Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња
1Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња
МакедонијаКоњановски: Битола се гради како никогаш досега, конкретни проекти, видливи резултати и јасна визија за иднинатаВашите идеи значат визија за нашата Битола, а промените во нашиот град не останаа празни зборови, туку станаа видливи проекти, дела кои потврдуваат дека Битола се гради како никогаш досега, се обновува и развива.Токму затоа денес сакам директно да се обратам кон моите битолчани кои пред 10 месеци избраа континуитет препознавајќи ги промените и четиригодишниот напредок на својот град низ нашата заедничка соработка и партнерство градејќи ја иднината на Битола. Денес кога правиме сублимат на сработеното во првата година од овој мандат, сумирајќи ги резултатите на нашиот заеднички труд на граѓаните на Битола, мој и на моите соработници од локалната самоуправа, можам да кажам дека и покрај сложените проблеми на теренот што за некои делови од градот значат инфраструктура недопрена со децении, а некаде никогаш вистински решени проблеми, чекор по чекор ја остваруваме визијата за поубав и инфраструктурно поуреден град, спортски активна и успешна младина и културен подем достоен за Битола. Од нумерички аспект тоа значи најголем број одобрени проекти од владата на државно ниво или вкупно 81 проект од двата владини повици од унгарскиот кредит. Над 10км обновена и новоизградена патна инфраструктура во урбаниот и руралниот дел на нашата општина. Инвестиции во водоводната и канализационата мрежа во должина од над 3 километри, реконструкција и изградба на 24 спортски училишни терени и четири типски спортски сали, 220 нови паркинг места на некогашните узурпирани градски простори или како дел од новоизградените улици. Понатаму, изграден простор за згрижување на 475 деца преку адаптација на новата градинка Пчеличка која ја отворивме во домот за доенчиња и мали деца и каде се згрижени 76 деца. Градинката во Нова Битола која ќе згрижува 153 деца очекувам да започне со работа до крајот на годинава и интензивна работа на градинката во комплексот АРМ каде идната година листата на чекање ќе биде намалена за уште 246 деца. Покрај сите предизвици со кои се соочуваме како од демографска така и од инфраструктурна природа продолжуваме да инвестираме за нашата иднина. Младата популација според констатираните потреби на населението и слушнатиот глас низ секојдневните средби со нашите сограѓани. Затоа работиме и на проектот којшто го ветивме за изградба на училиште во населбата Буковски ливади со комплетна опременост соодветна за воспитно-образовната институција за што инвестираме над 31 милион денари. Ја продолжуваме реконструкцијата на Центарот за спорт и рекреативни активности, поранешната боксерска сала. Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови. Во спортската инфраструктура покрај во терените и објектите на образованието, образовните институции инвестираме и подготвуваме проектна документација и за други локации. Во соработка со Фудбалската федерација на Македонија ќе следува целосна реконструкција на ќумурното игралиште, а ќе се гради и нов спортски терен помеѓу него и спортската сала Боро Чурлевски. Професионалните спортски клубови продолжуваат да бидат наша гордост и да ја имаат општинската поддршка и кога постигнуваат победи и високи резултати, но и кога се соочуваат со пораз, затоа што само на тој начин се поттикнува спортскиот дух кај играчите, се зголемува поддршката и довербата од нашите ценети навивачи, а за идните млади спортисти се отвараат спортски перспективи и можности преку напредок и развој на младинските школи и училишниот спорт. Ако претходниот мандат бевме локална самоуправа која за првпат во Битола изгради вело инфраструктура во должина од над 5 километри, веќе работиме на подготовки за нови 2,7км велопатеки. Киното Партизан е уште еден објект од културата за кој е обезбедена инвестиција од 96 милиони денари за изградба на мултинаменски објект кој ќе биде самоододржлив и ќе може да се користи за кино и театар, но и за изложби и други мултимедијални настани. Битола повторно станува град во кој културата блеска во најсилно светло. Во изминативе 10 месеци имавме над 100,000 посетители на нашите манифестации. За овој културен раст општината преку програмата за култура обезбедува околу 45 милиони денари, што е седум пати помалку од 310 милиони денари за спортската инфраструктура, но доволно за битолската култура далеку да се слушне, а сите посетители на настаните за убавите впечатоци долго да зборуваат. Додека го издигнуваме нивото на интегритет, антикорупција и транспарентност, наш активен партнер во многу процеси се младинските организации, младинскиот совет, младинскиот центар, невладиниот сектор, бизнис секторот, жените претприемачи и сите граѓани. За ранливите категории, Општина Битола преку програмата за социјална заштита за 2026 година обезбедува вкупно 14 милиони 600 илјади денари. Меѓу нив се издвојуваат 1 милион и 500 илјади денари за поддршка на лицата со ретки болести за нивните патни трошоци и други потреби, како и дополнителни средства за обезбедување услуги за рехабилитација и стручна поддршка за лицата со попреченост, вклучително логопедски, дефектолошки, психолошки и психосоцијални третмани, како и рехабилитација и други третмани за децата со попреченост. Дополнително, предвидени се 500,000 денари за адаптација на домови за лица со попреченост со цел подобрување на пристапноста и условите за самостојно живеење. Партнерски дејствуваме во реализација на проекти од европски и други фондови, а посебен акцент ставаме и на енергетската ефикасност на објектите во наша надлежност. Еден од капиталните проекти на оваа локална самоуправа е и противпожарната зграда во поранешната касарна, која ќе биде објект кој ги задоволува сите стандарди за ефикасна интервенција. Општината инвестираше над 52 милиони денари на парцела од 3300 квадратни метри со корисна површина од 1600 метри квадратни до фаза на карабина со поставена дограма. Втората фаза преку грант на Министерството за одбрана на САД опфаќа дел од архитектурата со која објектот ќе биде целосно адаптиран и енергетски ефикасен со намена за својата дејност. Вредноста на договорот за грантот е во висина од околу 1 милион американски долари. Со сите споменати инвестиции, Битола заслужува да биде град кој ќе ве пречека најавувајќи ги придобивките од се претходно споменато, кои ве очекуваат како гостин или жител на нашиот град. Ваквата наша интенција е препознаена и од владата со чија поддршка инвестираме и во изградба на булеварскиот влез како што одамна и беше потребен на Битола. Ова не е дневна политика и популизам, туку континуирана и стратешка заложба на тим со јасна цел и визија, силна мотивираност и посветеност, насоченост, работа на проектна документација и работа на терен. Предизвици за град како Битола има уште многу создадени од различни фактори. Дел од аспект на старото автентично градско јадро, дел гледани како резултат на стариот генерален урбанистички план непроменет повеќе од 25 години, а дел настанати како последица на повеќегодишното неинвестирање во градот. Нив не ги решаваат скечеви, герила акции или желба да се придобие довербата на граѓаните. Решението е во конкретни проекти и многу работа. Денес додека Битола се подготвува за големиот фестивал Браќа Манаки, а градежната механизација е постојано на терен и кога нашата држава одбележува 35 години независна Македонија со манифестации низ градовите, честитајќи го овој значаен јубилеј, посакувам заедно низ конструктивност, идеи, инвентивност, достојно да си ја честитаме независноста, градејќи поубаво место за живеење на сите наши граѓани. Тони Коњановски, градоначалник на општина БитолаТагови: Тони Коњановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамСериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничињаИстрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците. Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година. Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата. Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата. Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата. Извор: Б92Тагови: Ford Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕксплозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваатБројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија. Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност. Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир. Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата. Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен. 🚨🇹🇷 DEATH TOLL RISES TO SIX AFTER MASSIVE EXPLOSION AT STEEL FACTORY IN İZMİR, TURKEY At least six workers have died following a devastating explosion and fire at the HABAŞ iron and steel factory in Aliağa, İzmir. https://t.co/hL6jzn2JC5 — Nova Intel (@intel_nova) November 9, 2026 Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик. Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката. Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови. Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка. Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање. Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници. Извор: Б92Тагови: експлозија турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаПожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штетаПожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува. View this post on Instagram A post shared by Televizioni Alsat (@alsat.mk) Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter