Kоронавирусот пристигна во Европа , потврдени два случаи во Франција

Две лица се заразени со коронавирус во Франција, потврди министерката за здравство  за АФП.

Министерката за здравство на Франција, Агнес Бужин изјави дека во Франција се пријавени два случаи на инфекција на коронарна вирусот.

Таа изјави дека еден случај е потврден во Бордо, а друг во близина на Париз, според „Индипендент“.

Да потсетиме, бројот на заразени со новиот вид коронавирус во централна Кина се искачи на повеќе од 800, со 26 мртви.

Во исто време, кинеската провинција Хубеи, во која се појави вирусот, побара поголема финансиска помош од државните власти. Досега, јавниот превоз е суспендиран во 11 градови во провинцијата Хубеи.

Градот Вухан ја забрза изградбата на новата болница со илјада кревети за болните од овој смртоносен вирус.

Новиот вирус припаѓа на групата вируси што предизвика САРС, болест од која загинаа 800 луѓе ширум светот пред 17 години и исто така започна да се шири од Кина.

Вториот случај на инфекција со коронавирус е идентификуван во САД, според Американскиот центар за контрола и превенција на болести.

Едниот е пациент од Чикаго во своите 60-ти години. Тој во моментов е во просторија за изолација во градската болница. Тој се вратил од Вухан во Чикаго на 13 јануари. Бидејќи не бил болен за време на патувањето, здравствените власти веруваат дека не можел да ги зарази другите во тоа време. При враќањето во Чикаго, имал ограничен број контакти со познаници и членови на семејството.

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.

Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.

Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн).

Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари.

Затоа предлагаме двојно зголемување на платите и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.

Честит празник!

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

Мицковски го посети централниот штаб на Вреди

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети централниот штаб на Вреди на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, јавува ТВ21.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

притисни ентер