АвтомобилизамКоронавирусот им создава сериозни проблеми на БМВ, Мерцедес и на Фолксваген Епидемијата на коронавирусот во Кина им создава проблеми на БМВ, Мерцедес и Фолксваген.Бројот на продадени автомобили опаѓа како резултат на заразата. Кина е најголемиот пазар за германските производители, кои и покрај тоа не се во најдобра форма. Помалку од половина од произведениот број автомобили ќе се продаваат во Кина во февруари, според аналитичарите во швајцарската банка УСБ. Тие исто така веруваат дека производството, исто така, ќе се намали за околу 20 проценти, како резултат на затворените фабрики, проблемите со снабдувањето и, се разбира, со падот на побарувачката, пренесува Дојче веле. Коронавирусот, познат и како Ковид-19, носи нови проблеми за германската автомобилска индустрија, која сè уште се опоравува од Дизелгејт, скандал со издувните гасови и се соочува со намалена глобална побарувачка и зголемени тарифи како резултат на конфликтот меѓу САД и Кина. Мерцедес Даимлер и Ауди, кое припаѓа во групата Фолксваген, во последните неколку месеци најавија дека ќе бидат скратени околу 20.000 работни места. Причината: и двете компании се обидуваат да заштедат пари за да го финансираат производството на електрични автомобили. Слични вести доаѓаат од компаниите за делови за автомобили, вклучувајќи ги и Континентал или Бош. Германските производители на автомобили и нивните снабдувачи се најмногу изложени на ефектите на коронавирусот, повеќе од нивните конкуренти во другите европски земји, раскажува Емихуел Бул од Фич Рејтингс за Дојче веле. „Ризикот за германските производители главно доаѓа од паѓање на продажбата, а не од прекинување на производството, бидејќи БМВ, Дајмлер и Фолксваген немаат фабрики во покраината Хубеи“, вели Бул. За разлика од американските и кинеските производители на автомобили, германските компании последниве години го зголемуваат својот удел на кинескиот пазар и покрај генералниот пад на побарувачката во оваа азиска земја. Најновите бројки велат дека Кинезите купуваат четири од десетте автомобили Фолксваген и скоро три од секои десет БМВ и Мерцедес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаМицкоски: До крајот на годината нема да има поскапување на струјатаЦената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари – изјави денеска премиерот Мицкоски.Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари – изјави денеска премиерот Мицкоски, според кој приоритет на владата била одржување на енергетската стабилност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОсми конгрес на СОНК и повлекување на Неделков по 16 годиниЌе се заложам за подобри услови и плати, почитување на стекнатите права, но и за враќање на достоинството на просветниот работник, порача на осмиот конгрес на СОНК Стојко Рамов кој како единствен кандидат го заменува Јаким Неделков.Ќе се заложам за подобри услови и плати, почитување на стекнатите права, но и за враќање на достоинството на просветниот работник, порача на осмиот конгрес на СОНК Стојко Рамов кој како единствен кандидат го заменува Јаким Неделков, кој по 16 години минати на претседателското место се повлекува од челната синдикална позиција. -Приоритет ќе ми биде склучување на колективниот договор за основно и средно образование, но и да се потпише колективен договор за детска заштита, нов колективен договор за култура. Сметам дека во идниот период следува доста работа, се надевам дека ќе наидеме на разбирање од социјалните партнери и дека ќе успееме да го подобриме економскиот и социјалниот статус на просветните и културните работници во Република Македонија,- -Стојко Рамов. Го скршивме мразот на замрзнатите плати, а трасираниот пат кон успехот треба да продолжи бидејќи навистина има уште многу работи што треба да се завршат, порача Неделков истакнувајќи дека за најголемо достигнување и гордост сепак го смета тоа што не дозволил разни струи од надвор да влезат во редовите на Синдикатот. -Во овој мандатен период најмалото зголемување во дејностите детска заштита и образование е над 70 %, а највисокото зголемување на платите во високото образование и наука е околу 100 %. Мојата најголема гордост е што не дозволив разни „струи“ од надвор кои имаат интерес го ослабнат СОНК, да влезат во нашите редови и да го ослабнат или растурат Синдикатот. Највистина сум горд што нашето членство остана единствено,- - Јаким Неделков. Министерката за образование и наука Весна Јавска која присуствуваше на Конгресот порача дека очекува да продолжи партнерскиот дијалог и подвлече дека тешката реформа, што инаку вклучува затворање на голем број на училишта ширум земјава, или „оптимизацијата во образованието“ нема да остави ниту еден наставник без работа. „Оптимизација“ значи подобрување на образовниот процес. Во принцип, генерално, најголемата корист ќе биде за учениците, но тоа не значи дека и наставниците нема да се чувствуваат подобро кога работат во подобри услови и поголеми групи. Овој процес, кажав, би требало да трае најмногу 4 години, во кои ниту еден наставник нема да го загуби работното место, но нови вработувања во овој период нема да има. - Весна Јаневска. По 16 години, СОНК добива нов претседател, Рамов го презема претседателското место како единствен кандидат на осмиот конгрес, а до изборот беше еден од двајцата потпретседатели на СОНК и претседател на регионален огранок на синдикатот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШест кандидати во трка за Брвеница: Програми, визии и пораки до граѓанитеШест кандидати од четири политички коалиции и двајца независни ќе ги одмерат силите во недела во трката за нов градоначалник на општина Брвеница. Вонредните избори доаѓаат по ненадејната смрт на градоначалникот Јовица Илиевски во јуни годинава. Владејачките коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ настапуваат со посебни кандидати, а ЗНАМ дава поддршка на кандидатот на најголемата владејачката партија. На митинзите во Брвеница кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски најави посветена и транспарентна работа за развој на општината, а поддршка доби и од премиерот и партиски лидер Мицкоски, кој кажа дека очекува убедлива победа во недела. Со одделни кандидати ќе настапат и опозициските партии СДСМ и ДУИ. Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Јовица Радевски на синоќешниот митинг во Брвеница вети нов инфраструктурен развој и економски раст за општината. Партискиот лидер Филипче, пак, со поддршка и порака до Мицкоски и власта дека време е за промени, а СДСМ, како што рече е неуништлив. Во кампањата и кандидатите Јакуп Хусеини од ВРЕДИ и Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција пред жителите на Брвеница ветија проекти за развој на општината, поддршка за младите и за локалната економија. Со сопствени програми, приоритети и визија за Брвеница настапија и двајцата независни кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи. Поради поголемиот број кандидати проценките се дека можен е и втор круг гласање кој треба да се одржи за две недели, на 1 ноември. Според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас имаат вкупно 16.256 запишани избирачи, кои ќе гласааат на 24 избирачки места.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11