3Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
3Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
АвтомобилизамКореанците претставија нова марка автомобили По Генесис, корејскиот гигант реши да претстави уште една марка на автомобили.Како што се очекуваше, ќе го носи името Јоник (Ioniq) и ќе биде врзан за електрични модели. Во следните четири години Хјундаи планира да лансира три сосема нови модели, но дефинитивно нема да застане тука. Имајќи го предвид тоа, но и фактот дека популарноста на електричните возила рапидно расте, реално е да се очекува дека на почетокот Ioniq ќе биде т.н. под-марка во стандарден опсег, но ќе се дистанцира се повеќе и појасно со текот на времето. На крајот на краиштата, нешто слично се случуваше со Genesis, која исто така започна како единствен модел. Инаку, Ioniq е во опсегот на Хјундаи од 2016 година, и се нуди во три верзии со три погони. Хјундаи откри и како сите нејзини електрични автомобили ќе продолжат да ги комбинираат препознатливите одлики на претходно презентираните концепти. Така, со можност за исклучително брзо полнење на батериите, ја нагласува просторноста и „иновациите кои комбинираат дизајн, технологија и услуги интегрирани за уникатно искуство во возењето.“ Во секој случај, сите модели ќе ја користат платформата Е-ГМП (Електрична глобална модуларна платформа). А трите модели што доаѓаат се Ioniq 5, 6 и 7. Парните бројки се поврзани со лимузини, а непарни броеви со SUV моделите. Првиот што следува е кросоверот „Јоник 5“ заснован на ретро моделот „Хјундаи 45 ЕВ“ претставен минатата година во Франкфурт. Во 2022 година доаѓа Ioniq 6 базиран на концептот Prophecy, а потоа во 2024 година на сцена се појавува големиот SUV модел Ioniq 7.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 109 мигранти загинаа кога бродот се преврте во близина на ЏибутиНајмалку 109 мигранти, меѓу кои и 15 деца, загинаа, а повеќе од 116 се водат како исчезнати откако брод со околу 350 луѓе се преврте на пат од Џибути кон Јемен, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ). Бродот се преврте во текот на ноќта меѓу 8 и 9 октомври во близина на Гухере, северно од Обок, пристанишен град во Џибути. Според податоците на ИОМ, повеќе од 80 луѓе ја преживеале несреќата и сите тие се државјани на Етиопија, пренесува Срна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ТенисФото: Алкараз изненади со нов имиџВториот светски тенисер Карлос Алкараз изненади со нов изглед.Шпанскиот тенисер се појави на тенискиот терен без препознатливата брада, но со мустаќи. Карлос Алкараз се појави на мечот од второто коло во Шангај со нов, интересен изглед. Шпанскиот тенисер ја избричил брадата и остави само мустаќи, а потоа на теренот ја оправда улогата на фаворит. Во второто коло го победи Аргентинецот Хуан Мануел Серундоло со 6:3, 6:3 и се пласираше во третото коло. Мечот траеше само 66 минути. Новиот изглед не бил случаен. Алкараз открил дека сè започнало откако победил на турнирот во Токио, каде што ја освоил својата прва титула по враќањето по повредата на зглобот. Тој се договорил со членовите на својот тим дека, доколку победи на турнирот, сите ќе пуштат мустаќи и ќе настапат во Шангај со тој изглед. „Ќе ги задржат цела недела. Отсекогаш сум сакал да излезам на теренот со мустаќи. Пред Токио рековме: 'Ако победам на турнирот, сите мора да имаме мустаќи и да играме со нив во Шангај'. Навистина е забавно, се смееме и уживаме“, објасни Алкараз. По победата, тој се потпиша на камерата со пораката „Тим Мустаќи“, со што дополнително покажа дека целата приказна ја прифатил како забавен предизвик заедно со луѓето од својот тим.Тагови: Карлос Алкараз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВинисиус му се извини на Реал, потоа ги нападна судиите: „Каква срамота!Бразилецот Винисиус Жуниор им се извини на соиграчите и на навивачите на Реал Мадрид поради исклучувањето на натпреварот против Виљареал, но набрзо потоа се огласи и ги критикуваше судиските критериуми.Бразилскиот фудбалер доби директен црвен картон во 72. минута, откако за време на натпреварот го повлече Нејтан Салиба за коса. Реал Мадрид оствари минимална победа над Виљареал, но натпреварот го одбележа еден необичен потег на бразилскиот напаѓач. Винисиус влезе во игра во второто полувреме, а само 20 минути подоцна беше исклучен по проверка преку ВАР. Инцидентот се случи близу средината на теренот, во ситуација кога топката не беше во непосредна близина. Контроверзниот Вини го повлече Салиба за косата, поради што судијата, по прегледувањето на снимката, одлучи директно да му покаже црвен картон. Поради исклучувањето, голот што Бразилецот го постигна во продолжението на акцијата беше поништен. Vinicius Jr. fue expulsado del partido ante el Villarreal por una agresión previa a lo que había sido el segundo gol del Madrid 🟥😳. https://t.co/XRQoClHOwp — ESPN Deportes (@ESPNDeportes) October 10, 2026 По натпреварот, Винисиус се огласи на социјалните мрежи и им се извини на Реал Мадрид и на навивачите. „Радоста продолжува, им се извинувам на тимот и на навивачите“, напиша Винисиус на Инстаграм. Сепак, тој не застана тука. Во следната објава, тој сподели неколку ситуации за кои смета дека покажуваат нееднакви критериуми при судењето, тврдејќи дека токму тој бил казнет во случаи кога други играчи поминале без истите санкции. „Кој доби жолти и црвени картони овде? Само Винисиус, каква штета!“, напиша Бразилецот.Тагови: Винисиус Жуниор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter