КошаркаКошаркарите го одработија првиот тренинг пред квалификациските дуели против Словачка и НорвешкаНа првиот тренинг се појавија 17 кошаркари од поширокиот список на селекторот Алекандар Јончевски: Најдобрата машка кошаркарска репрезентација на Македонија денеска во својата база во салата на СРЦ „Кале“ ги стартуваше мини-подготовките за она што следува во оваа седмица, и тоа како важна, во која се закажани последните два натпревари од вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2025 година. На 23 февруари, во Левица, гостуваме на селекцијата на Словачка, и три дена подоцна, во Осло, уште еден гостински натпревар, против репрезнтацијата на Норвешка. Со оглед на краткиот временски период по завршувањето на Куп-неделата во најголемиот дел од европските земји, вклучително и кај нас, нашиот најдобар тим ќе одработи само два тренинзи во својата „база“ во Скопје. На првиот се појавија 17 кошаркари од поширокиот список на селекторот Алекандар Јончевски: Кристијан Николов (Коњаспор), Андреј Магдевски (Донар), Војдан Стојановски, Дамјан Робев, Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (Темишвар), Филип Бакоч, Андреј Шошкиќ (Работнички), Ти-Џеј Шортс (Телеком Баскет Бон), Теодор Симиќ (Игокеа), Амар Хот (Феникс 2010), Стојан Ѓуроски (Оуренсе), Ваљмир Какруки, Лејсон Зеќири (Сигал Приштина), Андреј Маслинко (Пелистер), Максим Митевски (Гостивар), Страхил Николов (ТФТ Mozzart). Сениорите ќе работат и вечерва, од 18.часот, а наредниот ден, во вторник, од 10 часот (собирот е пред СЦ „Борис Трајковски“) е тргнувањето за Словачка. По четири одиграни кола, Македонија е лидер во групата „Д“, со максимален ефект, односно четири победи. За пласман во главните евро-квалификации, ни е потребна барем уште една победа во наредните две средби. Или евентуален пораз на некој од конкурентите, селекциите против кои и ги играме во февруарскиот „прозорец“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook