Антонио Кошта: ЕУ мора итно да постигне нови трговски договори со други партнери - Канал 5

Антонио Кошта: ЕУ мора итно да постигне нови трговски договори со други партнери

Наметнатите царини од САД треба да ја поттикнат Европа итно да постигне трговски договори со други партнери низ светот, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Антонио Кошта: ЕУ мора итно да постигне нови трговски договори со други партнери

„Ќе работиме со сите наши партнери и ќе продолжиме да ја зајакнуваме и прошируваме нашата трговска мрежа. Сега е моментот да ги ратификуваме договорите со Меркосур, Мексико и да направиме значаен напредок во преговорите со Индија и други клучни партнери“, напиша Кошта на платформата Икс.

Оваа изјава доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа воведе „реципрочни царини“ за земји од целиот свет со цел да го поттикне домашното производство во САД, што, според експертите, носи ризик од зголемени цени и трговски војни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Само вистини со Видиновски“ со Мила Петрушевска, Стефанија Кузмановска, Тодор Конески и Андреј Куцуловски

„Само вистини со Видиновски“ со Мила Петрушевска, Стефанија Кузмановска, Тодор Конески и Андреј Куцуловски

Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ со Мила Петрушевска, Стефанија Кузмановска, Тодор Конески и Андреј Куцуловски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет работи кои најчесто ги изговараат луѓето со големо его

 – Еве како да реагирате според психолозите

Пет работи кои најчесто ги изговараат луѓето со големо его

Начинот на кој некој реагира на несогласување или непријатно прашање, многу говори за неговиот однос кон другите. Некои луѓе систематски избегнуваат да преземат одговорност преку менување на темата, префрлање на вината или предизвикување чувство на срам.

Сте се нашле ли некогаш во разговор со личност која одбива да признае грешка, некој кој, наместо да ве сослуша, ги минимизира вашите зборови или инсистира на тоа дека претерано реагирате? Овие обрасци на однесување не се поврзани со полот, ги користат сите оние на кои им е тешко да се справат со критика. Важно е да се направи разлика помеѓу повремена одбранбена реакција и повторлив образец поради кој се чувствувате неразбрани и несигурни во односот.

1. Менување на темата кога се соочуваат со вистината

Кога ќе му кажете на партнерот или пријателот дека ве повредил, наместо да се извини, тој возвраќа со напад: „Добро, сега за тоа ќе разговараме? Што е со она што ти го правиш... “? Или, пак, го свртува вниманието на сопствените проблеми: „Немаш поим под колкав стрес сум!“ Одеднаш, разговорот повеќе не се однесува на неговите постапки, туку на вас или на товарот што го носи.

Како да реагирате: Задржете го фокусот на конкретниот проблем: „Разбирам дека имаш свои грижи и можеме да разговараме за тоа, но сакам прво да завршиме со она што се случи пред малку.“ Ако другото лице одбие, одложете го разговорот додека ситуацијата не се смири.

2. Припишување на сопствените грешки и несигурности на другите

Проекцијата е чест одбранбен механизам: личноста најгласно го напаѓа она со кое и самата се бори. Некој што крие важни работи може да го обвини партнерот за неискреност, додека несигурна личност на другите може да им залепи етикета на себичност. Целта е обвинетата страна да се вовлече во бескраен циклус на правдање, наместо да се реши вистинскиот проблем.

Како да реагирате: Не паѓајте во замката на докажување на сопствената невиност. Држете се до фактите: наместо да расправате дали сте „секогаш себични“, фокусирајте се на конкретниот настан и на неговото влијание врз вас.

3. Омаловажување на вашите чувства преку споредби

Кога ќе ја споделите својата мака, наместо емпатија добивате „натпревар по страдање“ и коментар од типот: „На сите им се случува тоа, не си единствен/а“; „Мислиш дека само тебе ти е тешко? Погледни низ што минувам јас“; или „Другите имаат многу поголеми проблеми“.Овде пораката е јасна: вашите искуства не се важни. Со тек на времето, почнувате да се повлекувате, бидејќи однапред очекувате да бидат отфрлени или обезвреднети.

Како да реагирате: Јасно кажете што ви е потребно: „Знам дека и другите минуваат низ тешки моменти, но сега ми е потребно да ме ислушаш без да правиш споредби“.

4. Предизвикување сомнеж во сопствениот разум (gaslighting)

Еден од најопасните облици на манипулација се јавува кога соговорникот упорно ја негира реалноста: „Воопшто не беше така, си вообразуваш“! Или, Со тебе навистина нешто не е во ред штом те погодува таква ситница“. Притоа, ве етикетираат како пречувствителни или нестабилни, што на крајот ве наведува да се посомневате во сопственото сеќавање на случката и расудување.

Како да реагирате: Ако по некој разговор често се чувствувате збунети и несигурни во сопственото доживување на настаните, запишете ги клучните факти веднаш штом ќе се случи настанот и побарајте објективно мислење од некој во кого имате доверба.

5. Префрлање на вината за сопственото однесување

Некои луѓе ќе признаат дека постои проблем, но одговорноста за него ќе ви ја префрлат вам: „Да не ме провоцираше постојано, немаше да викам“. Ова ве принудува да бидете исклучително претпазливи и да внимавате на нивното расположение. Иако во односот навистина влијаеме еден врз друг, секој е исклучиво одговорен за начинот на кој реагира и како го изразува својот гнев.

Како да реагирате: Направете јасна разлика помеѓу давањето поддршка и преземањето туѓа одговорност: „Подготвен/а сум да разговараме за нашето несогласување, но не прифаќам одговорност за начинот на кој ти одлучи да пламнеш“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сè почести се нарушувањата во исхраната кај децата, еве кои знаци упатуваат на тоа

Нарушувањата во исхраната ги погодуваат децата без оглед на возраста, полот или физичката градба.

Сè почести се нарушувањата во исхраната кај децата, еве кои знаци упатуваат на тоа

Сè повеќе деца и тинејџери се соочуваат со нарушувања во исхраната, па информациите за потенцијалните предизвикувачи, статистиката и знаците на предупредување се од клучно значење за семејствата навреме да побараат помош, пишува Parenting Patch.

Нарушувањата во исхраната ги погодуваат децата без оглед на возраста, полот или физичката градба, а научниците како клучни предизвикувачи ги идентификуваат социјалните мрежи, нереалните стандарди за убавина, врсничкото насилство, анксиозноста и депресијата. И пандемијата Ковид-19 одигра улога, бидејќи изолацијата и нарушените рутини доведоа до зголемен стрес кај младите.

Истражувањата потврдуваат дека сè поголем број млади луѓе бараат лекарска помош за нарушувања во исхраната. Според статистиките, бројот на посети на лекар поради овие проблеми кај децата на возраст под 17 години се удвоил помеѓу 2018 и 2022 година. Бројките исто така покажуваат дека е погрешно да се верува оти нарушувањата во исхраната ги погодуваат само тинејџерките. Момчињата и помалите деца исто така се соочуваат со овие проблеми, а симптомите не мора секогаш да вклучуваат видлива промена во телесната тежина.

Предупредувачки знаци за родителите

Родителите треба да ги следат промените во навиките на исхрана кај своето дете. Тие може да вклучуваат прескокнување оброци, исфрлање цели групи намирници, броење калории, јадење во самотија или наоѓање изговори за да се избегнат заедничките оброци.

Други знаци може да вклучуваат прекумерно вежбање, често мерење, носење широка облека за да се скрие телото и интензивна преокупација со физичкиот изглед.

Промените во однесувањето се исто така важен показател. Детето може да стане раздразливо, вознемирено или повлечено, да изгуби интерес за активностите во кои претходно уживало, или да биде загрижено во однос на храната и физичкиот изглед.

Доколку родителите забележат вакви модели на однесување, не треба да чекаат драстично губење на тежината пред да побараат помош.

Се препорачува навремена проценка од педијатар кој може да го упати детето на соодветна медицинска, нутриционистичка и психолошка грижа. Лекарите нагласуваат дека нарушувањата во исхраната се сериозни, но сепак излечиви состојби и дека раната професионална интервенција може значително да придонесе во закрепнувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер