Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми
2Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
Шоу бизКонечно се огласи и ќерката на Мајкл Џексон по повод контроверзниот филм Откако овие денови молчеше за контроверзниот документарец на кој нејзиниот татко е обвинет за педофилија, Париз Џексон откри што мисли за тоа на Твитер.Еден од нејзините следбеници прокоментирал дека “тие сакаат да го уништат името на Џексон и да престане да се слуша неговата музика“, на што Париз брзо му одговори. „Да, тоа го прават со секој кој имал добро срце и се обидел нешто да смени, но зарем навистина мислиш дека ќе успеат да го уништат неговото име? Зарем навистина мислиш дека имаат шанси? Опушти се и биди спокоен“ – напишала таа. „HBO” неодамна објави дводелен документарец во кои Вејд Робсон и Џејмс Сејфчек го обвинија покојниот пејач за сексуално злоставување во период од седум години, и тоа додека имале четири, односно седум години. Семејството на Џексон жестоко возврати на филмот, нарекувајќи го “јавен линч“ и најави тужба против „HBO” и учесниците во документарецот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаПосета на претставници од Амбасада на САД во Општина КумановоНа првиот официјален прием присуствуваа Никол Варнс, вршител на работи при Амбасадата, политичките советници Едру Ковтун и Кристина Каранакова и специјалистот по односи со јавност, Надица Жакула.Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во присуство на секретарот Емилија Сларидис Јаневска, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот Фатос Аќифи, денеска имаа средба со претставници од Амбасада на САД во РМ. На првиот официјален прием присуствуваа Никол Варнс, вршител на работи при Амбасадата, политичките советници Едру Ковтун и Кристина Каранакова и специјалистот по односи со јавност, Надица Жакула. Во пријателска атмосфера гостите се запознаа со работата и функционирањето на Општина Куманово, можностите за унапредување и развивање на нови проекти од повеќе општествени области, со акцент на создавање на млади лидери, кои би придонеле за прогресивна и напредна иднина на младата популација, во интерес на граѓаните. Во прилог на излагањето за капацитетот на Општината, присутните имаа можност да проследат видео – презентација за индустриската зона Новини и Речица.Тагови: Општина Куманово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програмиМинистерот Агон Ферати го прими на средба амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Сомер, со кого разговараше за активностите на министерството и проектите од заеднички интерес. Во фокусот на средбата беа економскиот развој, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Посебно внимание беше посветено на улогата на SwissCham во поврзувањето на швајцарските компании со компаниите од Македонија, создавањето партнерства и можностите за нови инвестиции, како и организирањето B2B контакти и вмрежувањето на бизнисите. Беше истакнато дека овие иницијативи, заедно со потенцијалот на дијаспората, можат да придонесат за зајакнување на економската соработка и создавање нови можности за двете земји. Се разговараше и за швајцарските развојни програми, поддршката за стартап-компаниите и можностите за обука на студентите. Министерот Ферати му се заблагодари на амбасадорот за континуираната поддршка од страна на Швајцарија во различни области, вклучително и економијата, земјоделството, невладините организации и обуките.Тагови: Агон Ферати Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаСДСМ: Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките - народот плаќаДизелот поскапе на 104,5 денари за литар. Нов удар врз семејните буџети, земјоделците, превозниците и целата економија.СДСМ навреме предложи конкретни мерки за намалување на цените на горивата и заштита на граѓаните. Укинување на акцизата, ДДВ намалѕвање на 5%, минимална плата од 600 евра. Арамијата Мицкоски ги одби. Последиците од неговите арамиски политики ги плаќаат граѓаните. Секое полнење резервоар е нов трошок за граѓаните. Поскапиот дизел значи поскап транспорт, поскапо земјоделско производство и нов бран поскапувања на храната и на сите основни производи. Има 5,5 милиони евра за DJ за една вечер, а нема пари за мерки за заштита на граѓаните. Има 200 милиони евра за криминални тендери а нема пари за земјоделците. Има пари за 50 члена делгација на Мицкоски и авион, нема за миниамална плата. Тоа е арамиска власт. Додека граѓаните преживуваат со плати што не стигнуваат ни за основните потреби, а потрошувачката кошничка достигна 90.000 денари, Владата профитира од секое ново поскапување. Ова е свесна одлука на организираната криминална група, да се богати а товарот од кризата да им го префрли на граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook