Конкурс за творби од основци инспирирани од делата на Конески - Канал 5

Конкурс за творби од основци инспирирани од делата на Конески

Право на учество имаат сите ученици од прво до деветто одделение од основните училишта во земјава, а натпреварот е во неколку категории за различни возрасти.

Конкурс за творби од основци инспирирани од делата на Конески

По повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески и согласно Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески" и заклучокот на Владата, Министерството за образование и наука распиша Конкурс за ученици од основното образование инспирирани од делата на Конески, кој е отворен до 1 април 2021.

Право на учество имаат сите ученици од прво до деветто одделение од основните училишта во земјава, а натпреварот е во неколку категории за различни возрасти.

Учениците од прво до трето одделение може да учествуваат во три категории: за најдобра ликовна творба „Блаже Конески низ цртеж"; за најдобра ликовна творба „Буквите низ цртеж" и за најдобра ликовна творба/фотографија.

Учениците од четврто до деветто одделение може да учествуваат со свои творби на темите: „Конески бдее над татковината – јазикот" или „Поезијата на Блаже Конески – наша ненасушна инспирација" во три категории: за најдобра поетска творба; за најдобар расказ и за најдобра ликовна творба/фотографија.

Еден ученик може да испрати само по еден индивидуален авторски труд во една категорија или во повеќето наведени категории, соодветно на одделението во кое учи.

– Творбите треба да бидат оригинални, плод на трудот и знаењето на ученикот, инспирирани од богатата ризница на поетски творби на Блаже Конески, наведува МОН во Конкурсот во кој се содржани информации за начинот и адресата за праќање на творбите.

За изборот на најдобрите творби во секоја од наведените категории, Министерството за образование и наука ќе формира посебни комисии составени од пет члена.

Ќе бидат доделени вкупно 27 награди, само за освоено прво место, во секоја категорија, за секое одделение од основното образование. Секоја награда се состои од книги.

Министерството за образование и наука ќе ги објави имињата на наградените ученици на својата веб-страница www.mon.gov.mk, најдоцна до 20 април 2021.

Наградите ќе бидат доделени на настан по повод чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, а за присуство на приемот на наградата, како што е наведено во Конкурсот, МОН ќе ги надомести средствата за превоз на наградените учесниции за придружба на еден возрасен (наставник или родител/старател), во износ на билет за автобуски превоз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен раководител во ДЗС - барал мито за да издаде позитивно мислење

500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари.

Уапсен раководител во ДЗС - барал мито за да издаде позитивно мислење

500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари за издавање на потребното мислење. Ангелов вели дека веднаш го упатил лицето случајот да го пријави во МВР. По пријавата следувала полициска акција и апсење на вработениот, кој сега е осомничен за кривично дело примање поткуп.

-Пред неколку дена добив повик од граѓанин кој ми се пожали дека од страна на лице вработено во ДЗС како Советник за урбанистичко планирање му биле побарани 500 евра за да добие позитивно мислење потребно за изградба на објект. Засегнатото лице го упатив случајот веднаш да го пријави во Одделот за организиран криминал на МВР. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на безмалку сите вработени во ДЗС кои чесно, совесно и пожртвувано ги извршуваат своите работни обврски,- – Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.

Од МВР информираат дека лицето било лишено од слобода во координација со Обвинителството. По целосно документирање на случајот најавија соодветна кривична пријава. Од ОЈО велат дека јавнообвинителска одлука ќе биде донесена утре.

-Се постапува за обезбедување докази. Лицето е задржано по насоки на јавен обвинител, а во текот на утрешниот ден ќе биде донесена јавнообвинителска одлука,- – ОЈО Скопје.

Ангелов ја поздрави акцијата и ги повика граѓаните кои се соочуваат со незаконско постапување од страна на вработени во Дирекцијата, случаите веднаш да ги пријават во надлежните институции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Актерката Лидија Вукичевиќ полиена со јогурт пред Собранието на Србија

Мегапопуларната српска актерка Лидија Вукичевиќ пред да влезе во Собранието на Србија е полеана со јогурт.

Видео: Актерката Лидија Вукичевиќ полиена со јогурт пред Собранието на Србија

Една од идните пратенички од листата собрана околу СНС, Лидија Вукиќевиќ, е полиена со јогурт на скалите пред Собранието на Србија.

Лидија Вукичевиќ утрово беше полиена со јогурт од страна на Марија Радовановиќ, поранешна секретарка на Медицинскиот факултет во Белград, во моментот кога пристигнала пред Собранието на Србија.

Пратеничката од редовите на СНС дојде на конститутивната седница на Собранието на Србија во црно-бела комбинација, а носеше и капут со интересен крзнен детаљ околу вратот.

Посебно внимание привлече нејзиниот избор на модни додатоци – таа се одлучи за чанта и очила од брендот „Гучи“.

Станува збор за црн кожен часовник во „винтиџ“ стил, чија цена изнесува околу 3.000 евра, додека очилата од истиот бренд чинат околу 800 долари.

Откако беше полиена и влезе во Собранието, видно вознемирената актерка им се обрати на присутните медиуми, веднаш по лидерот на СНС, Александар Вучиќ. Актерката одлучи да не ги извади очилата, а бидејќи гласот ѝ трепереше, се претпоставува дека таа се расплакала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, на елеватор повредени десет деца

Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, десет деца завршија во Ургентниот центар, тројца мораа да бидат оперирани

Видео: Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, на елеватор повредени десет деца

Десет деца, на возраст од осум години, денес биле пренесени во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград, откако се здобиле со повреди – некои од нив и сериозни – во инцидент што се случи околу 14:35 часот во трговскиот центар „Галерија“.

Според очевидци, инцидентот наводно се случил на подвижните скали. Сите деца се подложени на дијагностика, а на три од примените деца им е потребна хируршка интервенција, соопшти Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Како што претходно објави Танјуг, неколку деца се здобиле со тешки телесни повреди, скршеници и повреди на главата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер