Коронавирусот не ги намали нарачките и пратките од Кина - Канал 5

Коронавирусот не ги намали нарачките и пратките од Кина

Коронавирусот се шири бргу, на жители од Кина повеќе не им е дозволено да ги напуштаат своите градови, но за пратките не е одреден „карантин", односно задржување. 

Коронавирусот не ги намали нарачките и пратките од Кина

Со оглед на тоа дека од Кина масовно се нарачуваат работи, особено преку интернет-платформите како Али експрес, има загриженост дали коронавирусот може на тој начин да стаса до граѓаните. Досега не е објавено дека има случај или доказ дека вирусот може да се пренесе преку пакет, а состојбата со коронавирусот засега не се одразува на обемот на нарачки од Кина кај нас.

Според Пошти на РМ, операторот преку кој кај нас стасуваат најголем број од пратките, состојбата со коронавурусот засега не се одразува со обемот на таквите нарачки.

– Во изминатиот период не е забележана тенденција на намалување на пристигнати пратки од Али експрес и според вообичената динамика се доставуваат и се подигнувааат пратките од страна на нашите корисници, велат за МИА од Пошта на РМ, операторот преку кој стасуваат најголем број од пратките преку Али експрес.

Од Светскиот поштенски сојуз и надлежното Министерство за здравство, како што укажуваат, немаат добиено информација за понатамошно постапување заради коронавирусот.

Проблеми со кинеските пратки во Хратска и Србија

За разлика од кај нас, како што пишува Слободна Далмација, жители на Сплит изјавиле дека пратките првин ги стерилизираат, а има и такви кои подолго време ги чуваат настрана.

Како што објавија медиумите, изминатата недела Хрватска пошта престана да испорачува мали пакувања од Кина, каде што се појави коронавирусот, поради што повеќе од 250.000 нарачани пакети се во мирување.

– Иако авиокомпаниите првенствено ги прекинаа летовите заради патниците, тие не можат да стигнат и до Хрватска, информираа од Хрватски пошти, откако добиле известување од КЛМ, „Луфтханза ЛХ" и „Туркиш ерлајнс" дека тие ги прекинале летовите кон Кина за да го спречат ширењето на коронавирусот и оти тоа ќе влијае на испораката на пратките.

Претходно и Јавното претпријатие Пошта на Србија ги инфорира своите корисници за промени во деловната соработка со Кина поради откажаните летови како резултат на коронаворусот.

– Пошта Србија е информирана од авиопревозниците Луфтханза и ЛОТ дека заради превенција од опасноста за ширење на коронавирусот летовите кон Кина се откажани и тоа ќе влијае на вообичаеното поштенско работење во размената на пратките. Поради тоа ги молиме корисниците на услугите на Пошта Србија за разбирање, а за сите промени ќе ве информираме навреме, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Пошта Србија.

СЗО: Нема ризик од писмата и пакетите од Кина

Светската здравствена организација на почетокот на месецов соопшти дека примачите на пратки и писма од Кина не се изложени на ризик од зараза од коронавирус.

– Според последните анализи вирусот не живее долго на површината на предметите, како што се писма или пакети, објави СЗО.

Како што истакна на прес-конференција директорката на Центарот за имунизација и респираторни болести Ненси Месони, овој вирус не може да преживее на површина на предмети и „многу е мал ризикот вирусите да се рашират од пакувањето на пакети кои патувале со денови или недели на собни температури". На пратките од Кина им се потребни најмалку два дена за да стасаат на која било адреса и според експертите, шансите со нив да стаса коронавирус се речиси никакви, наведе Месони.

Стравот од неизвесноста од ширењето на новиот коронавирус изминатиот период тешко ги погоди берзите во Кина каде што акциите загубија 420 милијарди долари од основниот фондов индекс. Инвеститорите распродаваа акции и јуани, а трговијата на берзите требаше да биде прекината поради уривање под прагот што се смета дека е почеток за паника. Масовното обезвреднување се случи и покрај тоа што Централната банка на Кина соопшти дека ќе „инјектира" 174 милијарди долари за ликвидност во финансискиот сектор.

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас" објави дека ќе мора привремено да ги затвори своите продавници во Кина поради епидемијата на коронавирусот, кој има негативен ефект на продажбата. Слични затворања има и во мрежата на продавниците за франшизата, соопшти групата „Херкогенара".

Американскиот ривал „Најки" изјави дека во краток рок очекува големо влијание на своите активности во Кина, каде што исто така ги затвора продавниците.

Според Светската здравствена организација, до вчера се регистрирани 31.211 потврдени случаи на заболени од коронавирус во Кина и 637 починати.

Во 27 други земји во светот досега се забележани 320 случаи на заразени од коронавирусот.

Симптомите на вирусот се покачена температура, кашлица, а во тешки случаи и недостиг на здив и воспаление на белите дробови./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда..

Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. 

Џип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати

Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај.

„Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа.

Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби.

„Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола.

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката.

Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа.

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер