Конференција „Акцелератор за дигитална трансформација на западен Балкан - Канал 5

Конференција „Акцелератор за дигитална трансформација на западен Балкан

Конференција „Акцелератор за дигитална трансформација на западен Балкан
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Завршува рокот за дел од реформските закони – колку Македонија добива, а колку губи со досега сработеното?

Завршува јунскиот рок за исполнување на пакет реформски чекори, меѓу кои и оние од Реформската агенда со грејс период од лани.

Завршува рокот за дел од реформските закони – колку Македонија добива, а колку губи со досега сработеното?

Од Министерството за европски прашања велат дека дел од законските решенија се веќе усвоени, а дел се во завршна фаза на собраниска постапка, што значи дека за тековниот извештаен период очекуваат исполнување на 19 од вкупно 51 реформски чекор, по што би се исплатиле околу 100 милиони евра наменети за буџетска поддршка и инвестиции преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

-Меѓу позначајните законски решенија кои се донесени или се во процедура се: Законот за судска служба, Законот за јавнообвинителска служба, Законот за Советот на јавните обвинители, Законот за оружјето, измените на Законот за високи раководни служби, Законот за користење на енергија од обновливи извори, Законот за јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, измените на Законот за договорен залог, Законот за лизинг, измените на Законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата, како и Изборниот законик,- - Министерство за европски прашања.

Од Министерството посочуваат дека најголем предизвик во моментов претставува донесувањето на Изборниот законик кој што деновиве ја зовре собраниската атмосфера. Како реформски чекор тој има финансиска вредност од над 4 милиони евра а е со грејс период од лани. Дел од аналитичарите пак потенцираат дека со оглед на тоа што конечната оценка не само за исполнетоста туку и за квалитетот на реформските чекори ја носи Европската комисија, постои можност некои од реформските закони да бидат вратени на доработка.

-Голема е веројатноста затоа што имаше и претходно таков случај, мислам дека ќе се развлекува ова се до крајот на 27та година.// Се што се однесува на јавната администрација, на судството, на транспарентноста на судството, и на дигитализацијата. // Околу Судскиот совет, исполнување на препораките на ГРЕКО, доста делови од дигитализацијата се уште заостануваат. Навистина ќе зависи од тоа каква ќе биде оценката на Европската комисија,- -Димитар Николовски, директор на ЕВРОТИНК.

Досега преку Инструментот за реформи и раст на ЕУ, државава има обезбедно 142,1 милион евра, што од Министерството за европски прашања велат дека е потврда за успешното спроведување на реформите, и се оптимистични дека за останатите реформски чекори како што оценуваат, сè уште постои можност да бидат реализирани во рамките на предвидените рокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот на дивата депонија во Шуто Оризари повторно ги труе скопјани

Штом ќе започнат летните горештини, како по правило се разгорува и дивата депонија меѓу Шуто Оризари и Визбегово – истото сценарио се повторува од година во година 

Пожарот на дивата депонија во Шуто Оризари повторно ги труе скопјани

Штом ќе започнат летните горештини, како по правило се разгорува и дивата депонија меѓу Шуто Оризари и Визбегово – истото сценарио се повторува од година во година – скопјани изминативе два дена повторно дишат изгорени гуми, пластика и други тони отровен отпад кој согорува.

Самото место е преплавено со смет од сите страни, што им оневозможува и на пожарникарите соодветно да си ја вршат работата. Оние кои живеат и работат во околината се сомневаат дека на депонијата се подметнуваат пожарите, воедно стравуваат дека еден ден пламените јазици ќе стигнат до нивните објекти.

Ова место е едно од црните точки во Скопје – оние кои што живеат и работат во околината велат дека се пали по пет-шест пати преку лето, а се пали секоја година.

Депониите се вистински кошмар за гаснење, вели првиот човек на ДЗС – Стојанче Ангелов, кој смета дека зад честите пожари на ова место стои човечки фактор. Тој вели дека врз ваквите, диви депонии тешко се воспоставува контрола и се горлив проблем за службите.

-Повеќе од сигурно можам да кажам дека таа е намерно запалена, бидејќи можноста сама од себе да се пали е навистина мала, доволен е еден мал поттик, би рекол една искра за истата да биде запалена. Веќе знаеме дека гаснењето на депонии за нас е кошмар, бидејќи сите депонии тешко се гаснат, внатре имаме разни материјали кои создаваат висока температура, гасови од зависност од депонијата, така што навистина тешко се гаснат. Апелирам до граѓаните да го пријават секое сомнително поведение кое ќе го забележат околу депониите,- - Стојанче Ангелов – Директор на ДЗС.

„Ја чистиме депонијата, а до следното лето сликата е повторно иста и повторно гори“ – вели градоначалникот на Шуто Оризари – Курто Дудуш. Вели дека веќе е распишан тендер за расчистување на ваквите места, но и дека во соработка со Град Скопје веќе се „крои план“ за трајно решение за местото на кое децении наназад сите незаконски го исфрлаат она што веќе не им треба.

-Местото децении наназад е препознатливо во цело Скопје и околината како место каде што сите доаѓаат и одлагаат отпад. Одлагањето обично го прават во вечерните часови кога има помалку инспекција на терен, знаат времиња, уходани се со години кога таму нема инспекции и носат таму и одлагаат отпад. Тоа се толку добро организирани групи кои имаат возила и ги пратат нашите екипи кога не се таму за да можат да однесат и да одложат отпад,- -Курто Дудуш – Градоначалник на О. Шуто Оризари.

Дива депонија гори и во околината на Велес, која се проширила и на околната сува трева – противпожарни екипи од утринава постапуваат и таму.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ не отстапува од блокадата на новиот Изборен законик, власта прави напори да се постигне консензус

Власта и опозицијата и натаму се далеку од договор за изборниот законик, но далеку од очите на јавноста се прават обиди помеѓу пратеничките групи за доближување на ставовите. 

СДСМ не отстапува од блокадата на новиот Изборен законик, власта прави напори да се постигне консензус

Поради тоа засега е неизвесно кога ќе биде закажана седницата за Политички систем и односи меѓу заедниците на која треба да се дискутира предложеното законско решение, откако веќе беше изгласана постребата од негово донесување.

Од опозициската СДСМ, која се закани дека ќе го блокира законот со 10 илјади амандмани кои пратениците ги подготвувале до доцна синоќа, за Канал 5 велат дека за нив не е прифатлива понудата која премиерот Мицкоски ја стави на маса - да поднесат амандмани само за начинот на заокружување и поднесување приговори кои мнозиството веднаш би ги прифатло и бараат предоговарање на Изборниот законик.

„Блокираат закон кој со месеци го договараа. Закон во кој им прифативме сѐ што предложија. Единственото нешто што побаравме е дијаспората да може да гласа по електронски пат уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија, а денес го блокираат и бараат бледи алиби-аргументи“, посочува премеирот Мицкоски во статус на Фејсбук.

Серија забалешки за предлог законот упатуваат и од Левица, од каде не сакаа да се стават потпис на предлог законот иако учествуваа во работната група која го изготви. Според нив во конечниот текст се нашле решенија за кои никогаш не било дискутирано ниту постигнато согласност меѓу учесниците во работната група. Тврдат дека во последен момент била додадена одреба со која се воспоставува механизам за цензура на социјалните мрежи и бараат еднакво финансирање за сите политички субјекти. Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваат СДСМ и Левица за блокирање на реформската агенда.

„СДС и Левица во коалиција го блокираат Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучија алармот. СДС и Левица здружено ќе го блокираат Изборниот законик, оној кој со месеци го договараа. Истиот Закон во кој ВМРО-ДПМНЕ прифати се што тие предложија. - Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Изборниот законик е дел од реформската агенда за чие усвојување беше даден греј период кој истекува денеска. Дополнувањата и измените во законското решение кои следуваа по препораките од ОБСЕ/ОХИР ги изготви работна група предводена од минситерот за правда Филков во која учествуваа пратеници од сите пррламентарни партии, освен СДСМ која одлучи да ја напушти работната група поради укинувањето на Техничката влада.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер