Контантинос Тасулас од Нова демократија повторно избран за претседател на грчкиот Парламент - Канал 5

Контантинос Тасулас од Нова демократија повторно избран за претседател на грчкиот Парламент

Со широко мнозинство, односно со 249 гласа „за“ и 51 воздржан, пратеникот од Нова демократија Константинос Тасулас одново доби доверба од пратениците и беше реизбран за претседател на грчкиот Парламентот.

Контантинос Тасулас од Нова демократија повторно избран за претседател на грчкиот Парламент

Со широко мнозинство, односно со 249 гласа „за“ и 51 воздржан, пратеникот од Нова демократија Константинос Тасулас одново доби доверба од пратениците и беше реизбран за претседател на грчкиот Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

За Тасулас гласаа Нова демократија, СИРИЗА, ПАСОК и Грчко решение, додека пак Комунистичката партија, Спартанци, Победа и Курс на слободата беа воздржани.

Пред еден месец, по првите избори во Грција, Тасулас беше избран со 270 гласа „за“, меѓутоа тогаш, Парламентот веднаш се распушти во пресрет на новите избори, додека пак во јули 2019 година кога за првпат беше избран за претседател на Парламентот позицијата ја доби со рекорден број гласови, 283 од 298 присутни пратеници.

Во текот на денешниот ден, Парламентот ќе избере и потпретседатели и секретари.

Новите 300 пратеници избрани на изборите пред десет дена вчера положија свечена заклетва, а во Парламентот обезбедија место осум партии.

Нова демократија има 158 пратеници, СИРИЗА 47 пратеници , ПАСОК доби 32 пратенички места, Комунистичка партија 21, Спартанци и Грчко решение по 12 пратеници, Победа десет, а Курс на слободата осум пратеници.

Откако денеска беше изберан претседател на Парламентот, во четврток ќе започне тридневната расправа за гласање доверба на Владата, а ќе заврши в сабота со гласањето на пратениците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојковски: Од 200 до 300 нови пациенти годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија

Расте бројот на заболени од канцер во Македонија.

Стојковски: Од 200 до 300 нови пациенти  годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се лекуваат 20 000 онколошки пациенти.

Од 200 до 300 нови пациенти има годишно.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикини

Српската старлета Станија Добројевиќ повторно предизвика хаос на социјалните мрежи откако се јави од сончевото Мајами и сподели серија крајно провокативни фотографии кои целосно го вжештија „Инстаграм“. 

Фото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикини

Таа покажа како го поминува времето на луксузна дестинација и уште еднаш докажа дека знае како да го привлече вниманието на јавноста.

Станија Добројевиќ сподели жешки кадри пред огледало во модерна бања, каде што позира во проѕирно тантелено боди што ја истакна нејзината витка фигура.

Провокативната старлета исто така покажа како го започнува денот – позирајќи покрај голем панорамски прозорец со поглед на градот, завиткана само во крпа на главата и во минијатурна долна облека, додека ужива во утринското кафе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сидни Свини и Мерилин Монро се роднини

Провокативната американска актерка Сидни Свини и секс симболот на Холивуд, легендарната Мерилин Монро всушност се далечни роднини, според новото генеалошко истражување на „MyHeritage“.

Сидни Свини и Мерилин Монро се роднини

Провокативната американска актерка Сидни Свини и секс симболот на Холивуд, легендарната Мерилин Монро всушност се далечни роднини, според новото генеалошко истражување на „MyHeritage“, кое утврдило дека двете холивудски ѕвезди се братучетки во деветто колено . Што ги поврзува двете холивудски ѕвезди?

Нивните семејни стебла се поврзани преку заеднички предок, Езра Пери, кој живеел во Сендвич, Масачусетс, во текот на 17-тиот век; врската оди преку таткото на Сидни Свини, Стивен Свини, и биолошкиот татко на Мерилин Монро, Чарлс Стенли Гифорд.

Откритието е особено интересно бидејќи Свини и Монро честопати биле споредувани поради нивниот изглед и холивудскиот гламур; ѕвездата на серијата „Еуфорија“ исто така постојано ѝ оддава почит на славната актерка преку своите модни избори, вклучително и појавувањето во фустан што наликува на оној што Монро го носела на насловната страница на списанието „LIFE“ во 1952 година.

Директорот за истражување во „MyHeritage“, Рои Мандел, изјави дека ваквите откритија ја покажуваат поврзаноста на човечките семејни стебла, истакнувајќи дека генеалошките истражувања претходно откриле изненадувачки семејни врски меѓу други славни личности, вклучително и Ана Винтур и Мерил Стрип.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер