да сметате на Европската Унија. Сметајте на нас дека ќе се залагаме за мир, за мултилатеризам, за правда, за човеково достоинство, за одржливост. Дојде време јасно да се избере: Мир наместо војна, закон наместо сила, одговорност наместо неказнивост, солидарност наместо поделба, одржливост наместо криза, правда наместо нееднаквост, рече Кошта во обраќањето во кое покрај на англиски во одредени делови говореше и на француски и шпански јазик. Тагови: Антонио Кошта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28