Британците го истражуваат инцидентот во воената база: Двајца обвинети, се сомнева на вмешаност на Иран
1Британците го истражуваат инцидентот во воената база: Двајца обвинети, се сомнева на вмешаност на Иран
СветКос: Вратите на ЕУ се отворени за оние кандидати што ќе ги исполнат Копенхашките критериуми Кос истакна дека на состанокот се разговарало и за начините за напредок во преговорите за пристапување и покрај „билатералните загрижености на некои земји членки околу преговарачките рамки и одлуките на Советот“. Копенхашките критериуми во минатото овозможија многу успешно проширување на ЕУ и процесот на прием на нови членки треба да продолжи да се гради врз нив, бидејќи владеењето на правото и демократската отпорност се клучни за кредибилен процес на проширување, порача денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос. - Нашата Унија е отворена и тие врати ќе останат отворени за оние кои целосно, праведно и транспарентно ќе ги исполнат Копенхашките критериуми, истакна Кос на заедничката прес-конференција со данската министерка за европски прашања Мари Бјере и еврокомесарот за демократија, правда и владеење на правото Мајкл Мекграт по завршувањето на неформалниот состанок на министрите за европски прашања на членките на ЕУ и на кандидатите за членство во Копенхаген. Кос додаде дека ако ЕУ сака да стане посилна ќе мора процесот на проширување да го базира на заслуги и на објективниот напредок постигнат од секоја земја кандидатка, при што приемот на секоја од нив ќе зависи од темпото на спроведување на реформите, нагласувајќи дека во случајот на земјава „штом Владата ќе го промени Уставот“ ќе може да продолжи нејзиниот пристапен процес. Таа нагласи дека на средбата разговорите се фокусирале на тоа како проширувањето ја зајакнува безбедноста на Европа и на условите за успешно спроведување на реформи за членство, со цел граѓаните на идните земји членки да ги почувствуваат придобивките од ЕУ уште пред зачленувањето на нивните земји во Унијата. - Проширувањето некако се вплетка во геополитичкиот натпревар помеѓу слободните демократски општества, од една и авторитарните режими, од друга страна, рече Кос, додавајќи дека проширувањето не е само прием на нови членки, туку станува збор за обединување на Европа, со што ќе се овозможиме безбедност на сите и стабилност за целиот континент. Кос истакна дека на состанокот се разговарало и за начините за напредок во преговорите за пристапување и покрај „билатералните загрижености на некои земји членки околу преговарачките рамки и одлуките на Советот“. - Во овој поглед, Комисијата веќе поедностави одредени чекори во пристапните преговори во рамките на ограничувањата на методологијата за пристапување, но секако е отворена и за понатамошни подобрувања, под услов за тоа да се добие согласност од Советот, рече Кос. Таа се осврна и на денеска објавените резултати од истражувањето на Евробарометар за проширувањето, нагласувајќи дека загриженост околу безбедноста по избувнувањето на војната во Украина резултирала со растечкиот тренд на јавна поддршка за пристапниот процес. - Проширувањето е стратешка инвестиција во стабилна, демократска и конкурентна Европа со придобивки за сите граѓани и тоа придонесува за мир, просперитет и пообединет континент, додаде Кос. Сепак, според неа, паралелно со проширувањето мора да се работи и на подготовка на ЕУ за приемот на нови членки. - Проширувањето и подготвеноста за ЕУ се ист проект... Тоа е двојна патека, и проширување и подготовка, во исто време. Со тоа што ги унапредуваме заедно, го заштитуваме кредибилитетот на процесот, ја задржуваме јавната поддршка на наша страна и ја правиме Европа посилна, побезбедна и поконкурентна, заклучи Кос. Данската министерка Мари Бјере, од своја страна изјави дека живееме во предизвикувачки времиња кога руската агресија врз Украина и новите политички ветрови што дуваат од САД го прават процесот на проширување поважен од кога било досега. - Тоа е новата релевантност на проширувањето, кое доби нов импулс. Треба да продолжиме со проширувањето. Тоа не е само нешто што е релевантно. Тоа е геополитичка неопходност затоа што ни треба посилна и побезбедна ЕУ, која е способна да се одбрани, а проширувањето е од суштинско значење за тоа, истакна Бјере. Таа нагласи дека на министерскиот состанок не се разговарало за специфичните преговори на секоја од земјите кандидати за членство, туку била одржана постратешка дискусија за проширувањето и како тој процес да се забрза, а сепак да се задржи пристапот базиран на заслуги согласно Копенхашките критериуми. - Иако Копенхашките критериуми се стари повеќе од 30 години, тие се уште се многу релевантни. Исто така, тие се релевантни и за постојните земји членки. Почитувањето на Копенхашките критериуми и фундаменталните вредности е она што не прави силни и атрактивни, па затоа денеска разговаравме и за тоа како можеме да го зајакнеме почитувањето на владеењето на правото во рамките на ЕУ, рече Бјере. Данската министерка истакна и дека на состанокот станало збор и за потребата од внатрешни реформи во ЕУ за нејзино подготвување за проширувањето и за справување со предизвиците. - Многу сум охрабрена од широкиот консензус што го видов за оваа стратешка насока на ЕУ и затоа сум голем оптимист, додаде Бјере.Тагови: Марта Кос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБританците го истражуваат инцидентот во воената база: Двајца обвинети, се сомнева на вмешаност на ИранДвајца британски државјани се обвинети за помагање на иранското разузнавање, по истрагата за инцидент во близина на базата на Кралските воздухопловни сили (RAF) Ферфорд во Глостершир, југозападна Англија.Мохмед Абдулкарим (24) од Лондон денеска треба да се појави пред Магистратскиот суд во Вестминстер. Тој е обвинет за помагање на странска разузнавачка служба, што претставува кривично дело според британскиот Закон за национална безбедност од 2023 година. Пред судот ќе се појави и Нуман Есгир (24), исто така од Лондон. Тој е обвинет за влез во забранета зона со намера да му нанесе штета на Обединетото Кралство. Есгир првично беше уапсен на 27 септември во близина на воена база, а повторно беше уапсен на 20 октомври. Полицијата се сомнева дека зад сето ова стои Иран Британската полиција за борба против тероризмот верува дека во случајот е вмешано иранското разузнавање. Лоренс Тејлор, шефот на британската полиција за борба против тероризмот, предупреди дека во последните месеци имало повеќе сомнителни инциденти кои полицијата ги поврзува со Иран. „Во последните месеци забележавме низа инциденти за кои веруваме дека биле оркестрирани од иранската држава. Како што изјави шефот на МИ5 пред само неколку недели, ние работиме заедно за да интервенираме, да ја идентификуваме заканата и да одговориме на неа“, рече Тејлор. „Јавноста може да ни помогне во ова и, како и секогаш, ги повикувам граѓаните да пријават сè што ги загрижува во овој поглед. Ваквите пријави можат да бидат, и навистина се, важни“, додаде тој. Уште еден маж е ослободен без обвинение Како дел од истата истрага, на 20 октомври беше уапсен и 25-годишен маж со британско и иранско државјанство, под сомнение дека ѝ помагал на иранската разузнавачка служба. Тој беше ослободен без да биде обвинет за тоа кривично дело, но сепак мора редовно да се јавува во полиција, бидејќи претходно бил уапсен на 1 октомври под сомнение за подготовка на терористички напади. Уште петмина мажи, исто така уапсени за време на истрагата, се пуштени на слобода со обврска да се јавуваат во полиција. Френк Фергусон, раководител на Одделот за посебни кривични дела и борба против тероризмот при Службата на крунското обвинителство (CPS) на Обединетото Кралство, потврди дека се поднесени обвиненија против двајцата мажи. „Службата на крунското обвинителство одлучи да покрене постапка против две лица за прекршоци според Законот за национална безбедност, по истрагата спроведена од полициските служби за борба против тероризмот во врска со значаен инцидент поврзан со базата на Кралските воздухопловни сили (RAF) во Ферфорд“, изјави Фергусон. „Ќе продолжиме тесно да соработуваме со нашите партнери додека трае оваа сложена истрага“, додаде тој. Извор: Индекс.хрТагови: Велика Британија Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
АвтомобилизамПоправките на менувачот можат да бидат скапи: Обрнете внимание на првите симптомиКако да препознаете дефект на менувачот и да го продолжите неговиот животен век?Менувачот е една од клучните компоненти на автомобилот, а неговиот дефект може да доведе до значителни, непланирани трошоци. Иако современите менувачи се генерално сигурни, игнорирањето на раните знаци за предупредување може да резултира со посериозни оштетувања и многу поскапи поправки. Според искуството на „Toyota“, проблемите се јавуваат почесто кај мануелните менувачи отколку кај автоматските. Особено вреди да се напомене дека „e-CVT“ системот, кој се наоѓа во хибридните возила на „Toyota“, е исклучително сигурен. Сепак, не секој проблем при менувањето брзини нужно значи дека самиот менувач е расипан. Причината може да лежи во квачилото, механизмот за избирање брзини, носачите или други делови од погонскиот систем. Затоа, прецизната дијагностика е од суштинско значење. Кои симптоми укажуваат на можен дефект? Раните знаци за предупредување вклучуваат: • Невообичаени звуци: Зуење, стружење или други звуци што претходно не сте ги слушнале може да укажуваат на проблем. • Тешко менување брзини: Ако е потребна дополнителна сила за вклучување на одредена брзина, неопходен е преглед. • Вибрации: Невообичаено тресење или вибрации додека менувачот работи не треба да се игнорираат. • Искокнување од брзина: Ако менувачот сам излезе од брзина, не одложувајте го прегледот. • Проблеми при тргнување: Тешкотии при избирање брзина кога го стартувате автомобилот може да бидат поврзани со квачилото или други компоненти. Ниту еден од овие симптоми, сам по себе, не потврдува дефект на менувачот, но тие се доволна причина да го однесете возилото на преглед во сервис. Како можете да го продолжите животниот век на менувачот? Кај мануелните менувачи, важно е целосно да ја притиснете педалата за куплунгот секогаш кога менувате брзини, и да избегнувате да ја држите ногата – дури и сосема лесно – на педалата додека возите. Оваа навика може да го забрза абењето на компонентите на квачилото. Понатаму, не се препорачува агресивно возење веднаш по стартувањето на ладен мотор. Треба да возите повнимателно во текот на првите неколку километри, сè додека маслото во погонскиот систем не ја достигне соодветната работна температура. Исто така, важно е да се придржувате до препораките на производителот во однос на одржувањето и замената на маслото. Конкретните интервали зависат од моделот на возилото, типот на менувачот и условите на возење. Иако за некои менувачи се вели дека имаат масло со „доживотен“ век, во одредени случаи може да биде препорачлива превентивна замена на маслото. Затоа, наместо да се потпирате на општи правила, треба да се водите според сервисената документација за вашето конкретно возило. Цената на поправките зависи од природата на дефектот, достапноста на резервните делови и сложеноста на самата поправка. Кај мануелните менувачи, поправката често може да се изврши со замена на поединечни компоненти, додека поправките на автоматските менувачи обично се посложени и поскапи. Во одредени ситуации, може да биде неопходна целосна замена. Доколку забележите нови звуци, вибрации или отпор при менувањето на брзините, не чекајте до следниот редовен сервис. Навремената дијагностика може да спречи дополнителни оштетувања и непотребни трошоци. Извор: Б92Тагови: менувач Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТуск: „Орбан? Тоа е смешно“Полскиот премиер Доналд Туск смета дека информациите за номинацијата на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за функцијата генерален секретар на ОН – наводно промовирана од Соединетите Држави – се смешни.Кога беше прашан за потенцијалната кандидатура на Орбан за местото генерален секретар на ОН, полскиот премиер молчеше неколку секунди, потоа се насмевна и на крајот крена раце. „Пред само една минута тој беше кандидат за претседател на Европската комисија; ова ми изгледа исто толку смешно како и онаа претходна гласина. Нема да кажам ништо повеќе“, изјави Туск на прес-конференција за време на неговата посета на Виетнам. „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го номинирала Орбан за функцијата генерален секретар на ОН. САД го поканиле поранешниот премиер да се кандидира и го охрабриле да го стори тоа. Планот во моментов чека конечна одлука. Подоцна, украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, ја коментираше идејата за номинирање на Орбан за функцијата генерален секретар на ОН. „Убеден сум дека Виктор Орбан, како генерален секретар на ОН, сигурно би ги искористил своите мајсторски вештини во користењето на ветото и уцените – вештини што ги усовршувал со години, попречувајќи клучни одлуки на ЕУ“, забележа министерот за надворешни работи. Извор: Б92Тагови: Доналд Туск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12