Коп до Ахмети: Политичко влијание врз Врховниот суд, ќе предизвика силна реакција од Холандија

Во фејсбук статусот што беше објавен на страната на Холандската Амбасада се вели дека по двегодишен постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар.

Коп до Ахмети: Политичко влијание врз Врховниот суд, ќе предизвика силна реакција од Холандија

Неприфатливо е политичкото влијание врз претседател на Врховниот суд, што е судска работа и ќе предизвика силна реакција од Холандија, е пораката на Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп што му ја пренел на лидерот на ДУИ Али Ахмети, на денешната средба што се одржала во седиштето на Интегративците. Во фејсбук статусот што беше објавен на страната на Холандската Амбасада се вели дека по двегодишен постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар.

Критиките во јавноста се зголемија откако претседателката на врховниот суд Беса Адеми се пожали на политички притисоци, а Судскиот совет ја повика на одговорност дека не ги пријавила притисоците и отсуствувала од седниците на советот. На само два дена пред нова година членот на советот Миљазим Мустафа, предложен од Престедателот Пендаровски кој што пак за Канал 5 посочи дека е поддржан од ДУИ, побара разрешување на Адеми, а како причина беше наведено наводно континуираното отсуство од седниците.

Од судски совет велат дека извештајот за Адеми е во финална фаза од подготовките и на некоја од наредните седници ќе се најде на дневен ред и за него ќе расправаат членовите на советот.

-Комисијата на известители го изработи извештајот кој е во финална фаза. Во законскиот рок од 15 дена ќе биде целосно завршен и испратен на подносителот и кон судијата на кој се однесува барањето,се вели во соопштението на Судскиот Совет.

Покрај критиките на холандскиот амбасадор и работата на сусдскиот совет е мета на критики и од домашната експертска јавност. Пензионираниот професор Давитковски за Канал 5 изјави дека испрашување од член на СС и односот кон претседател на Врховниот суд до сега е невиден правна практика.

„Видовме и кога ја испрашуваа и претсдателката на Врховниот суд такво безобразно испрашување од член на СС кој воопшто не е ни судија да се однесува спрема претседател на Врховниот суд е засега не видено во нашава правна практика... Нема под дното дно, однесувањето на СС е срамота и амбасадори и научна и стручна јавност сите реагиравме на ова нив очигледно веруваат во господ а сега очигледно Господ има. “-Борче Давитковски - Универзитетски професор во пензија

Инаку холандскиот амбасадор Хоп редовно укажува дека во Македонија нема вистинска политичка волја за промени, и постојано потенцира дека изговори има наместо реформи кои се закочени, а неговите приговори најчесtо одат на сметка на правосудниот систем.

Флик: Се надевам дека најдоброто допрва доаѓа

Шпанскиот и европски фудбалски гигант Барселона е без пораз од крајот на декември, Каталонците синоќа и ја продолжија низата без пораз во сите натпреварувања на 19 натпревари со лесниот триумф од 3:0 над Осасуна во одложениот натпревар.

Флик: Се надевам дека најдоброто допрва доаѓа

Шпанскиот и европски фудбалски гигант Барселона е без пораз од крајот на декември, Каталонците синоќа и ја продолжија низата без пораз во сите натпреварувања на 19 натпревари со лесниот триумф од 3:0 над Осасуна во одложениот натпревар.

По синоќашната победа Барса е повторно на врвот во Ла Лига со три бода повеќе од големиот ривал Реал М. .

Тренерот Ханси Флик го пофали фокусот на неговиот тим на, како што рече, беспрекорниот настап, иако со неколку промени во стартниот состав поради повреди на играчите и обврски со националните тимови.

-Поминуваме низ одличен момент и горд сум на тимот, кој покажува концентрација на секој натпревар. Остануваат уште 10 натпревари и имаме три бода предност, така што тоа е добро и мораме да продолжиме со истиот став. Се надевам дека најдоброто допрва доаѓа, додаде тренерот на Барса.

Герасимовски ја донираше својата плата за настраданите од пожарот во Кочани

„Во овие тешки моменти, во оваа болка со која сите ние се соочуваме да бидеме единствени, да бидеме сплотени, да не ги политизираме работите, да бидеме хумани и да помагаме на оние на коишто им е најпотребно во овој момент“, рече Герасимовски. 

Герасимовски ја донираше својата плата за настраданите од пожарот во Кочани

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, синоќа гостуваше во отворената хуманитарна програма „Канал 5 и Македонија за Кочани“, кадешто граѓаните можеа телефонски да донираат средства за настраданите сограѓани од пожарот во Кочани.

Во студиото на Канал 5 телевизија, Герасимовски порача дека во овие тешки денови мораме сите ние да бидеме заедно, сплотени и хумани, а политиката да ја тргнеме настрана. На прашање на новинарката дали општината има донирано, Герасимовски информираше дека Општина Центар донирала, но и тој самиот исто така ја донирал својата плата за настраданите.

„Во овие тешки моменти, во оваа болка со која сите ние се соочуваме да бидеме единствени, да бидеме сплотени, да не ги политизираме работите, да бидеме хумани и да помагаме на оние на коишто им е најпотребно во овој момент“, рече Герасимовски.

Тој истакна дека на Управниот одбор на ЗЕЛС се дискутирало на повеќе точки, меѓукои за подигнување на безбедноста и давање препораки на куќните совети во делот на хидрантите, на ПП апаратите и на заштитата на фасадите коишто се во лоша состојба.

„Дополнително, поразговаравме во делот и на урбаната опрема, угостителските објекти и сите оние услови коишто треба да ги исполнуваат. Направени се посебни комисии коишто ќе спремаат одредена, стандардизирана програма за урбана опрема којашто ќе биде единствена и ќе важи за сите општини во државата. Ја подигнавме безбедноста на нашите најмлади, на учениците во училиштата и децата во градинките. Можам слободно да кажам, родителите да бидат спокојни, нашите училишта и градинки се на највисоко безбедносно ниво и така ќе продолжиме во наредниот период. Во моментов имаме пациенти коишто се лекуваат, треба да најдеме начин сите заедно, сплотено да помогнеме на тие семејства, но и на семејства на трагично загинатите, да искочиме во пресрет на тие семејства“, изјави Герасимовски во емисијата на Канал 5.

Ирвинг успешно опериран

Кошаркарот на Далас Маверикс, Кајри Ирвинг успешно го оперира левото колено, објави американскиот клуб.

Ирвинг успешно опериран

33 годишниот Ирвинг го скина предниот вкрстен лигамент на левото колено, без да оштети други лигаменти или менискус. Во соопштението се наведува дека кошаркарот на Далас бил опериран во болницата за специјална хирургија во Њујорк.

Ирвинг се повреди на 3 март за време на првата четвртина од натпреварот во НБА против Сакраменто. Оваа сезона во НБА лигата имаше просек од 24,7 поени, 4,8 скока и 4,6 асистенции по натпревар.

Далас е на 11-тото место во западната конференција на НБА со 35 победи и 38 порази.

притисни ентер