Конкурс за карикатура „Мажот како колатерална штета во односот снаа-свекрва”

Општина Крива Паланка и авторот на Меѓународниот Конкурс Невестинско поклонение на свети Теодор-тирон, Стојанче Величковски, го распишаа Меѓународниот конкурс за карикатура на тема „Мажот како колатерална штета во односот снаа-свекрва”.


Според критериумите за пријавување еден автор може да учествува со максимум четири бестекстуални карикатури, а со пополнување на формулар учесникот потврдува дека авторското дело е негова лична интелектуална сопственост.

Делата се доставуваат исклучиво во електонска форма со кратка биографија на авторот.

Краен рок за пријавување е 20 јануари 2016 година, а на истиот датум ќе бидат објавени и резултати. Пристигнатите творби ќе ги оценува жири комисија составена од еминентни карикатуристи од Македонија и Бугарија, како и Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка, Стојанче Величковски, графички дизајнер, автор на конкурсот и Драган Величковски, директор на Градски Музеј – Крива Паланка.

Најдобрите три карикатури ќе добијат награди и тоа: прва награда „Трофеј Невестулка” и парична награда од 250 евра, втора награда , диплома и 200 евра и трета награда - диплома и 150 евра. Жирито ќе додели и специјална награда за најдобра колекција

Фото: Никол Кидман во златен фустан

Актерката Никол Кидман  доби историско признание, и докажа дека е вистинска ѕвезда на филмската индустрија.

Мегапопуларната актерка неодамна ја доби наградата AFI (American Film Institute Lifetime Achievement) за животно дело и вклученост во филмската индустрија. Со тоа таа стана првата Австралијка која ја добила оваа престижна награда во Лос Анџелес.

На доделувањето на наградата на кое присуствувале многу колешки на Никол, сексапилната актерка блесна во златен долг и елегантен фустан кој ја истакна нејзината соврѓена става.

Спасовски од Шуто Оризари: Да не се попречува изборниот процес

 Да не се попречува изборниот процес, да не се закануваат, да не навредуваат, да останат на ниво на демократски вредности!

Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и коалицијата за европска иднина од ИЕ2, Оливер Спасовски, имаше свое обраќање во Шуто Оризари.

„Денеска продолжуваме со изборната кампања во Шуто Оризари на разговор со граѓаните за претседателските и парламентарните избори на 8 мај. Сакам да се сретнеме со сите граѓани, да влеземе во секоја куќа во општината Шуто Оризари, да поразговараме со секого за нашата перспектива на Македонија”, рече Спасовски. Притоа, тој ја истакна важноста да се гласа на 8 мај.

„Многу е важно граѓаните да останат смирени и овој втор круг од изборите да помине во демократска атмосфера. Упатувам порака до сите оние се дрзнуваат на било кој најчин да го попречуваат изборниот процес, да се закануваат, да навредуваат, да останат на ниво на демократски вредности. Да ги почитуваат граѓаните и на мирен, фер и демократски начин да заврши изборниот процес. Воедно ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски заокружувајки го бројот 1, и да гласаат за листата на пратеници исто така под број 1 за коалицијата за европска иднина”, порача Спасовски.

Како до празнична трпеза без да се оптовари домашниот буџет?

Како наближуваат велигденските и првомајските празни, така растат и цените на овошјето и зеленчук, јагнешкото месо.  

Канал 5 напарви обиколка на еден скопски пазар, но и во дел од месарите, каде засега единствено велат поскпаено е само јагнешкото месо. Поразговаравме и со дел од пазарџиите. Ако до вчера килограм краставица на скопските пазари можеше да се најде и за 50 денари килограм, денеска цената е повисока за 10 денари, од 5 до 10 денари има промени и кај доматот, компирот, салатите. Дел од пазарџиите велат можно е цените да растат и во следните денови.

„Некоја роба има разлика, но не верувам да се качи пред Велгиденот, може да се качи ама нема народ пари. 5 10 денари не е страшно, вчера беше краставицата 50 сега 60 денари. Доматот 100. Немаат граѓаните пари, со минимланна плата не може да искочи на крај со ова. “--изјави, трговец на пазар.

Граѓаните ги прават последните подготовки пред празниците, тие викендов се растрчаа по пазарите да купат по некое овошје и зеленчук, но велат не можат многу да си дозволат бидејќи цените постојано растат. Во зависност од домашниот буџет и цените на производите трпезата годиава ќе биде велат поскромна.

„Се спремаме и за велигден и за мај... Се знае дека се е поскапено, ќе биде малце исто ама посиромашно...“

„За некоја нијасна поскапено е да... “

„Секогаш има, секогаш имало или ќе има. Ако не многу од се помалку и пак ќе има....“

„Има и поскпаување и поевтинување негде има... Послаба ќе биде ама ....“

Досега цената на јагнешкото месо за килограм во дел од месарите и маркетите е зголемена од 150 до 200 денари. Дел од сточарите велат пред велигденските празници цената секогаш била повисока, но ова што сега се случува е нералано. Според нив најголемиот проблем е кај трговците кои ставаат високи маржи, бидејќи велат нивната откупна цена е 220 денари за килограм, па јагнето според нив не би требало да биде поскапо од 500 денари.

притисни ентер