Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството
1Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството
3Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
БалканКошта: Проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан е геополитичка инвестиција за мир, просперитет Проширувањето кон Западниот Балкан е јасен политички приоритет за Европската УнијаПроширувањето кон Западниот Балкан е јасен политички приоритет за Европската Унија и тоа е одраз на вистинската посветеност на ЕУ кон регионот и е најважната геополитичка инвестиција за мир, просперитет и стабилност на европскиот континент, порача денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта при дочекот на албанскиот премиер Еди Рама во Брисел, најавувајќи притоа дека следниот месец ќе ги посети сите шест западнобалкански земји. Рама денеска престојува во Брисел за учество на четвртата Меѓувладина пристапна конференција ЕУ-Албанија, на која ќе биде отворен кластерот „Внатрешен пазар“ од преговарачкиот процес на Тирана за членство во блокот, кој меѓу другите ги вклучува и поглавјата за слободно движење на стоки и на работна сила, за право на основање компании и за слободата на давање услуги. - Навистина е охрабрувачки да се види напредокот што го постигна Албанија на овој пат. Денеска отвораме нов кластер, а нашата амбиција е да отвориме повеќе преговори по кластери во текот на оваа година, бидејќи имаме многу конкретен распоред и сакаме да испорачаме, рече Кошта. Според него, тоа е многу значајно за Европската Унија и за Албанија, но исто така е и многу важен сигнал за целиот регион, бидејќи најдобриот начин да се обезбеди просперитет, мир и стабилност на Западниот Балкан е со негово пристапување во Европската Унија. - Затоа ќе го посетам регионот во средината на мај, да ги посетам сите шест земји од Западниот Балкан и да ја унапредиме нашата соработка и нашите заеднички напори за да имаме добар резултат во овој пристапен процес, рече претседателот на Европскиот совет. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Кошта додаде и дека средбата со Рама е и добра можност да се разговара за претстојниот самит на Европската политичка заедница што на 16 мај ќе се одржи во Тирана. - Европа е повеќе од Европската Унија и повеќе од кога било е многу важно да сме сите заедно, обединети, бидејќи обединети сме посилни, а на светот му треба посилна Европа, заклучи Кошта. Рама од своја страна истакна дека ја цени мудроста и вниманието што Кошта го посветува кон Западниот Балкан и кон Албанија. Тој додаде дека со Кошта покрај за четвртата Меѓувладина пристапна конференција, ќе разговараат за Самитот на Европската политичка заедница, кој како што рече е важен настан во сегашниот развој на настаните, како и за состојбите во регионот. - Генерално, многу сум многу охрабрен од ваквиот развој на настаните и ние сме целосно посветени да го исполниме планот за завршување на преговорите за членство до 2027 година, истакна Рама. Тагови: Европската Унија Антонио Кошта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Ирина Шајк скоро гола на забава Руската манекенка Ирина Шајк се појави на забавата по модна ревија скоро гола. Манекенката во блуза и проѕирни хеланки ја шокираше јавноста.Во интервју за „Вог“, руската убавица Ирина Шајк го опиша своето искуство на модната ревија како спој на сексапил, лудило и убавина. https://www.instagram.com/reel/DeqIp-PSXka/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading Сексапилната Ирина го покажа своето затегнато тело по ревијата на „ангелите“ на „Викторијас сикрет“, кога се појави во Лос Анџелес во провокативна комбинација што привлече внимание. 40-годишната Ирина одлучила да ја продолжи забавата по модната ревија, па за излегувањето избрала црн градник и проѕирни црвени хеланки, под кои ѝ се гледале гаќичките. Изгледот го заокружила со сребрено ланче со крст и високи потпетици, додека долгата, темна коса ја оставила слободно да паѓа. Насмеаната Ирина пристигна сама во еден клуб во Лос Анџелес, а подоцна беше видена како го напушта приватниот клуб и влегува во црно такси. Истиот ден, манекенката прошета на пистата на модната ревија на „Викторијас сикрет“ (Victoria's Secret), каде што претстави неколку впечатливи комбинации. Во една од нив, таа носеше бел корсет, црни чорапи и соодветни гаќички, додека во друга носеше розов чипкаст градник, преку кој имаше облечено краток топ во истата нијанса. Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФудбалска Англија „трепери“: Манчестер Сити ќе биде исфрлен во четвртата лига?Светскиот фудбалски гигант, повеќекратниот шампион на Англија Манчестер Сити би можел да се соочи со една од најтешките казни во историјата на англискиот фудбал.Светскиот фудбалски гигант, повеќекратниот шампион на Англија Манчестер Сити би можел да се соочи со една од најтешките казни во историјата на англискиот фудбал, а според информациите што ги пренесува „Дејли мејл“, последиците би можеле да бидат толку сериозни што клубот би можел да го загуби своето место во Премиер лигата уште оваа сезона. Оливер Холт, уредник на фудбалската рубрика во весникот, тврди дека на „Граѓаните“ им се заканува одземање на голем број бодови. Ваквото сценарио практично би значело испаѓање од елитниот ранг, а дополнителна казна би можела да ги очекува и во следната сезона. Според истите наводи, Сити нема автоматски да биде префрлен во Лига 2, односно во четвртото ниво на англискиот фудбал. Сепак, постои можност клубот да биде санкциониран во натпреварувањата што се под покровителство на Англиската фудбалска лига (EFL), иако таа организација не е обврзана да прифати таква одлука. Покрај одземањето бодови, се очекува и изрекување на значителна парична казна. Манчестер Сити инаку покрена постапка за жалба откако независна комисија утврди дека клубот прекршил 114 од вкупно 115 финансиски правила за кои беше обвинет. Конечната одлука за санкциите сè уште не е донесена, но, според информациите, Премиер лигата сака казната да биде позната пред да се донесе одлука по жалбата на клубот. Одлуката по жалбата се очекува во средината на јануари 2027 година, а целта е целиот случај да се затвори во текот на тековната сезона. Сепак, неизвесноста веќе предизвикува незадоволство кај другите клубови од Премиер лигата. Како што пренесуваат англиските медиуми, од одредени страни доаѓаат сè погласни приговори, бидејќи сè уште не е јасно какви последици ќе има постапката против „Сити“ врз исходот на првенството. – Никој не знае за што се игра оваа сезона и како ќе се одвиваат работите до мај – е пораката што може да се слушне меѓу незадоволните клубови. Доколку најавеното сценарио се оствари, последиците би можеле да бидат далекусежни – не само за Манчестер Сити, туку и за борбата за титулата, местата што водат во европските натпреварувања и опстанокот во Премиер лигата. Засега, сепак, сè останува на ниво на медиумски шпекулации, додека се чека официјалната одлука на надлежните органи.Тагови: Манчестер сити Премиер лигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравствотоИзјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook