Конзилиум проценува дали повредени во пожарот во Кочани треба да бидат транспортирани - Канал 5

Конзилиум проценува дали повредени во пожарот во Кочани треба да бидат транспортирани

 Конзилиум работи на целиот список повредени при пожарот во дискотеката, се прави проценка дали да бидат префрлени од Кочани и Штип во Скопје и од Скопје на други место. 

Конзилиум проценува дали повредени во пожарот во Кочани треба да бидат транспортирани

За сите да бидат згрижени на највисоко можно ниво. Ова го соопшти денеска во изјава за медиумите, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој информираше дека ќе дојдат и странски експерти за изгореници, меѓу кои и од Израел, а имале понуди за помош и од центри за изгореници од Холандија, Италија и Белгија.

-Бидејќи станува збор за опекотини што може да се комплицираат, наредните денови конзилиумот на доктори сметаше дека е добро да се направи место во Скопје за сите пациенти, а најкритичните да се испратат во странство. Тоа што прво тргна оттука од Клинички центар, се три пациенти за болницата Папаниколау во Солун. Голема благодарност и на дипломатите и на лекарите кои овозможија без транспорт, подвлече Клековски.

Пристигнал и авионот од Бугарија, за таму имало осум пациенти, пет покритични и три помалку критични. Со две српски возила за брза помош, кои биле дојдени во Стара градска, ќе биле пренесени пациенти во Ниш. Од Белград требало да пристигнат три возила и авион од Турција, за исто така да пренесат пациенти.

Во „Систина“ имало еден пациент, во „Жан Митрев“ три, на сопствено барање од пациентите. Двете болници ги дале петте возила со интензивна нега на располагање, за транспорт на пациентите.

Министерот за здравство, Арбен Таравари истакна дека повредените пациенти се згрижени, во стабилна и релативно добра состојба, надвор од животна опасност, на Хируршки клиники во моментов имало 25 пациенти, по 24 во Градска хирургија и болницата „8 Септември“, 31 во Штип и 13 во Кочани, или вкупно 117 пациенти. Во меѓувреме, 13 пациенти биле испратени надвор од државата на лекување, за евентуално да нема компликации во тие случаи.

Таравари јавно се заблагодари на повеќето министри за здравство од регионот и подалеку, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Унгарија, Турција и други. По неколку од пациентите ќе биле лекувани во Грција, Бугарија, Турција, Србија.

- Се надевам дека нема да има дополнителни компликации во здравјето на тие што ја преживеаја оваа трагична ситуација, нагласи Таравари.

На новинарско прашање, тој појасни дека критични биле околу 20 пациенти.

- Се потрудивме да ги однесеме, откако ни се понудија во здравствени установи во Солун, Белград, Турција, Софија. Досега 13 се испратени. Другите остануваат тука. Се заблагодарувам на целиот медицински персонал за солидарноста, нагласи министерот.

Таравари рече дека будно се следи состојбата и навремено и соодветно се реагирало, здравствени работници и лекови имало доволно. Реално, не очекувале дополнителни компликации. Околу четири лица се лекувале во приватни установи, на сопствено барање.

Министерот потврди дека и до него имало прашања од загрижени, кои се уште не знаеле што се случило со нивни блиски.

- Телата што не се идентификувани, тоа е веќе работа на Министерството на внатрешни работи, одговори тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 5. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 5. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 5. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Малите игрички со кои сакате да потврдите што е , а што не е важно во приватниот живот , ќе ви биде главна преокупација.

Кариера

Не сонувате за нешто нереално , но очекувате повеќе да бидете фокусирани на своите соништа . Имате право на нив.

Здравје

Мала кашлица.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе и одолеете на секоја провокација и ќе најдете мир во приватните односи. Ќе почувствувате олеснување и намалување на напнатоста.

Кариера

Оние кои се занимаваат со истражувачки професии , денеска би можеле да го добијат успехот што долго го посакуваат.

Здравје

Конечно имате позитивен став.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ако се обидете по секоја цена да го зацврстите својот однос , денеска нема да успеете. Препуштете и се на сегашноста и уживајте во неа.

Кариера

При смислувањето нова работна стратегија , ви паѓа на памет идеја дека не сте доволно платени .

Здравје

Немојте да бидете алчни .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе посакате чувствата да ги изразите или да ги доверите на некој кој е вмешан во вашата љубовна приказна. Во тоа ќе бидете упорни.

Кариера

Денеска ќе ви изгледа како она што го работите да не е доволно стабилно или една ситница ќе ве натера да мислите дека ништо не е сигурно.

Здравје

Посетете стоматолог.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Додека вие го расположувате , партнерот се лути. Ќе мора да го утешите со својата смисла за хумор и со топлина.

Кариера

Важно е да гледате каде одите.Вашиот пат секогаш е долг и далечен. така ви се чини и до утрешниот работен ден.

Здравје

Разведрете ги другите со хумор.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашето љубовно небо е отворено за поквалитетни интимни односи. Ќе ви признаат дека сепак ве сакаат. Тоа е добро.

Кариера

Некои ваши непријатели конечно ќе ве остават на мир. Ќе работите поорганизирано , ќе ви биде попријатно , а нема да изостанат ниту резултатите.

Здравје

Зголемена енергија.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Тешко ќе наоѓате рамнотежа во приватните односи. Повлечете се , смирете се и бидете трпеливи и реални.

Кариера

Вашите деловни желби ќе бидат едно , а реалните можности нешто друго. Сепак ако почнете да го работите она што најдобро го знаете , резултатите ќе ве расположат.

Здравје

Емотивни фрустрации.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе направите куса пауза од љубовните очекувања и тоа ќе биде добро. Но , ниту самите нема денеска да најдете душевен мир.

Кариера

Попладне ќе добиете информација дека еден извор на пари е прекинат или дека е откажана работата што би ги донела. Немојте да тагувате.

Здравје

Поработете на методите за релаксација.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Додека вие сакате со цела сила , расте нетрпението кај вас.Ќе мора малку подобро да се контролирате и се ќе биде добро.

Кариера

Почнуваат нови притисоци на работното место и вие ќе мора со тоа да се соочите. Нема веќе одложување на роковите.

Здравје

Најдете пет минути за пауза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Веќе не се плашите од своите тајни или криење на чувствата. Добивате нов полет и на конструктивен начин им приоѓате на односите.

Кариера

Почнуваат да се редат некои коцки во ваша корист и тоа ве радува. Работите со повеќе волја и сте повеќе продуктивни.

Здравје

Во секој случај, следува подобрување.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно доста ќе се движите меѓу луѓе и така ќе доаѓате до нови контакти. Можно е убаво патување или излет.

Кариера

Нема многу да се грижите за утре. Вашите деловни амбиции се веќе сосема јасни , а вие вредно работите за да ги остварите.

Здравје

Излезете на свеж воздух.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Може да очекувате уште еден ден во кој ќе има контакти и можности за дружење. Ќе ви биде пријатно и убаво.

Кариера

Ново или старо , тоа ќе биде дилемата што полека ќе ја решавате во вашата глава пред понеделник . Како и да е , не ви е лошо.

Здравје

Забавувајте се.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панче Тошковски на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Панче Тошковски 

Панче Тошковски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Билјана Ивановска, Звонко Давидовиќ и Петар Богојески во „Само вистини со Александар“

Вечерва во „Само вистини со Александар“ гости ќе бидат Билјана Ивановска, Звонко Давидовиќ и Петар Богојески

Билјана Ивановска, Звонко Давидовиќ и Петар Богојески во „Само вистини со Александар“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер