Корона хистерија во Јужна Кореја- ги чистат парите во микробранови печки

Централната банка на Јужна Кореја соопшти дека жителите замениле три пати повеќе оштетени банкноти во изминатите шест месеци отколку минатата година.

Загрижените јужнокорејци толку се плашат од инфекцијата со коронавирус, што многу од нив во изминатите шест месеци ги ставале банкнотите во микробранови печки или машини за перење, уништувајќи ги во обид темелно да ги „исчистат“ од коронавирусот.

Централната банка на Јужна Кореја вчера објави дека жителите замениле три пати повеќе оштетени банкноти во изминатите шест месеци, а повеќето се верува дека биле уништени во обид да ги дезинфицираат банкнотите на целосно несоодветен начин - во микробранова печка или машина за перење.

Претставник на централната банка изјави за Ројтерс дека вкупната вредност на оштетените банкноти вратени во банката помеѓу јануари и јуни, откако биле запалени во микробранови печки или измиени во машини за перење е 1,32 милијарди вони, или околу 1,1 милиони американски долари. За споредба, во истиот период минатата година, клиентите вратиле банкноти во вредност од 480 милиони вони или 400.000 американски долари.

Во соопштението се вели дека банката била принудена да уништи 2,69 милијарди банкноти и монети во првата половина на 2020 година.

Како екстремен пример за „перење пари“, банката го наведува случајот на клиент, кого службениците го нарекле „Мозок“. Тој пристигнал во банката за да замени 35,5 милиони вони што ги оштетил откако темелно ги испрал во машината за перење. Банката успеа да замени само 22,9 милиони вони, што значи дека тој изгубил 35 проценти од заштедените пари.

Вториот случај се однесува на личност што ја именувале Ким. Таа ставила 5,2 милиони вони во микробранова печка за темелна стерилизација. Сепак, штетата не била преголема, па банката на Ким и ги заменила повеќето банкноти.

Банката ја извести јавноста во март дека сите банкноти кои пристигнуваат во институцијата секој ден минуваат две недели во еден вид „карантин“ за да исчезне коронавирусот. Само тогаш тие одат понатаму во оптек. Како дел од борбата против коронавирусот, дел од банкнотите се изгорени како мерка на претпазливост и се заменуваат со нови.

Силен земјотрес го погоди Тајван, засега нема информации за штета

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Хуалиен, источниот регион на Тајван, соопшти Метеоролошката служба.

Земјотресот бил почувствуван во главниот град Тајпеј, каде што се нишале згради, објави Ројтерс.

Метеоролошката служба соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 24,9 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Хуалиен беше погоден од земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер на 3 април, при што загинаа 17 луѓе.

После тоа се забележани уште 1.000 последователни потреси.

Карате мајстор победи мечка- со еден удар ја избрка и се спаси

Масато Фукуда (50) посетил водопад во близина на градот Најеро, на северниот остров Хокаидо, а потоа видел две мечки.

Една од нив се нафрлила на човекот и брзо зажалила. Масато е карате мајстор, па реагираше со молскавична брзина за да си го спаси животот.

„Морав да реагирам, бидејќи во спротивно немаше да преживеам“, изјави тој за медиумите.

Огромната мечка се обидела да го гризне Масато, но била принудена да се повлече по прецизен удар во глава, пишува Daily Star.

„Во таа прилика ја повредив ногата, но си го спасив животот“, објасни тој.

Животните веднаш побегнале, а човекот дотрчал до својот автомобил и ги снимал од безбедно растојание.

„Имав многу среќа. Кој знае што ќе се случеше ако не отстапеше“, додаде тој.

Пентагон откри за што ќе ги користи Украина моќните ракети ATACMS- Крим е на удар

Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност.

Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.

Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.

Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на Белата куќа, претходно ја потврди испораката на овие проектили без да прецизира дали тие се модифицирани или имаат зголемен дострел.

Украинските сили веќе употребија ATACMS, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека е извршен напад врз воздухопловната база Јанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.

Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети ATACMS во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина може да користи американски ракети за да го уништи мостот Ким, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.

Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.

- Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука - изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.

Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.

притисни ентер