3Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
МакедонијаКонференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промениСредбата е организирана од списанието The Region со цел да се истакне потенцијалот на регионот да придонесе за создавање поконкурентна, одржлива и потесно поврзана Европа.Амбасадорот на Велика Британија во Србија, Едвард Фергусон, на панелот „Зелена транзиција - од посветеност кон акција“ што се одржа во рамките на годишната конференција Western Balkans 2030, оцени дека силниот национален консензус е од големо значење за усвојување на законодавството за зелена транзиција. Тој рече дека тоа е случај во неговата земја и дека одржувањето на тој консензус, особено кај младите, е исклучително важно. Фергусон изјави дека Велика Британија неодамна ја затворила својата последна електрана на јаглен, во согласност со разбирањето дека зелената транзиција е итна потреба. Фергусон рече дека неговата земја смета за „стратешки императив“ да се оддалечи од фосилните горива и поради геополитичките околности. Тој додаде дека Велика Британија инвестира големи суми во обновливи извори на енергија, што само по себе не е доволно, бидејќи се потребни и законски измени. Амбасадорот Фергусон изјави дека неговата земја се обидува да се фокусира на иновации, без разлика дали станува збор за употреба на водород или зафаќање на ослободениот јаглерод. Тој додаде дека нуклеарната енергија исто така добива на значење. Според Фергусон, Велика Британија предвидува пад на цените на електричната енергија во земјата во моментот кога ќе се реализираат инвестиции во зелена енергија. Заменик-генералниот секретар на Советот за регионална соработка (СРС) Арслан Умут Ергезер изјави дека адаптацијата на Западен Балкан кон климатските промени бара десетици милијарди евра. Тој додаде дека за зелената транзиција во регионот не е доволно само јавно финансирање, туку се потребни и средства од приватниот сектор, за што е важен повратот на инвестициите. Ергезер рече дека СРС обезбедува сеопфатна политичка рамка и разни акциони планови за зелената транзиција, и дека имплементацијата зависи од самите држави и дека СРС не може да се меша на локално ниво. Ергесер изјави дека иако донаторите играат важна улога, властите во државите мора сами да водат „сериозни разговори“. Вршителката на должноста помошник-министерка за рударство и енергетика за енергетска ефикасност и климатски промени, Маја Вукадиновиќ, изјави дека Србија влезе во процесот на зелена транзиција во понеповолна ситуација од земјите-членки на ЕУ. Вукадиновиќ изјави дека Србија не може одеднаш да донесе одлука за затворање на сите електрани што ја загадуваат животната средина, меѓу другото, од социјални и економски причини, и дека е потребна постепена транзиција. Таа изјави дека до 2030 година е планирана изградба на објект за складирање и користење на водород, како и дека се планираат понатамошни истражувања за примената на водородот во производството на електрична енергија, како и примената на нуклеарната енергија. Генералниот директор на „Електростопанство на Србија“ (ЕПС), Душан Живковиќ, изјави дека не го доведува во прашање процесот на декарбонизација, но дека процесот ќе мора да се одвива постепено. Конференцијата „Western Balkans 2030“, што се одржува за првпат, ги собира претставниците на меѓународните, европските и регионалните институции, владите, инвеститорите и иноваторите, со поддршка на Европската инвестициска банка и Канцеларијата на ОН за проектни услуги. Средбата е организирана од списанието The Region со цел да се истакне потенцијалот на регионот да придонесе за создавање поконкурентна, одржлива и потесно поврзана Европа. Намерата е конференцијата да се одржи и во други градови низ целиот Западен Балкан до 2030 година, како годишен форум за дијалог и соработка, каде што идеите се трансформираат во конкретни акции и партнерства. Тагови: Western Balkans 2030 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Градскиот ѕид со нова урбана опрема, поставени вкупно 68 клупи во строгиот центарОпштина Центар го заокружува уредувањето со нова урбана опрема долж Градскиот ѕид. Деновиве активностите го опфатија потегот од улицата „Македонија“ до Соборниот храм и внатрешниот простор кај „Агромеханика“. Во оваа фаза се поставени 48 клупи и 39 корпи за отпадоци. Заедно со клупите поставени во првата фаза на пешачката патека на улицата „Даме Груев“ и кај Зелено пазарче, вкупниот број изнесува 68. Клупите се со различен дизајн, стандарден и модерен, што придонесува за подинамичен и попријатен градски амбиент. Во исто време, граѓаните можат да се одморат, да седнат, да поразговараат и да уживаат на отворено кога временските услови го дозволуваат тоа. „Се стремиме улиците во Центар да добијат современ европски изглед, но и да ја задржат хуманата димензија. Да бидат места каде што секој ќе може да се одмори за момент, да земе здив и да помине пријатни моменти, а не само да протрча низ градот“, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Тој упати апел до граѓаните совесно да ја користат и чуваат новата урбана опрема.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаСелекторот Берокал ги одбра 12. кошаркари за дуелот со КипарСелекторот на најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го одреди конечниот ростер од 12 кошаркари кои ќе настапат на вечерашниот натпревар против Кипар.Селекторот на најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го одреди конечниот ростер од 12 кошаркари кои ќе настапат на вечерашниот натпревар против Кипар, во рамките на втората фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во составот на Македонија се наоѓаат и Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт, кои им се приклучија на репрезентативните колеги во завршницата од подготовките за овој дуел. Конечниот состав на Македонија: Ненад Димитријевиќ Виктор Ташовски Виктор Ефремовски Војдан Стојановски Лука Стојановски Адем Мекиќ Стојан Ѓуроски Резарт Мемед Тома Стојаноски Андреј Маслинко Дамјан Робев Мозес Рајт Селектор: Жозеп Марија Берокал Натпреварот Македонија – Кипар се игра вечерва, со почеток од 18:00 часот, во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Тагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПочина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“Енди Тејлор, поранешниот гитарист на британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran), почина на 65-годишна возраст како последица на рак на простата. Веста за неговата смрт во средата ја потврдија членовите на бендот и неговото семејство. „Енди почина мирно во својот дом, опкружен од своите најблиски, во понеделникот, на 23 ноември“, се наведува во заедничкото соопштение објавено на Инстаграм и на официјалната веб-страница на групата. Неговата сопруга Трејси зборуваше за неговата тешка борба со ракот на простата, истакнувајќи ја храброста со која тој се соочуваше со болеста. „Во последните години, тој се соочуваше со болеста со голема храброст и одлучност. Се бореше до самиот крај, никогаш не губејќи ја љубовта кон животот“, изјави неговата сопруга. Поранешните колеги на Тејлор од бендот – Сајмон Ле Бон, Џон Тејлор, Ник Роудс и Роџер Тејлор – исто така му оддадоа почит. Тие ја истакнаа „негасливата енергија“ и „заслепувачкиот шарм“ што тој ги внесуваше во бендот. „Неговата свирка на гитара беше движечката сила зад песните што нè однесоа низ целиот свет, додека неговиот специфичен, сув хумор – пропратен со неговата извонредно прагматична и непретенциозна животна филозофија – ни помагаше да останеме цврсто на земја и му даде на бендот негов уникатен карактер во текот на извонредните години што следеа“, напишаа членовите на бендот. Енди Тејлор беше дел од составот на „Duran Duran“ што ја дефинираше музичката сцена во 1980-тите години. Неговото свирење гитара и придонесот кон звукот на бендот одиграа значајна улога во нивниот меѓународен успех.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook