Координативен состанок со скопските градоначалници за последиците од невремето - Канал 5

Координативен состанок со скопските градоначалници за последиците од невремето

Денеска одржавме координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој ги сумираме штетите и последиците од силното невреме што го зафати главниот град.

Координативен состанок со скопските градоначалници за последиците од невремето

Вчера беше исклучително тежок ден за Скопје. Орканскиот ветер, со удари до 130 километри на час, предизвика паднати дрвја и гранки, оштетени возила, покриви, фасади, електрични водови, урбана опрема и приватен имот.

Станува збор за временска непогода од размери какви што градот не памети со децении.

Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето.

Во координација со Владата на Република Македонија и претседателот Христијан Мицкоски, кој веќе прогласи кризна состојба ќе се врши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и и воспоставена праксаќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување.

Истовремено, со колегите градоначалници договоривме општинските градежни инспектори, инспекторите за домување и другите надлежни служби да извршат засилени и строги контроли.

Ќе се проверуваат сите позиции и објекти каде што имаше оштетени кровни конструкции за да се утврдат причините за истото, земајќи во предвид дека, одржувањето на истите треба да го имаат куќните совети.

Сите расположливи капацитети се ставени во функција и заеднички ќе се справиме со последиците од оваа сериозна природна непогода.

Сакам да се заблагодарам на брзата и навремена реакција на екипите на нашите јавни претпријатија, Противпожарната бригада на Град Скопје кои веднаш по невремето ги оспособија сите главни сообраќајници, а продолжија со расчистување на тротоари, паднати гранки и дрвја во текот на целата ноќ.

Од состанокот повторно се упатуваме на терен.

Работата продолжува сè додека не бидат санирани последиците и не се обезбеди целосна безбедност за граѓаните.

Владата, градот и општините се секогаш во фунцкија на својот народ, а народот има на кого да се потпре, објави на ФБ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија

Епархискиот управен одбор на Австралиско-сиднејската епархија, во името на чесното свештенство и верниот народ, упати честитка до Неговото Блаженство, поглавар на МПЦ–ОА и администратор на Австралиско-сиднејската епархија.

Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија

Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, е роден на 1 мај 1955 година во село Добрушево, Битолско. За епископ е хиротонисан на 12 јули 1986 година, а во октомври 1999 година е избран и востоличен за поглавар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Годинава се одбележува значајниот јубилеј – 40 години од неговата архиерејска хиротонија (1986–2026).

По овој повод, Епархискиот управен одбор на Австралиско-сиднејската епархија, во името на чесното свештенство и верниот народ, упати честитка до Неговото Блаженство, поглавар на МПЦ–ОА и администратор на Австралиско-сиднејската епархија, со следната содржина:

Ваше Блаженство,

Од името на Епархискиот Управен Одбор, свештенството и верниот народ на Македонската Православна Епархија за Австралија – Сиднеј, Ви упатуваме честитки по повод значајниот јубилеј – 40 години од Вашата архиерејска хиротонија.

Четири децении архиерејско служење претставуваат сведоштво за живот посветен во служба на Христа и Неговата Света Црква. Му благодариме на Семилостивиот Бог за годините на Вашето архиерејско служење и Му вознесуваме молитви и понатаму да Ве дарува со добро здравје, духовна крепост, мудрост и благодат во извршувањето на Вашата архипастирска служба.

Нека Господ Исус Христос, по молитвите на Пресвета Богородица и на сите светии, Ве укрепува и чува уште многу години, за доброто и напредокот на нашата Света Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија.

На многаја лета Ваше Блаженство!!!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“

Додека измамата зависи од постапките на другите, заблудата раѓа во вас и ве води во неизвесни води.

 Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“

Додека измамата зависи од постапките на другите, заблудата раѓа во вас и ве води во неизвесни води. На крајот од патувањето, следува емоционално сознание со кое многумина тешко се справуваат – разочарување.

Завршување на една врска е процес, исто како и влегувањето во неа. Кога ќе погледнете наназад, ретко постои само една причина за разделбата, но сепак постои еден збор што укажува на коренот на проблемот и често ја опфаќа целата динамика: *потенцијал*. Идејата за некого, визијата за иднина исполнета со развој – ја поттикнува почетната занесеност и ја одржува силна, сè до моментот кога станува јасно дека таквата иднина никогаш нема да се оствари. Тоа не е баш лага; тоа е само искривена слика, родена од сопствените потреби и копнежот по блискост.

Не е погрешно да се зема предвид потенцијалот; тој може да послужи како водич за заеднички развој во врската, под услов очекувањата да останат реални. Некои луѓе влегуваат во врска едноставно затоа што не сакаат да бидат сами, а токму „потенцијалот“ е аргументот што го користат за да го оправдаат тоа. Тие не сфаќаат дека вљубувајќи се во нечиј потенцијал се залажуваат себеси и се впуштаат во залуден обид да го променат партнерот.

Партнерот има свои индивидуални цели и обрасци на однесување. Да, некои од нив можат да се подобрат, обликуваат или на нив може да се работи – тоа е дел од личниот развој – но нереално е да се очекува партнерот целосно да се прилагоди на вас, на сликата што сте ја имале во умот или на визијата што првично сте ја виделе. Можеби би сакале тој да се однесува поинаку или да има интереси што се совпаѓаат со вашите... но каде тогаш би била неговата сопствена личност? „Се заљубив во неговиот потенцијал, но тоа беше само проекција на самата себе – на мојот сопствен потенцијал што допрва требаше да го реализирам. Ми требаа три години да сфатам дека почнав да чувствувам гнев кон него бидејќи не ги исполнуваше моите очекувања. Колку е тоа навистина себично? Зошто самата не ги исполнував тие очекувања?“ – вели Даниела (35), опишувајќи врска во која го сакала она што *би можело* да биде, наместо да ја гледа и негува личноста што навистина била присутна. Како што и самата признава, тоа си го правела и себеси.

Ваквото размислување води кон еден маѓепсан круг на фантазија и проекција. Наместо да живеете во моментот и да уживате во времето поминато со партнерот, постојано се потсетувате дека вашите очекувања не се исполнети. Во заедничките мигови треба да се ужива, а не да критикувате. Каде води таквата врска?

Најголемата опасност кај врските засновани на потенцијалот е стравот од загуба. Но, ако не можете да напредувате во врската, ако не сте во состојба да бидете искрени, вреди ли да останете? Како да знаете дали сте заробени во ваква токсичност? Едноставно запрашајте се: дали би останале со партнерот кога би можеле да ја видите иднината и знаете дека ништо значително нема да се промени низ годините? Ставовите, вредностите и навиките би останале исти. Дали го сакате тоа?

Луѓето растат или ги менуваат своите обрасци бидејќи така сакаат. Ги мотивира постигнувањето цели што ги сметаат за важни. Оние што се обидуваат да влијаат на тоа поради задоволување на сопствените потреби, наидуваат на фрустрација и отпор. Партнерот не се чувствува сакано или исполнето; всушност, неговата вистинска вредност се намалува.

Во тешки случаи, оние што се опседнати со потенцијалот и самите трпат психичко или физичко малтретирање – верувајќи дека работите ќе се подобрат. Во меѓувреме, истражувањата покажуваат дека ваквиот начин на размислување – особено во ситуации што го загрозуваат поединецот – го продлабочуваат проблемот, бидејќи постојано го потсетуваат на болката и јазот меѓу реалноста и фантазијата. Потенцијалот станува само еден вид бегство од реалноста.

На крајот на краиштата, со тоа ја загрозувате и сопствената благосостојба. Впрочем, нашата примарна должност е да научиме да се сакаме себеси – да препознаеме што можеме да понудиме, но и како да поместиме некои граници. Ако не можете сами да го направите тоа, неправедно е тоа да го очекувате од другите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин

Ива Михаилова, жителка на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка која заврши со смртни последици, ја напуштила Македонија заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија.

Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин

Ива Михаилова, жителка на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка која заврши со смртни последици, ја напуштила Македонија заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија, иако во рамки на постапката, како мерка на претпазливост ѝ се одземени личните документи објави бугарската БТВ.,

Михаилова изјави дека поради влошената здравствена состојба во која се наоѓа, одлучила да се врати во Бугарија.„Ја преминавме границата со мојот адвокат. Моето здравје се влоши, тој ме зеде и се вративме во Бугарија без никакви проблеми вели таа и додава дека на границата ја покажала македонска лична карта.

Таа меѓу другото изјави дека се чувствува безбедно во Бугарија , а се жалеше дека во Македонија била репресирана поради бугарското потекло и според неа тоа било и една од причините зошто била обвинета “,вели Михаилова за БТВ.

На прашањето дали има намера да се врати во Македонија за судењето, чие следно рочиште е закажано за 9 ноември таа одговори:„Случајот продолжува со или без мене. Ќе видиме како ќе биде“.Нејзиниот адвокат одби да каже на кој граничен премин поминале, велејќи дека не сака да им предизвика проблеми на луѓето кои, според него, им помагале.

Во меѓувреме, од бугарското министерство за надворешни работи објавија дека не биле однапред известени за случајот и тврдат дека не учествувале во организацијата за враќање на младата Ива во Бугарија.Се уште нема информација и од македонското мвр како Ива Михаилова ја преминала границата со оглед на тоа што ѝ се одземени личните документи, како и преку кој граничен премин ја напуштила државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер