МакедонијаКонференција: Во Македонија има само два водостопански инспектора, новиот закон за води се уштеВо моментов имаме само два водостопански инспектора, што е далеку од доволно. Во Македонија има само два водостопански инспектора, новиот закон за води се уште не е донесен, а актуелната правна рамка не ги содржи клучните елементи од Рамковната директива на ЕУ која е водечки документ за заштитата на реките во европските земји, беше речено пред почетокот на денешната трета меѓународна конференција за заштита на реките на Југоисточна Европа. Според „Еко-Свест“, неопходна е силна инспекциска контрола во работењето на сите чинители за заштита на реките. Државава треба да работи на промена на политиките, на засилување на инспекцискиот надзор и на воведување на европските начини на управување со реките и речните ресурси. Од „Еко-Свест“ посочуваат дека освен загадувањето, голем проблем за реките се и малите хидроцентрали. Пораката, пак, на меѓународната организација The Nature Conservancy е дека реките мора да се заштитат, но исто толку е важно и заштитата да биде одржлива. -Во моментов имаме само два водостопански инспектора, што е далеку од доволно. Ние активно работевме со Државниот инспекторат за животна средина минатите години и двапати организиравме обуки на инспекторите во делот на мерење на еколошки проток на реките за да ги поддржиме капацитетите на Инспекторатот за монтиоринг на работата на малите хидроцентрали кои се исто така голем проблем. Исто така, бевме дел од работната група за новиот закон за води уште пред четири години, законот е веќе подготвен, но се уште чекаме да дојде во собраниска процедура, изјави Ѓорѓи Митревски од „Еко-Свест“. Како што истакна Митревски, заштитата на реките секаде во европските земји се одвива според принципите на Рамковната директива за води на ЕУ. -Нашиот актуелен закон за води не ги транспонира клучните елементи од Директивата. Кога работевме на новиот закон, се потрудивме да има што посеопфатно транспонирање на делови од Директивата, како што е еколошкиот проток на реките, како и поголема партиципативност на граѓаните. Она за што ние се залагаме е силна инспекциска контрола во работењето на сите чинители за заштита на реките, не би сакале да имаме поединечни инциденти кои многу често се повторуваат. Нашиот став е дека треба да се работи на промена на политиките, на засилување на инспекцискиот надзор и на воведување на европските начини на управување со реките и речните ресурси, потенцира Митревски. Осврнувајќи се на тековните проекти, тој информира дека е во тек процесот за заштита на Демиркаписката клисура и долното течение на реката Вардар што би требало, како што рече, да се заокружи идната година. -Пред две години поведовме иницијатива за прогласување на заштитено подрачје во Општина Демир Капија со цел заштита на долниот тек на Вардар, дел од Демиркаписката клисура и пет планински притоки. Иницијативата е во завршна фаза, овие две години интензивно комуницираме со Министерството за животна средина кое минатата година прогласувањето и изработката на студијата за заштита на Демир Капија ја стави во годишната Програма. Во интензивна комуникација сме и со Општината, Советот ја прифати иницијативата. Во моментов сме во завршна фаза на изработка на студијата за валоризација на вредностите на идното заштитено подрачје. Наесен во септември треба да е готова, Општината ќе ја поднесе до Министерството и продолжуваме со натамошниот стандарден процес, се надеваме дека идната година ќе може да стигеме до заштитено подрачје, нагласи Митревски. Студијата за валоризација подразбира ангажирање тим експерти биолози за сите таксономски групи, ихтиофауна (риби), рипариска (крајбрежна) вегетација, цицачи, лилјаци, хидролошки и геоморфолошки истражувања,... -Преку целосно експертски увид на теренот ќе се утврди вистинската состојбата и врз база на тоа ќе се изврши зонирање на идното заштитено подрачје. Зонирањето значи строга заштита онаму каде што има високи вредности (дозволено само научно истражување), зона на активно управување, одржливо управување, се според законската регулатива, објасни Митревски. Според Игор Вејновиќ од The Nature Conservancy, реката Вардар е подложена на големо загадување, и индустриско и комунално, но делот кај Демиркаписката клисура е еден од позачуваните и идејата е прво тој сегмент да се заштити. -Клисурата не е важна само за слатководниот биодиверзитет, туку и за птиците. Првиот чекор е да ја заштитиме, а потоа да се види каде во системот може да се направат интервенции за да се намали загадувањето, да се тргнат бариертие, малите брани кои веќе не се во употреба. Значи, првиот чекор е да се заштити она што е најзачувано во овој момент, рече Вејновиќ. Тој очекува да продолжи трендот на соработка меѓу земјите од Западен Балкан, Хрватска и Словенија. -Нашата цел е не само да обезбедиме заштита на реките, туку и заштитата да биде одржлива - финсниски и од аспект на човечки потенцијал, не само на хартија, туку да биде вистиснка заштита, одржлива на подолг временски период, подвлече Вејновиќ. На денешната трета меѓународна конференција за заштита на реките на Југоисточна Европа што се одржува во Скопје учествуиваат преку 80 учесници од регионот и светот, експерти, претставници од институциите и граѓанското општество. Првите две конференции се одржаа во 2019 година во Подгорица и во 2022 година во Задар.Тагови: ЕУ Општина Демир Капија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноБосанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години? Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата. Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила. Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт. Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума. Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач. Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот. Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено. Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф. Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.Тагови: Германија парите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХоланѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години. „Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан. Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година. Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал. Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож. Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство. Son, 33, ‘chopped dad into 238 pieces & hid body in freezer over poison plot' https://t.co/BRh99bhBrf — The US Sun (@TheSunUS) November 3, 2026 Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило. Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста. Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно. Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.Тагови: татко телото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаБран штрајкови се најавени во Италија за овој месец- запираат возовите, автобусите и авионите Италијанските синдикати повикаа на национален штрајк во железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт за 20 и 21 ноември, на кој ќе му претходат неколку прекини на работата и протести на локално ниво.Генералниот штрајк, свикан од Италијанската општа конфедерација на трудот (CGIL), ќе ги опфати сите транспортни сектори, и јавни и приватни, во текот на целиот ден на 20 ноември, објави денеска ADNkronos. Во исто време, неколку закажани протести и локални штрајкови од следната недела се закануваат да го нарушат транспортот, создавајќи тешкотии за жителите на неколку италијански градови. Утре Џенова ќе биде погодена од штрајк во транспортот организиран од синдикатот Cub Trasporti, додека синдикален протест ќе се одржи во Козенца на 10 ноември, што ќе го наруши и јавниот превоз. Во Милано, штрајк на групацијата ATM е свикан за 13 ноември, што ќе доведе до прекини во јавниот превоз во тој град, како и во Монца и Бријанца, а истиот ден, јавниот превоз во Венеција исто така ќе биде засегнат во текот на целиот ден поради прекин на работата. Штрајкови се планирани и во транспортниот сектор во Бари и Неапол во текот на ноември, соопшти агенцијата. На национално ниво, критични денови за транспортот, од јавниот превоз до железницата, ќе бидат 20 и 21 ноември, кога штрајкот ќе влијае на железничкиот товарен транспорт, локалниот јавен превоз и железничкиот патнички транспорт, од 21 часот на 20 ноември до 20 часот на 21 ноември. Што се однесува до секторот за воздушен транспорт, се очекуваат прекини за патниците што летаат на 22 ноември, кога вработените во неколку компании во Фиренца и Пиза ќе штрајкуваат, додека работниците во компанијата Енав во Варезе исто така ќе штрајкуваат. Покрај транспортниот сектор, прекин на работата е повикан и за италијанските работници во кол-центрите да штрајкуваат на 11 ноември. Синдикатите заеднички ја повикуваат владата да „обезбеди сериозна индустриска политика за секторот, како и да ги заштити работните места и приходите на работниците“. Национален штрајк е закажан и за 16 ноември за приватните даватели на здравствени услуги, социјалните претпријатија, како и за регионалните и локалните власти, потсети агенцијата. Во исто време, училиштата и универзитетите ќе бидат во центарот на широк протест во текот на денот на 20 ноември, свикан од синдикатите и здруженијата на работници во образованието на Италија.Тагови: италија штрајкови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter