Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
Други спортовиКошарка, ракомет и тенис во исто време во СЦ „Борис Трајковски“ Спортскиот центар Борис Трајковски од денеска на граѓаните кои сакаат да спортуваат им овозможува проширена понуда, бидејќи големата арена наместо да има едно централно игралиште, ја замени со три комплетно монтажно-демонтажни терени, поставени по хоризонтала, во рамките на истата голема арена, а истите тие се наменети за тренинг и рекреација на сите.- Ние постојано се трудиме да воведуваме новитети со кои ќе бидеме поблиску до граѓаните и ќе им служиме на нив, но и ќе ги задоволуваме нивните потреби. Во овие ладни месеци наместо тие да тренираат и да се рекреираат надвор, ние им нудиме неверојатна шанса да бидат на истиот терен како и Кире Лазаров, Наумче Мојсоски, браќата Стојановски, Перо Антиќ и останатите спортисти кои играле во дресот на Македонија пред преполните трибини во СЦ. Борис Трајковски, изјави Златко Перински директор на СЦ „Борис Трајковски“. Трите терени ќе овозможат тренирање на три спортови истовремено, а тоа ќе придонесе до драстично намалување на цените на закуп (преку 50%). Во големата арена во исто време ќе може да се тренира тенис, кошарка и ракомет и при тоа се да биде монтажно-демонтажно со можност за собирање и повторно поставување на игралиштата согласно потребите на закупецот. - За прв пат во Република Македонија ќе имаме затворен тениски терен (комплетно монтажно демонтажен) кој е со сертифицирана акрилна подлога од страна на светската тениска федерација и ги исполнува сите стандарди за одржување на интернационални натпревари, a истиот е со димензии 36 метри на 18 метри. Паралелно со тениското игралиште имаме и терен за кошарка, кој е во оригинални димензии (28м*15м) и за прв пат во нашата понуда граѓаните, за рекреативни потреби, имаат можност да изнајмат еден кош или половина терен од кошаркарското игралиште за баскет, појасни Перински. Паралелно со кошаркарскиот терен поставено е игралиштето за ракомет, со специјализирана подлога за ракомет наречена ГЕРФЛОР. Игралиштата се поделени со заштитна мрежа. Директорот на центарот очекува новите понуди и намалените цени да го зголемат интересот за спортување. - На овој начин се надеваме дека уште повеќе ќе го зголемиме интересот и на рекреативците и на клубовите, но и на бизнис компаниите кои се грижат за водењето на здрав живот на своите вработени, бидејќи со оваа наша понуда спортскиот центар ќе биде уште по достапен за сите љубители на спортот, истакна Перински На денешната презентација на целосно новата монтажно-демонтажна поставка на новите три игралишта беше присутен и Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНесреќа во БиХ, автобус со фудбалери излета од патот, натпреварот веднаш бил откажан!Натпревар од деветтото коло на Втората лига на Федерацијата Босна и Херцеговина – Центар, меѓу Горажде и Фамос од Храсница, кој требало да се одигра денес, е одложен по сообраќајна несреќа што ја доживеле гостите на пат кон стадионот! Во еден момент, автобусот со фудбалерите и стручниот штаб на Фамос излетал од патот, а инцидентот предизвикал голема загриженост. За среќа, од Храсница пристигнале охрабрувачки вести – ниту еден фудбалер не е повреден, додека возачот се здобил само со полесни повреди. Иако сите фудбалери поминаа без повреди, стресот и шокот по несреќата оставија последици. Во такви околности, тимот не беше во состојба да настапи на натпреварот, па членовите на клубот се упатија назад кон дома по инцидентот. По повод овој настан се огласи и ФК Горажде, од каде официјално потврдија дека натпреварот нема да се одигра во предвидениот термин. - Ја известуваме јавноста, навивачите и спортската јавност дека натпреварот меѓу Горажде и Фамос е одложен. До одложувањето дојде поради сообраќајна несреќа во која учествуваше екипата на Фамос на пат кон Горажде. Поради сите околности и состојбата во која се наоѓа тимот, натпреварот нема да се одигра во предвидениот термин. Новиот термин за натпреварот ќе биде дополнително одреден и објавен штом ќе се исполнат сите услови – соопштија од Горажде, упатувајќи благодарност за разбирањето. Најважно е што играчите на Фамос поминале без повреди, а новиот термин за натпреварот ќе биде дополнително објавен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ФудбалВидео: Меси и Суарез како во своите најдобри деновиСуарез го отвори резултатот во третата минута, а потоа, во 39-тата, го зголеми водството на домашниот тим. Двата гола на Уругваецот беа постигнати по додавања на Херман Бертераме, па Интер замина на полувреме со сигурна предност од 2:0. Во продолжението, главната улога ја презеде волшебникот Лео Меси. Аргентинецот погоди во 47-мата минута по асистенција на Суарез, а во 60-тата минута, по додавање на Родриго де Пол, беше поставен конечниот резултат. 🚨EL GOLAZO 934 DE LIONEL, ENCARO ENCARÓ y luego se puso nervioso al definir😅….GOLAZOOOO https://t.co/tp6JsbEeWy — KING MESSI 10 (@messi10_rey) October 11, 2026 Светските фудбалски ведети на овој меч потсетија на времето од Барселона кога беа неверојатен тандем и вистински машини за постигнување на голови. Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРубио за нападот на Ријад: „Ова мора веднаш да престане“Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Соединетите Држави остро ги осудуваат најновите напади врз Кралството Саудиска Арабија.Во соопштението на американскиот државен секретар на мрежата „Икс“ (X) беше потврдено дека еден американски државјанин загинал во новите напади, пренесува Ројтерс. „Овие срамни напади покажуваат грубо непочитување на животите на невини цивили. Тие мора веднаш да престанат“, напиша Рубио во објавата. Најмалку 12 лица загинаа, а 309 беа повредени во вчерашниот напад врз меѓународниот аеродром „Кинг Калид“ во саудискиот главен град Ријад – напад за кој саудиските власти ги обвинуваат јеменските бунтовници Хути – соопштија саудиски претставници. Според официјални лица, ова е најсмртоносниот напад во некоја од арапските земји од Персискиот Залив од почетокот на американско-израелската војна против Иран во февруари.Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter