Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
БалканКонституирано новото бугарско Собрание, Радев најавува состав на неговата Влада во наредните две неделиРумен Радев најавува дека новата бугарска влада ќе биде составена во наредните две недели.. Две недели по изборите кај нашиот источен сосед, двеста и четириесетте народни пратеници во новиот состав на бугарското собрание и официјано седнаа во пратеничките клупи. По свечената заклетва на конститутивната седница за прва меѓу еднаквите со мнозинство гласови од „Прогресивна Бугарија“ и „ГЕРБ“ беше избрана 42 годишната Михаела Доцова, која во својот говор ја нагласи улогата на парламентарците и потребата од одржливо владеење. Во новиот состав покрај веќе познатите ликови е и поранешниот претседател Румен Радев кој по девет години поминати како шеф на државата со мнозинство од 131 пратеник се очекува сам да ја формира новата влада. На пратеничкото место Радев според најавите ќе се задржи кусо или како што самиот најави, најдоцна до средината на мај за кога очекува да се формира новата влада. „Никогаш не сум бегал од одговорност, партијата ќе одлучи кој ќе биде премиер. Кога претседателката Јотова ќе ги објави консултациите (за состав на влада) ние сме подготвени да одговориме веднаш. / Од вашата партија рекоа дека до 15 мај се очекува да има нова влада, вие подготвен ли сте со составот на кабинетот? / Се надевам составот и структурата на владата да бидат подготвени и пред 15 мај затоа што има премногу работа, има многу одложени реформи.“ Очекувања од новата влада има и претседателката Јотова кој повика на единство, борба против криминалот и корупцијата. Јотова сепак, не заборави и да ја нагласи како што самата оцени, улогата на Бугарија во регионот на западен Балкан. „Време е Бугарија да престане да се однесува како плашлив гостин во европското семејство. 19 години од нашиот влез таму, треба да се слушне нашиот силен и влијателен глас, затоа што нашето мислење, нашата позиција, нашата гледна точка вредат и се ценат исто колку и на секоја од 27 земји членки. Имаме што да предложиме за безбедноста на надоврешните граници, имаме што да кажеме за развојот на западен Балкан.“ Очекувања од новата влада кај нашиот источен сосед има и државниот врв во земјава кој изрази надеж за продолжување на дијалогот за деблокада на македонските евроинтеграции. Претседателката Сиљановска Давкова по телефонскиот разговарала со Радев, потврди дека очекува и средба со него откако веќе претходно најави дека ќе се бара решение за билатералните прашања. Зголемен ангажман со цел изнаоѓање на некакво решение најави и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЗлатото и среброто бележат раст на светските берзиЦените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари. Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари. Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последициПо бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани. По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook