Кошаркарското „Ел класико“ во Евролигата за Барселона - Канал 5

Кошаркарското „Ел класико“ во Евролигата за Барселона

Дуелот на двете шпански екипи во кошаркарската Евролига синоќа го доби Барселона која со 85:80 славеше над Реал Мадрид.

Кошаркарското „Ел класико“ во Евролигата за Барселона
Важна победа во ова 13.коло од ТОП 16 фазата постигна и АЛБА на гостувањето во Атина против Панаатинаикос, па така последното коло ќе решава за кои екипи покрај Реал Мадрид и Барселона од Е групата ќе се пласираат во четвртфиналето.

Резултати Е група: Макаби – Галатасарај 81:72, Панатинаикос – АЛБА 66:68, Барселона – Реал Мадрид 85:80, Жалгирис – Црвена Звезда играат вечерва.
Табела Е група: Реал Мадрид 10-3 (победи-порази), Барселона 10-3, Макаби 8-5, Панатинаикос 7-6, АЛБА 7-6, Жалгирис 4-8, Црвена Звезда 3-9, Галатасарај 2-11.
Резултати Ф група: Нижни Новгород 75:94, Лаборал – Фенербахче 93:76, ЦСКА Москва – Олимпијакос и Ефес Пилсен – Емпиро Армани играат вечерва.
Табела Ф група: Фенербахче 10-3, ЦСКА 10-2, Олимпијакос 9-3, Лаборал 6-7, Анадолу Ефес 5-7, Емпорио Армани 4-8, Нижни Новгород 3-10, Уникаха 3-10.

Пласман во четвртфиналето имаат обезбедено: Реал Мадрид, Барселона, Фенербахче, ЦСКА и Олимпијакос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија влегува во период на екстремно високи температури – расте опасноста од нови пожари

Аларм! Тревога! ве молам бидете внимателни - доволна е само една искра за катастрофален пожар и страшна трагедија!

Македонија влегува во период на екстремно високи температури – расте опасноста од нови пожари

Македонија ја зафаќа силен топлотен бран што создава висок ризик за брзо настанување, ширење и тешко гаснење на пожарите на отворен простор, алармира првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Освен инструкции за превенција од потпалување, тој упати и апел до граѓаните да го пријават секое сомнително однесување на лица кои на отворен или шумски простор се забележани со лесно запаливи материјали и течности.

-Половина Европа гори, затоа ве молам не фрлајте отпушок од цигара на отворен простор, особено не од возило во движење. Не палете скара или оган на отворен простор или во шума, исчистете ја тревата од дворовите на вашите викендици и куќи. Пријавете доколку забележите лабави електрични жици помеѓу две бандери во ЕВН или на 112. Земјоделци, ве молам не палете ги вашите стрништа. Сточари, ве молам не палете ги вашите пасишта,- -Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување.

Ангелов уверува дека во оваа сезона на пожари, ДЗС настапува со засилен технички и човечки капацитет – има поголем број на противпожарни возила, меѓу кои 20 пинцгауери, 15 БТРи И 5 хермелини а низ државава работат 900 професионални пожарникари како и 200 доброволци, изјави Ангелов.

-За прв пат после долги години, имавме три функционални ер трактори со три пилоти, кои навистина одлично ја вршат својата работа. Имаме три функционални хеликоптери, еден пола-хеликоптер кој ќе го користиме за извидување како и два хеликоптери кои ќе ги користиме за транспорт на луѓе. На располагање имаме и еден армиски хеликоптер со ведро со носивост од три тона,- -Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување.

Ангелов додаде дека во случај на големи пожари низ територијата на државава, на располагање се и припадниците на армијата и полицијата, меѓутоа, како што вели човечкиот фактор останува најчеста причина за пожарите, за кое е предвидено и кривично дело, со парична или затворска казна од 1 до 10 години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По повеќе од две децении – Клиничката болница Битола добива нова современа опрема

Клиничката болница Битола влегува во силен инвестициски и модернизациски циклус. 

По повеќе од две децении – Клиничката болница Битола добива нова современа опрема

Во периодот од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема во вредност од над 30,4 милиони денари, со која се заменуваат апарати стари повеќе од 20 години, за кои веќе не постоеше можност за сервисирање и техничка поддршка.

Особено значајна е замената на дигесторот на Одделението за патологија – апарат набавен пред околу 55 години, уште од формирањето на болницата.

Во рамки на модернизацијата се набавени електричен борер за ортопедија, апарат за операции на катаракта со фако-метода и ехо-апарат за Очното одделение. За потребите на урологијата се обезбедени сет за монополарна ресекција, додека за Интерното одделение се набавени нов колоноскоп и гастроскоп.

Болницата доби и апарат за оптичка кохерентна томографија, нов DEXA-апарат за физикална медицина и рехабилитација, како и робот и современо софтверско решение поврзани со ПАКС-системот. Со овие набавки значително се унапредуваат дијагностичките и оперативните капацитети во повеќе болнички одделенија.

Истовремено, започната е постапка за набавка на опрема за ехо-водена биопсија на простата. Со тоа, оваа современа дијагностичка метода за првпат ќе биде воведена во Клиничката болница Битола, овозможувајќи им на пациентите од Битола и целиот регион побрза, попрецизна и подостапна дијагностика во матичната болница.

Покрај вложувањата во опрема, од јули 2024 година досега во болницата се реализирани и 61 вработување на неопределено време, со што паралелно се зајакнува и стручниот медицински кадар.

По години работа со застарена опрема, Клиничката болница Битола добива апарати соодветни на современата медицина. Ова не е само замена на опрема – ова е конкретна инвестиција во посигурна дијагностика, поквалитетно лекување и подобра здравствена заштита за граѓаните на Битола и целиот регион, соопштуваат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р Даниловски: Тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаи

Потврдени се вкупно 13 случаи на западнонилска треска во земјава, од кои 10 пациенти се хоспитализирани, а тројца се наоѓаат во критична здравствена состојба, информираат денеска од министерството за здравство.

Д-р Даниловски: Тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаи

„Заклучно со 30 јули се потврдени вкупно 13 случаи со западнонилска треска. на универзитетската клиника за инфективни болести се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба“.

За западно нилската треска во вестите Саља Трајковска Ставров разговараше со епидемиологот Драган Даниловски.

Во видеото погледнете го целиот разговор со доктор Даниловски кој зборува и околу можните ризици за пренесување на болеста

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер