1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
СветКошта: Конкурентноста, Украина и европската одбрана главни теми на мартовскиот Самит на ЕУ Нашата континуирана поддршка за Украина, потребата да се инвестира во нашата одбрана и нашата конкурентност се тесно поврзани. Централната тема на агендата на мартовскиот Европски совет ќе биде конкурентноста, но ќе продолжиме и со адресирање на неодамнешните случувања во врска со Украина и следните чекори за одбраната по презентацијата на „Белата книга“ за иднината на европската одбрана, наведува претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во поканата упатена денеска до шефовите на држави или влади на членките на Унијата за учество на Самитот на ЕУ закажан за 20 и 21 март во Брисел. - Нашата континуирана поддршка за Украина, потребата да се инвестира во нашата одбрана и нашата конкурентност се тесно поврзани. Поконкурентна Унија ќе значи посилна Унија, која ќе биде поспособна да ги заштити своите граѓани, своите интереси и своите вредности на глобалната сцена, посочува Кошта во поканата. Во однос на конкурентноста, тој како приоритетни области за нејзино зајакнување ги наведува решителното напредување во поедноставување на процедурите, обезбедувањето енергетска сигурност и создавањето на Унија за штедење и инвестиции. Покрај овие теми, предвидено е лидерите да расправаат и за подготовката на новата Повеќегодишна финансиска рамка ЕУ за периодот по 2027 година, за миграцијата, пред се за предлозите за поедноставување на постапките за депортација на мигрантите, како и за најновите случувања на Блискиот Исток. Кошта во поканата најавува дека лидерите в четврток ќе имаат и работен ручек со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, со кога ќе разговараат за мултилатерализмот и други глобални прашања, особено за подготовките на Третата конференција на ОН за океаните и Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот. - Ќе настојувам да ја завршиме нашата средба во еден ден, но со оглед на неизвесноста околу можните меѓународни случувања, не можам да ја исклучам можноста дека можеби ќе треба да продолжиме и в петок наутро, додава Кошта во поканата до лидерите на земјите членки на ЕУ за учество на мартовскиот редовен Европски совет следната недела. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СветИзбори во Бразил: Болсонаро испрати остра порака од гласачкото место Бразилскиот претседателски кандидат Флавио Болсонаро, откако гласаше во вториот круг од претседателските избори на гласачко место во Рио де Жанеиро, изјави дека „дојде време за промени“.„Дојде време за вистински промени. Бразил не може да издржи уште четири години на својот сегашен пат“, рече Болсонаро, објави „Глобо“. Синот на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро беше придружуван од неговата сопруга Фернанда Антунес Болсонаро. Болсонаро и сегашниот бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва, левичар, се натпреваруваат во вториот круг. Тие имаат спротивставени идеолошки ставови за односите меѓу САД и Бразил, климатските промени, социјалната заштита и други прашања. Победата на Болсонаро би означила поместување кон десно за најнаселената земја во Латинска Америка и нејзината најголема економија. Избирачките места се отворија во 8 часот наутро и ќе се затворат во 17 часот по бразилско време. Во првиот круг, Болсонаро освои 2,2 милиони гласови повеќе од Лула. Во Бразил, гласањето е целосно електронско, што значи дека гласовите се бројат побрзо отколку во другите земји.Тагови: Болсонаро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаДесетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот Ужасен случај на сексуална злоупотреба на деца ја потресе Аргентина откако лекарите утврдија дека 10-годишно девојче е бремено шест месеци. Полицијата го уапси нејзиниот очув (33), кој е осомничен дека сексуално ја злоупотребил. Девојчето и нејзината мајка дошле во болницата во Колонија Дора, во аргентинската покраина Сантијаго дел Естеро, жалејќи се на болки во стомакот. За време на прегледот, лекарите откриле дека детето е во напредна фаза од бременоста. Според австрискиот Krone, девојчето рекло дека нејзиниот очув ја злоупотребувал додека нејзината мајка била отсутна. Медицинскиот персонал ги известил властите, по што е започната истрага. Според аргентинските медиуми, полицијата уапсила 33-годишен маж во вторник во рурална област на департманот Авеланеда. За време на операцијата, му бил запленет мобилен телефон, кој ќе биде предмет на вештачење. Истрагата ја води обвинителот Гилермо Фаријас, а властите се обидуваат да ги утврдат сите околности на злоупотребата и евентуалната кривична одговорност на осомничениот. Според медиумските извештаи, мајката на девојчето има 25 години и е исто така бремена со уапсениот маж. Двајцата се запознале преку интернет и почнале да живеат заедно пред околу една година. Семејството има и уште три малолетни деца. Аргентинските медиуми известуваат дека истражителите продолжуваат да собираат докази, додека конечната одговорност на осомничениот ќе биде утврдена на суд.Тагови: бремена девојче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканТежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)Денеска се случи сериозен инцидент пред Земјоделското училиште во Панчево, каде што се наоѓа гласачкото место, кога група маскирани мажи се судрија со неколку млади мажи. За време на тепачката, беа употребени и пиротехнички средства, а најмалку едно лице е повредено, објави Телеграф. Како што објави на социјалните мрежи локалниот портал „Панчево си ти“, група маскирани мажи нападнаа неколку луѓе на улицата пред училиштето, додека снимки од насилството набрзо се појавија на социјалните мрежи. Снимките покажуваат физичка конфронтација, при што некои учесници користеа пиротехнички средства. Еден млад човек беше удрен во лицето, по што беше снимен со видливи повреди и крв на лицето. Според извештаите на локалните медиуми, за време на инцидентот беа употребени и стапови, а некои од учесниците носеа маски и качулки. Набрзо на местото на настанот пристигнаа полицајци, кои интервенираа по конфронтацијата. И покрај инцидентот пред Земјоделското училиште, гласањето на гласачкото место продолжи непречено, објавува „Блиц“. Во моментов нема официјални информации за бројот на евентуално приведени лица, ниту пак се познати сите околности што доведоа до конфликтот. Снимките од инцидентот се споделуваат на социјалните мрежи. Погледнете ги снимките од инцидентот: Pančevo danas: Jeziva tuča bakljama kod izbornog mesta https://t.co/ZivLShktZo — FantomBeograda (@FantomBeograda) October 25, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter