Корупцискиот скандал во платежната агенција мегдан за обвинувања меѓу власта и опозицијата - Канал 5

Корупцискиот скандал во платежната агенција мегдан за обвинувања меѓу власта и опозицијата

Опозицијата да не се крие зад прашања, туку да излезе со тврдења – изјави премиерот Христијан Мицкоски, отфрлајки ги обвинувањата од опозиската СДСМ за системска корупција и вмешаност на негови блиски лица .

Корупцискиот скандал во платежната агенција мегдан за обвинувања меѓу власта и опозицијата

Опозицијата да не се крие зад прашања, туку да излезе со тврдења – изјави премиерот Христијан Мицкоски, отфрлајки ги обвинувањата од опозиската СДСМ за системска корупција и вмешаност на негови блиски лица во случајот со Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и исплатите со ИПАРД фондовите. Мицкоски ја повика опозицијата доколку има докази за злоупотреба да ги достави, порачувајки дека истрагата може да дојде и до нивни поранешни фунционери.

-Ако се толку сигурни во тие тврдења нека излезат и нека кажат замешан е Христијан Мицкоски, замешан е замешан е тој и тој, затоа што вака е кукавички и не оставаат впечаток. И нека ни помогнат, јас јавно повикувам еве сите што имаат докази за злоупотреба нека дојдат и нека ги достават тие докази за да можеме ние да делуваме, така што апсолутно ги отфрлам тие шпекупации нека не остават да со ја работиме работата онака како што треба, ама да не стигне и до некои нивни поранешни фунционери и министри,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Одговорот на Мицкоски доаѓа откако претходно СДСМ на прес-конференција обвинија дека скандалот со ипард води до врвот на власта.. Од СДСМ прашуваат дали кумашинот на премиерот вршел притисоци врз вработени во министерството за земјоделсво за распределба на средства за субвенции и концесии. повикувајжи се на свиркачи од партијата обвинуваат дека без одобрение на сопругата на кумашинот не се пуштала ниту една исплата на парите од ИПАРД.

Од СДСМ бараат обвинителството да ја прошири истрагата, а лидерот на партијата Венко Филипче случајот го нарече срам пред Европа за нашата земја.

-Ова е скандал што го потврдува тоа што го зборувавме изминатите 15 месеци дека оваа власт е длабоко корумпуирана и целиот систем е зафатен од мрежи на копрупција контролирани од врвот на ВМРО-ДПМНЕ. За жал, сето ова во овој сектор оди на директна штета на нашите земјоделци кои од оваа власт се практично уништени. Очигледно е дека земјоделците се и биле под постојан притисок на уцени и корупција за секоја работа која требало да ја завршат во институциите,- Венко Филипче – претседател на СДСМ.

Претходно, поранешниот министер за земјоделство од редовите на СДСМ Љупчо Николовски побара од државата да достави акциски план до Европската комисија за деблокада на средствата од ИПАРД-програмата..Според Николоски во моментов е блокиран целиот буџет од 130 милиони евра, а директно се погодени над 180 инвестиции.

На ова актуелниот министер Трипуновски одговори дека политичката кариера на Николовски е завршена и дека самиот треба да го повика обвинителството да го истражи неговото незаконско работење во времето кога бил министер.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер