3Поповиќ: Цените се до плафон - СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5% и намалување акцизите за 50%
1Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
АвтомобилизамКорејска компанија продала повеќе автомобили од Мерцедес и БМВ И покрај сеприсутната криза, корејската марка го повтори историскиот успех од 2016 година.Германското трио е неспорен владетел на премиум сегментот без оглед на меридијаните и паралелите . Корејскиот бренд успеа во она што многумина сметаа дека е невозможно. Најмладиот премиум бренд, корејски Genesis од групата Hyundai-Kia, успеа да го достигне статусот на најпродаван производител. Досега успеа на домашниот корејски пазар, каде во првите седум месеци успеа да продаде 60.006 примероци, што претставува зголемување за неверојатни 65% во однос на претходната година. Второпласиран е Мерцедес со продадени 41.583 возила, а третопласиран БМВ со 29.224 единици, јавува Кореја Хералд. Сето ова се случува во година кога сеприсутната криза ја сруши продажбата. На пример, минатата година Мерцедес ја затвори продажбата на 78.133 возила, а „Генезис“ беше на второ место со 56.801 единици. Третопласираниот БМВ продаде 44.119 единици. Многумина можеби мислат дека клучот за успехот лежи во ненадејниот разбуден патриотизам на клиентите од Азија. Веројатно постои љубов кон домашните брендови, но GV80, првиот SUV модел, беше клучен. Воведен е во март, а за четири месеци од почетокот н продажбата скоро го стигна годишниот план од 24.000 примероци. Продадени се нешто повеќе од 20,000. До крајот на годината, ќе дојде и уште помал и поевтин GV70, а G70 ќе претрпи редизајн.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалТензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2Односот меѓу Кристијано Роналдо и новиот тренер на Ал Наср, Анге Постекоглу, е затегнат по само три кола од новата сезона. Тензиите станаа очигледни за време на натпреварот во вторникот, во кој Ал Наср успеа да ја надомести негативата од два гола и да го победи Ал Етифак со 3–2 – но дури откако Постекоглу го остави Роналдо во соблекувалната на полувремето. Актуелните шампиони се најдоа во неволја уште во 12-тата минута, кога голманот Бенто беше исклучен поради тоа што го собори Муса Дембеле надвор од шеснаесетникот. Ал Етифак ја искористи бројчаната предност и до полувремето поведе со 2–0 со головите на Ондреј Дуда и Алваро Медран. Роналдо, кој за првпат сезонава беше стартер, замина на паузата видно фрустриран; додека одеше низ тунелот, гестикулираше и ја симна капитенската лента. Постекоглу потоа одлучи да го задржи 41-годишниот напаѓач на клупата, потег што се покажа како исправен. Садио Мане намали на 2–1 во 74-тата минута, а само три минути подоцна, Абдулелах Ал-Амри израмни. Мане го комплетираше пресвртот и ја обезбеди победата за Ал Наср со својот втор гол во 90-тата минута. Роналдо не учествуваше во прославата по натпреварот, а тренерот Постекоглу одби да ја коментира одлуката да го замени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветММФ: Светската економија подобро од очекуваното се справува со последиците од војната во ИранГлобалната економија го апсорбира енергетскиот шок предизвикан од војната во Иран подобро од очекуваното.Глобалната економија го апсорбира енергетскиот шок предизвикан од војната во Иран подобро од очекуваното, но растечкиот јавен долг, постојаната инфлација и повисоките приноси од обврзниците остануваат сериозни ризици, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. Според неа, изгледите за глобалниот раст сега се значително поурамнотежени отколку во април, иако негативните ризици и натаму преовладуваат. Меѓу главните причини ги посочи растечките фискални притисоци и можноста централните банки подолго да ја задржат построгата монетарна политика за да ја контролираат инфлацијата.Тагови: ММФ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТрајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопатГовор на директорот на ЈПДП Коце Трајановски по повод поставувањето на камен темелник од изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце„Денес не поставуваме само камен-темелник на еден автопат, туку поставуваме темел за побрза, побезбедна и посилно поврзана Македонија со соседите, регионот и Европа. Со отпочнувањето на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, од клучката Стенковец до граничниот премин Блаце, во должина од околу 10,5 километри, правиме значаен исчекор кон заокружување на оваа стратешка регионална врска. Со изборот на „Гранит“ за изведувач се создадоа конкретни услови за поставување на овој камен-темелник. Оваа инвестиција е особено значајна затоа што не поврзува со пристаништето во Драч, со Албанија, Црна Гора и Србија преку Косово.“, изјави на денешното поставување на камен темелник за започнување на изградбата на втората фаза на автопатот Скопје-Блаце, директорот на Јавното претпријатие Коце Трајановски. Тој уште рече дека финансирањето е обезбедено преку заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 167,6 милиони евра, грант од Рамката за инвестиции за Западен Балкан од 30,82 милиони евра, средства од буџетот на ЈПДП за експропријација, како и грант средства за проектантите Hill International и ADT Omega. Трајановски во својот говор се осврна и на техничките карактеристики на автопатот кој ќе има две коловозни ленти, секоја со по две сообраќајни ленти и лента за застанување, со вкупна ширина од околу 27,5 метри, и додаде: „Ова е најсложениот и најтешкиот автопат кој на мало растојание од само 10.5 км ќе има бројни тунели, вијадукти, мостови, галерии и кој ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите! Поради сложениот ридско-планински терен, проектот предвидува изградба на: 5 тунели со лева и десна цевка, 8 мостови, 11 потпатници, 4 галерии, 9 потпорни ѕидови и. Рокот на изградба е 4 години. Рокот на изведба е четири (4) години. Автопатот Скопје – Блаце ќе го скрати времето на патување, ќе ја зголеми безбедноста и ќе ги намали трошоците за одржување на возилата, додека постојниот пат ќе остане како алтернативна врска за локалното население и останатите граѓани.“, рече Коце Трајановски директорот на ЈПДП кој е главен носител на проектот за изградба на автопатот. На поставувањето на камен темелникот присутни се премиерите на Македонија и Косово, Мицковски и Курти, како и ресорните министри за транспорт, но и други бројни политичари, владини функционери, пратеници, амбасадори и директори. Јавно претпријатие за државни патиштаТагови: Коце Трајановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41