СветКошта и Фон дер Лајен во Индија, ЕУ и Индија пред постигнување договор за слободна трговијаКошта и Фон дер Лајен се почесни гости на овогодишните прослави на Денот на Републиката во Њу Делхи.Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пристигнаа во Индија, додека Европската унија (ЕУ) и Њу Делхи настојуваат да го финализираат договорот за слободна трговија, со кој би се ставил крај на речиси две децении преговори меѓу двете големи економии. Кошта и Фон дер Лајен се почесни гости на овогодишните прослави на Денот на Републиката во Њу Делхи утре, во пресрет на самитот ЕУ-Индија задутре, каде се очекува да се постигне договор, пренесува бриселски Еуроактив. Самитот, според објава на Европскиот совет на мрежата Икс, ќе биде можност да се надгради стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Индија и дополнително да се зајакне соработката во клучните политички области. Тагови: Антонио Кошта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАвионска несреќа близу Сиетл, по падот авионот се запалилЛекарите се борат за животот на лице кое се здоби со тешки повреди при падот на авион на компанијата „Кенмор ер“ (Kenmore Air) во близина на Сиетл.Според властите, сите 11 патници биле спасени од авионот, а четири лица биле повредени. Авионот, кој бил на пат кон пристаништето Роч на островите Сан Хуан, се урна во морето во четврток вечерта во близина на островот Сиуша, по што авионот се запалил. Kenmoore Air Crash at Sucia Island. If you had someone you knew on this plane, they all made it off the plane before it blew up. All sustained injuries, I’ll update as I know more.@KenmoreAir pic.twitter.com/6yvbVGwW7R — JMS (@JMSonaXX) July 24, 2026 Според „Кенмор ер“ (Kenmore Air) и Крајбрежната стража, авионот полетал од Сиетл околу 17:15 часот и принудно слетал во заливот Шелоу Беј, по што се запалил. На снимките и фотографиите од местото на несреќата се гледаат делови од авионот расфрлани по карпите и во водата, додека од остатоците се издига голем столб од црн чад. Четири лица се повредени, од кои едно е во критична состојба. Две лица се пренесени во медицински установи во Белингем, додека две се пренесени на островот Оркас на медицинска проценка. Канцеларијата на шерифот на округот Сан Хуан соопшти дека повредите вклучуваат „повреди на главата, скршеници и расекотини“. Островот Сиуша е мал остров северно од островот Оркас и се наоѓа на околу 6,5 километри јужно од поморската граница меѓу САД и Канада. Иако превезуваат релативно мал број патници, хидроавионите се суштински дел од летните небеса над Сиетл; стотици од нив секојдневно полетуваат и слетуваат на езерата Јунион и Вашингтон, упатувајќи се кон островите во Салишкото Море или изведувајќи панорамски летови. A Kenmore Air de Havilland DHC-3 Otter aircraft with 11 occupants was involved in an accident near Sucia Island, north of Seattle. The successful evacuation of carrying 10 passengers and 1 pilot, highlights the effectiveness of the pilot's emergency response and the safety… pic.twitter.com/6r0NDZmaST — FL360aero (@fl360aero) July 24, 2026 Во моментот на несреќата, низ областа минувале невремиња со грмотевици, при што ударите на ветерот достигнувале брзина од 12 до 20 милји на час, а видливоста изнесувала околу 10 милји, изјави Харисон Радемахер, метеоролог од Националната метеоролошка служба.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
КултураИмпресивен концерт на Камерниот оркестар на НОБ и маестра ЧадловскаЗа мене „Охридско лето“ е секогаш посебна свеченост. Овој фестивал го доживувам како свој, како да сум дома и секогаш ми е огромна чест кога доаѓам тука.По неколкуте успешни гостувања на одлични солисти и ансамбли со различна жанровска програма за кои публиката покажа голем интерес, синоќа репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ повторно беше исполнет со импресивен настап на Камерниот оркестар на Националната Опера и Балет под диригентската палка на Бисера Чадловска и сопранот Наде Талевска која беше солист на вечерта. Професионализмот и големиот креативен потенцијал на уметниците ги одразуваше не само нивните индивидуални квалитети, туку и префинетоста во заедничкото музицирање што беше видливо уште при првата композиција од репертоарот, меланхоличната мелодија „Хризантеми“ од Џакомо Пучини. Диригентката Бисера Чадловска, како и секогаш, и овојпат покажа голема уметничка зрелост, креативност и енергичност. -За мене „Охридско лето“ е секогаш посебна свеченост. Овој фестивал го доживувам како свој, како да сум дома и секогаш ми е огромна чест кога доаѓам тука. Изведовме неколку композитори, Џакомо Пучини, Бенџамин Бритн, Џовани Батиста Перголези, но и македонски автори како Ристо Аврамовски, Драган Шуплевски и Дамир Имери. Програмата беше специјално креирана за фестивалот „Охридско лето“, рече маестра Чадловска, која од 2022 до 2024 година беше и музички селектор на „Охридско лето“, а во 2021 година ја диригираше програмата на свеченото отворање на 61. издание на фестивалот. Маестра Чадловска редовно диригира со Симфонискиот и Оперскиот оркестар во Националната опера и балет, но, како што кажа, првпат со Камерниот оркестар на најголемата национална установа од областа на културата во земјава. Камерниот оркестар на Националната опера и балет е формиран во 2010 година и е составен од истакнати музичари и солисти на Оркестарот на НОБ. Во своето постоење настапувал на бројни сцени надвор од Македонија, а во својот репертоар секогаш отстапува голем простор за македонските композитори.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран ги нападна Бахреин и Кувајт Бахреин и Кувајт утринава соопштија дека биле цел на ирански напади со ракети и беспилотни летала.Сирените за воздушна опасност беа активирани во Бахреин само неколку часа откако американската војска соопшти дека ја завршила тринаесеттата ноќ на напади врз Иран, објави Ал Џезира. Кувајтската војска соопшти дека во текот на ноќта ја активирала противвоздушната одбрана за да се спротивстави на иранските напади со ракети и беспилотни летала. Кувајт е една од неколкуте земји од Заливот кои се цел на ирански напади откако пред две недели повторно избија судири меѓу САД и Иран.Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00