3Им делеле слатки на децата на Ноќта на вештерките- во нив ставале игли и магнети, реагира германската полиција
Шоу бизКошмар во Плејбој вилата: Поранешната зајачица ги откри мрачните тајни на Хефнер Зајачицата Холи Медисон, која на остатокот на светот му се престави како девојка на Хју Хефнер, во биографската книга „Down The Rabbit Hole”, откри дека иако животот со Хју е преполн со луксуз, егзотични патувања и луди забави, сепак тоа повеќе наликувало на кошмар отколку на остварување на нејзините желбите. Исто како и нејзината колешка Кендра Вилкинсон и Холи Медисон се одлучи да ја раскаже другата страна од животот во Плејбој вилата. Холи во книгата „Down The Rabbit Hole” ја опиша првата средба со славниот Хефнер. Холи го запозна Хефнер 2001. година во еден ноќен клуб во Лос Анџелес каде работела како келнерка. Тогаш имала 21 година. „Ме праша дали сакам дрога, за потоа да ја отвори својата рака во која имаше еден куп пилули“ се присетува Холи и додава дека откако одбила, Хефнер изјавил: „Главно сум против дрогата, но овие пилули во 70-тите ги викавме “отворачи на бутови“ – изјавил Хју тогаш. Меѓутоа и покрај нетипичното запознавање, Холи Медисон набрзо станала една од постојаните девојки на Хефнер. Таа во книгата открива дека и покрај распространетото мислење за гламурозниот живот во Плејбој вилата, реалноста е сепак поинаква. Живот преполн со љубомора, контрола и манипулација, се дел од секојдневните проблеми за девојките кои живеат во вилата. „Пред да се преселам во вилата, бев личност која имаше голема самодоверба, а после преселувањето мојата самодоверба исчезна“ – напиша Холи. Набргу станала жртва на љубоморните зајачици кои и “забивале нож“ на секој чекор. Меѓутоа, сепак Хефнер бил тој кој најмногу влијаел нејзината самодоверба целосно да исчезне. Но и покрај тоа Холи заедно со Кендра и Бриџит станала еден од постојаните девојки на Хју Хефнер. Сепак, Хефнер ја обвинил дека го изневерила со магионичарот Крис Ејнџел, по што Холи одлучила да си оди и никогаш да не се врати. Денес е омажена и има едно дете. Нејзината книга „Down The Rabbit Hole” ќе биде во продажба од 23. јуни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаПетровска: Ако службите се неспособни, оставки треба да поднесат министерот и директоритеПратеничката Славјанка Петровска упати критики до Владата поради предлогот за укинување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.Пратеничката Славјанка Петровска упати критики до Владата поради предлогот за укинување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, оценувајќи дека со образложението за ваквиот потег се доведува во прашање способноста на безбедносните институции. Таа порача дека, доколку власта остане доследна на наведените оценки, треба да следат оставки од министерот за внатрешни работи и од директорите на разузнавачките агенции. На расправата во собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Петровска го оспори пристапот со кој утврдените недоследности се решаваат со укинување на законот, наместо со нивно отстранување. „Не постои во нашата поблиска и подалечна историја која било влада што ќе даде карактеристика за безбедносно-разузнавачките служби дека се неспособни. Ако сакате да бидете доследни на она што сте го напишале, очекувам откако ќе се усвои законот да следат и оставки на оние што се одговорни во МВР, директорите на АНБ и Агенцијата за разузнавање и надлежните институции“, рече Петровска. Таа посочи дека надлежните имале една година да ги коригираат констатираните недоследности, но наместо тоа сега предлагаат престанување на важењето на законот. Според Петровска, укинувањето на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница претставува сериозен безбедносен проблем, особено во услови кога соработката меѓу институциите е клучна за одговор на глобалните предизвици. „Дали ова значи дека безбедносните институции немаат капацитет да одговорат на глобалните предизвици?“, праша таа. Дополнителна загриженост, според неа, предизвикува тоа што укинувањето на законот се предлага во период кога Владата најавува обединување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање. Петровска оцени дека евентуалното спојување на службите не треба да започне со отстранување на постојните механизми за координација, без претходно да се понуди јасна слика за идната институционална поставеност и начинот на кој ќе се обезбеди нивната соработка, се наведува во соопштението на Петровска. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Разговорите со граѓаните продолжуваат и оваа вечерВо рамки на посетите на урбаните и месните заедници, вечерва остваривме средби со жителите на локациите Киро Крстев, Браќа Џунови, Страшо Пинџур 1 и Страшо Пинџур 2.Преку непосредна комуникација, размена на мислења и конкретни предлози, ги слушаме потребите на граѓаните и ги утврдуваме приоритетите за Програмата за работа за 2027 година. Продолжуваме да бидеме на терен, таму каде што се создаваат најдобрите решенија – во директен разговор со граѓаните, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
АвтомобилизамНајексклузивно повлекување во историјата- се повлекуваат автомобили што чинат 3 милиони евра Автомобил од три милиони евра би требало да биде прилично блиску до совршенство, но Koenigsegg CC850 има проблем што сериозно би можел да им го расипе денот на сопствениците. Шведскиот производител на хиперавтомобили започна со повлекување на сите седум единици испорачани во Соединетите Држави откако откри дефект што би можел да предизвика автомобилот неочекувано да се врати назад. Сè започна на 12 октомври, кога сопственикот излезе од автомобилот додека моторот сè уште работеше, а менувачот беше во рикверц. Потоа CC850 почна сам да се движи, што го натера Koenigsegg да започне внатрешна истрага. Инженерите утврдија дека електричната рачна сопирачка не функционира правилно кога моторот сè уште работи, а менувачот е во рикверц. Во таква ситуација, сопирачката останува активна само додека возачот го држи притиснато соодветниот прекинувач. Штом го отпушти, автомобилот може да тргне освен ако не е поинаку обезбедено. Според документите од американската NHTSA, повлекувањето опфаќа седум модели на CC850 произведени помеѓу септември 2025 и август 2026 година. За среќа на нивните сопственици, поправката нема да бара замена на скапи механички компоненти. Проблемот ќе биде решен со бесплатна надградба на софтверот, која ќе може да се инсталира од далечина, преку интернет. Алтернативно, сопствениците можат да контактираат овластен сервисен центар. CC850 е еден од најнеобичните хиперавтомобили денес. Неговиот деветстепен менувач Lightspeed овозможува возење со класична педала на куплунгот и рачка на менувачот, но и целосно автоматско менување на брзините. Иронично, автомобил кој комбинира толку сложена технологија, врвни перформанси и цена од околу 3,1 милиони евра мора да се сервисира за нешто што на крајот ќе се реши со едноставно ажурирање на софтверот.Тагови: автомобили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00