СДСМ: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село
1СДСМ: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село
АвтомобилизамКонтролите чувствителни на допир беа грешка?Директорот на европскиот автомобилски гигант објасни дека оваа технолошко-дизајнерска насока нанела голема штета и дека компанијата ги фрустрирала клиентите кои не треба да бидат фрустрирани.Внатрешноста на автомобилите на Фолксваген отсекогаш била извор на инспирација за другите марки. Едноставните и функционални контролни функции, копчињата, беа смислено лоцирани и дизајнирани. Немаше екстраваганција, а веројатно поради сето ова секој производител на автомобили со глобален дострел бараше слична форма. Потоа, во 2019 година, дојде новиот „Golf“ и наместо докажани решенија, добивме внатрешност во која доминираат контролите чувствителни на допир. Многу возачи беа збунети од ова, пред сè, од лизгачката функција на засилување на звукот на аудио системот, како и од функциите на допир и лизгање за регулирање на температурата во кабината. Оваа идеја, како што се очекуваше, беше проширена и на многу други модели на концернот. Сепак, во искреното интервју за „Autocar“, извршниот директор Томас Шефер призна дека овие команди биле грешка. Тој објасни дека оваа технолошко-дизајнерска насока нанела голема штета и дека компанијата ги фрустрирала клиентите кои не треба да бидат фрустрирани. За среќа, решението е на пат бидејќи германскиот бренд ќе се ослободи од лизгачите за контрола на климата и збунувачките функции на воланот. Првиот модел што доаѓа со нова/стара архитектура на копчиња е следната генерација на „Tiguan“. Сепак, покрај класичните копчиња, кои се видливи на воланот, има и голем екран од 15 инчи. Затоа што не може без него.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСДСМ: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново СелоЕдинственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена.Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе. Мицкоски ја премина секоја граница. Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат. Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село. Вчера Обвинителството со молскавична брзина го пронајде оној што го навредил Мицкоски. Денеска очекуваме со истата брзина Насилниците што синоќа ги нападнаа младите активисти во Ново Село мора веднаш да бидат идентификувани и приведени. Веќе е познато дека во нападот учествувал и возач на градоначалник на Струмица од ВМРО - Наско Димитриев. Значи - лесно ќе ги пронајдат. Панче Тошковски, наместо да се занимава со хиперхлорирање, анализи на водата и пуштање на водата да истекува од цевките, нека си ја работи својата работа и уште денеска нека ги пронајде насилниците и нивните налогодавачи. Полицијата и Обвинителството мора да го работат својот работа. Без селективност. Без заштита. Насилството по налог не смее да помине неказнето - Без разлика што нарачател е премиерот Мицкоски. Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Манекенка која „не излегува“ од бикини Таа е „жив оган“ и не се разделува од бикинито.Легендарниот топ модел Алесандра Амброзио е уште една од славните убавици кои во овој период уживаат далеку од градската врева, а потоа ги воодушевуваат своите следбеници на социјалните мрежи со фотографии во бикини. Бразилската манекенка Алесандра Амброзио (45) летото го поминува со своето момче, Бак Палмер, кој е заслужен за нејзините совршени фотографии на Инстаграм. Сезоната на бикини е во полн ек, а убавата Бразилка дефинитивно има што да покаже. Фаталната убавица искористи уште една можност да го покаже телото што со години е во центарот на вниманието на медиумите и модните писти, и иако е во петтата деценија од животот, Алесандра дефинитивно сè уште нема конкуренција. „Најзгодната пензионерка“, како што ја нарекуваат во јавноста, не крие дека напорно тренира за да ја одржи линијата, па затоа не изненадуваат бројните позитивни коментари под нејзините објави. „Совршена си“, „Најубавиот модел си“, „Секси мама“, „Те сакам“, „Само продолжи така“, „Вистински оган“ – беа дел од реакциите. Тагови: Алесандра Амброзио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
Шоу бизФото: Сексапилната Хали Бери Холивудската ѕвезда, актерката Хали Бери објави серија фотографии кои се најсекси досега.Атрактивната актерка Хали Бери ужива во жешкото лето и дава сè од себе за да го направи уште пожешко со провокативни фотографии. 59 годишната Хали Бери е позната по провокативните фотографии на кои не се двоуми да го покаже и своето голо тело, а неодамна објави и серија жешки слики. Добитничката на „Оскар“ спакува разновидни комбинации за плажа за својот одмор на Фиџи со свршеникот Ван Хант, но изгледа дека не облече ниту една од нив... Додека се сончаше покрај базенот, таа ја соблече речиси целата облека, што може да се види на фотографијата што ја сподели на Инстаграм за време на викендот – една од многуте што ги направи за време на ова идилично патување. Тагови: Хали Бери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook