СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија за величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ
2СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија за величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ
ЕвропаКос најавува историска есен за проширувањето на ЕУ ЕК на крајот од месецов ќе го презентира документот во кој ќе биде опфатена новата стратегија за проширување, најави еврокомесарката Марта Кос, за време на неформалниот состанок на Советот за Општи за работи во Даблин. Фокусот на Брисел е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, како пристап до дел од единствениот пазар, финансиски инструменти, енергетскиот систем и други механизми, во зависност од напредокот во реформите. Освен ова, реформата предвидува построги проверки за земјите кандидатки и нова методологија, документ кој треба да биде официјално потврден од Европскиот Совет на 15 октомври. -Оваа есен ќе биде есен на проширувањето во две насоки – едната е за подготвување на кандидатките за членство, другата е тоа што го правиме внатре во ЕУ за да се подготвиме за ова. 2026-та е веќе рекордна година. Оваа година направиме многу повеќе од минатата 2025-та и можеме да испорачаме уште повеќе. Некои од земјите кандидатки можат да ги завршат преговорите до крајот на оваа декада. На крајот на септември, 30-ти, ЕК ќе ги претстави резулататите од т.н. претпристапен преглед и секако ќе дискутираме како да направиме една поента, но секако и многу други, се со цел процесот на одлучување да е поефикасен, изјави Кос. Македонија на состанокот ја претставува министерот за европски прашања, Беким Сали, кој порача дека на проширувањето повеќе не е политички избор, туку геополитичка неопходност. Сали нагласи дека Македонија останува цврсто посветена на европската интеграција и дека очекува напредокот да биде препозанен. -Ја поддржуваме визијата на еврокомесарката Кос за постепена интеграција. Како земја кандидат ќе испорачаме видлив напредок за нашите граѓани и за бизнисисте во нашата држава. Македонија ја избра ЕУ, изјави Сали. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пак, на синоќешниот партиски настан по повод 35 години независност на Македонија, порача дека европските интеграции не се ниту партиско, ниту лично прашање, туку најголем државен интерес. Според него не е доволно тоа само реторички да се нагласува, а ништо да не се презема. опозицијата ќе продолжи да притиска за да се најде решение, кажа Филипче. - Само идните непристрасни генерации можат правилно да оценат колкава е цената на прифатените компромиси, а колкава е загубата од бескомпромисноста и изгубените децении на побрз сестран развој. Ако има подобро решение нека го донесе. Ако има реална гаранција нека обезбеди. Ако има нова преговарачка рамка нека ја покаже. Но, ако нема тогаш чесно е да им се каже на граѓаните да престанат да плаќаат со години за партиските ветувања дадени во предизборните кампрањи и секојдневните намипулации и лаги, изјави Филипче. Освен новата реформа за проширување, земјите – членки паралелно ја разгледуваат и идејата за евентуална промена на начинот на одлучување, односно преоѓање од едногласно во гласање со квалификувано мнозинство, со цел да се намали можноста од вето за клучни надворешно политички прашања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПо девет дена спасени двајца работници заробени во тунел во НепалДве лица беа спасени од тунел од хидроцентрала, девет дена по катастрофалните поплави што го погодија Непал, додека повеќе од 4.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати.Спасувачките екипи, со помош на повеќе од 500 инженери, сè уште трагаат по исчезнати, а властите се надеваат дека дел од околу илјада лица кои се водат како исчезнати во шест хидроцентрали преживеале, бидејќи се засолниле во тунелите или работеле во нив за време на поплавата.. Потрагата е отежната од фактот дека поплавите го промениле теренот околу тунелите, донесувајќи големи количини кал и камења. Бројот на жртви во Непал и Тибет надмина три илјади. நேபாள பெருவெள்ளத்தின் போது நீர்மின் சுரங்கத்தில் சிக்கிய இருவர் 9 நாட்களுக்குப் பின் உயிருடன் மீட்பு.. சுரங்கத்திற்குள் இருந்து மேலும் பலரின் குரல் கேட்பதால் மீட்பு நடவடிக்கைகளை விரைவுபடுத்திய வீரர்கள்.. #Nepal | #NepalFloods | #Rescue | #PolimerNews pic.twitter.com/KpcezFpgcs — Polimer News (@polimernews) September 4, 2026 Тагови: Непал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија за величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и СтоилковиќЕвропската комесарка за проширување Марта Кос денеска ја откажа планираната посета на Србија поради величењето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.Пораката од Европската Унија и од Кос е повеќе од јасна. „Величењето што ја придружува неговата смрт е неспоиво со вредностите врз кои се гради патот кон ЕУ. Тој пат бара соочување со минатото, вистинско помирување и почитување на жртвите на воените злосторства“, напиша Марта Кос на X. Тоа што денеска го кажува Европската Унија е токму она за што СДСМ рeагираше и се случи во Македонија. Величењето на воен злосторник е неспоиво со европските вредности. Но, Христијан Мицкоски ги заштити Иван Стоилковиќ и Далибор Китановиќ по нивните ставови и величењето на Младиќ. Нема оставки. Нема разрешувања. Нема одговорност. Мицкоски свесно одлучи да ги заштити. Сега уште појасно се гледа каде ја води Македонија оваа политика на Мицкоски по рецептот на Вучиќ. Намерна изолација, далеку од ЕУ, антиевропска кампања и одработување за руската агенда, се нмаведува во партиското сопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХаос во центарот на Киев: Руски дрон го погоди седиштетона украинската разузнувачка служба (ВИДЕО)Руски дрон го погоди седиштето на безбедносната служба на Украина (SBU) во центарот на Киев, а официјални лица изјавија дека нападот бил директно насочен кон канцеларијата на нејзиниот шеф.Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дронот ја погодил централната зграда на SBU на улицата Володимирска, спроти историската катедрала „Света Софија“ во градот, објави „Дејли меил“. „Дронот бил насочен директно кон канцеларијата на шефот на безбедносната служба во таа зграда“, рече Зеленски по разговорите со вршителот на должноста шеф на SBU, Олександр Поклад. A Russian drone hit Ukraine's SBU headquarters in Kyiv, Zelensky says. pic.twitter.com/ZevaXpLbEV — Open Source Intel (@Osint613) September 4, 2026 Во нападот се повредени пет лица, според градоначалникот на Киев, додека густ црн чад се издигаше од местото на настанот. Зеленски рече дека службите за итни случаи се на местото на настанот. WATCH: The moment a Russian drone struck the central SBU building in the heart of Kyiv. pic.twitter.com/jtdSBRXiog — Clash Report (@clashreport) September 4, 2026 Директниот удар се случил по неколкудневни речиси постојани руски воздушни напади врз украинскиот главен град. Снимки од последиците од нападот беа објавени и на социјалните медиуми.Тагови: Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook