Мала промена може да ја врати страста во врската: Експертите откриваат што најчесто паровите забораваат
2 Мала промена може да ја врати страста во врската: Експертите откриваат што најчесто паровите забораваат
КултураКонкурс за најдобра поетска творба за животот и дејноста на Свети Климент ОхридскиПо повод патронот на градот, Свети Климент Охридски, Општина Охрид распиша ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба за животот и дејноста на свети Климент Охридски.Право на учество имаат сите редовни ученици од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид. Општината, како што е наведено, ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три категории: за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение), за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) и за ученици во средно образование (од прва до четврта година). – Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра, најдоцна до 30 ноември годинава треба да се достават до Општина Охрид, на улица „Димитар Влахов“ бр. 57, со назнака: за конкурсот за наградени творби и со наведена категорија за која се конкурира, соопшти општинката прес-служба. Износот на наградата за првата категорија е 2.000 денари, за втора категорија 3.000 и за трета категорија 4.000 денари. Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири – комисија, а наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод празникот Свети Климент Охридски на 8. декември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
СветВидео: Тајфун ја погоди Кина, откажани илјадници летови, евакуирани повеќе од милион луѓеПовеќе од еден милион луѓе се евакуирани од своите домови во источна Кина, вклучително и во областа на Шангај, откако тајфунот „Долфин“ стигна до копното. Бурата го парализираше сообраќајот, а само во Шангај биле откажани околу 1.400 летови. „Долфин“ најпрво го погоди Јухуан во провинцијата Жеџијанг со максимална брзина на ветерот од околу 150 километри на час, а околу еден час подоцна повторно стигна до копното во близина на градот Венџоу, соопшти кинеската метеоролошка служба. Кинеските власти претходно издадоа предупредување од највисоко, црвено ниво за тајфунот. До понеделник наутро, „Долфин“ ослабе во тропска бура, но продолжи да се движи кон внатрешноста на земјата. Закана од обилни дождови, поплави и лизгање на земјиштето. Властите продолжуваат да предупредуваат на обилни дождови, сериозни поплави и ризик од лизгање на земјиштето сè до среда. Обилни дождови се очекуваат во провинциите Шандонг, Хенан, Хубеи, Анхуи, Џиангсу и Жеџијанг, како и во Шангај. Во делови од провинцијата Жеџијанг би можеле да наврнат меѓу 250 и 500 милиметри дожд во текот на неколку дена. Локалните власти ги повикаа жителите да избегнуваат престој на отворено, а затворени се и бројни туристички атракции. Затворени се делови од „Дизниленд“ и „Леголенд“, како и неколку платформи за набљудување долж шеталиштето „Бунд“ во Шангај. The 13th typhoon of the season Dolphin hit at 5:30pm on Sunday near Kanmen Subdistrict, Yuhuan City, Taizhou, Zhejiang — as a strong typhoon with maximum winds of 42 m/s (force 14) and a minimum central pressure of 945 hPa, according to China's National Meteorological Center. pic.twitter.com/UKed7vH4Ar — Shanghai Daily (@shanghaidaily) August 9, 2026 Снимки од кинеските државни медиуми прикажуваат поплавени деловни простории во приземјето во поранешната Француска концесија во Шангај – област популарна меѓу туристите. На снимките се гледаат и луѓе кои газат низ вода длабока до глуждовите. Во Венџоу, властите преместија околу 900.000 жители и отворија повеќе од 1.000 прифатилишта за итни случаи. Во Таиџоу, околу 390.000 луѓе беа евакуирани од своите домови.Тагови: тајфуни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинатиСо положување венци и свежо цвеќе, денеска ќе се одбележат 25 години од загинувањето на 8 припадници на резервниот состав на армијата кај месноста Љуботенски Бачила.Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе им оддаде почит на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски Бачила. На 10 август 2001 година воено товарно возило нагази на две против тенковски мини на патот кон месноста љуботенски бачила на Скопска Црна Гора, поставени од припадници на она, при што загинаа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски... Делегација од армијата и министерството за одбрана, предводена од началникот на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе положи венци со свежо цвеќе на споменикот на паднатите бранители во село Волково, пред споменикот на загинати бранители во село Љубанци и пред спомен-плоча во касарната „Илинден“, најавија од министерството за одбрана...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МетеоСончево и многу топло времеДенеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија, ова утро во осум часот. Од рано наутро, температурата во Кавдарци е 26 степени, со што е најтопол град. На Попова Шапка се измерени 18 степени, а тоа е најниската температура утрово во осум часот во Македонија. Во Скопје во осум часот УХМР измери 24 степени. Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 14 до 24 степени, додека максималните ќе достигнат од 32 до 40 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05