Конечно решена мистеријата за “вонземјанинот“ од пустината Атакама (видео)

Откако пред 15 години, беа откриени мумифицираните остатоци од хуманоидно суштество, со должина од 15 сантиметри, во напуштениот рударски град во чилеанската пустина Атакама, разните приказни и бројните шпекулации за ова необично откритие не престануваат.

Скелетот кој подоцна е продаден на приватен колекционер од Шпанија, изгледал и делувал толку бизарно, што дури во еден документарен филм послужил како потенцијален доказ за постоењето на вонземјаните.

Научниците од Калифорнија сега успеале да дојдат до ДНК примерок од коските на мумијата и на основа на тоа, да ги сложат сите делови од сложувалката на оваа вистинита и многу трагична приказна за индивидуата позната како Ата.

Наместо посетител од некој друг свет, Ата била девојка која, како што се чини, била мртвородена или умрела непосредно по доаѓањето на свет, и тоа со разорувачки мутации кои го обликувале необичниот изглед на нејзиното тело, пишува британски „Гардијан“.



Ата е пронајдена во 2003 година во местото Ла Нориа, некогашно рударско гратче во кое е ваден натриум нитрат и тогаш била увиена во бело платно и врзана со виолетова лента.

Скелетот изгледал навистина необично. Иако е долг само 15 сантиметри, коските имале одлики на коски на дете на возраст од шест или осум години. Наместо вообичаените 12 пара ребра, имала само 10. Главата на мумијата била со издолжен, конусен облик.

Тие чудни остатоци го заинтересирале професорот по микробиологија и имунологија од калифорнискиот универзитет Стенфорд, Гери Нолан, кој се понудил да ги проучи. Тој во 2013 година заклучил дека Ата била човек, но објаснувањето за причината за нејзините драматични деформитети на телото, останале далеку од разјаснети.

Нолан сега со помош на колегите од Калифорнискиот универзитет од Сан Франциско, објавил детална анализа на генетскиот склоп на Ата. Од примероците на ДНК кои биле извадени од нејзините коски, научниците заклучиле дека девојчето имало мутации на најмалку седум гени, кои се одговорни за големите деформитети на скелетот и развојот на коските.

Освен деформациите, Ата можеби боледулава и од конгенитална дијафрагмална хернија, релативно чест и опасен по живот дефект, кој се јавува на раѓање, бидејќи дијафрагмата не е во состојба да се развие како што треба. Со понатамошни анализи установено е дека нејзината ДНК најмногу одговара до онаа на повеќето Чилеанци.

Нолан верува дека Ата умрела на раѓање, а дека нејзините остатоци првобитно биле пронајдени 40 години подоцна. Нејзините деформации биле толку големи што било невозможно да се храни.

„Иако оваа приказна за Ата почна како сензација за вонземјани, и брзо се прошири по целиот свет, таа е всушност вистинска приказна за човечка трагедија. Жената родила неправилно развиено бебе, кое подоцна било сочувано на таков начин за да може да се продаде како некој чуден артефакт. На крајот испаѓа дека станува збор за човек со фасцинантна приказна за генетскиот развој, од која би можеле нешто да научиме и на основа на тоа да им помогнеме на другите“ – заклучил професорот Гери Нолан.




Најсмешен крадец во обид: Панталоните ѝ останаа на оградата, се покри со дуксер (ВИДЕО)

Следната приказна доаѓа од чилеанската општина Маипу, каде надзорните камери снимија бизарна сцена.

Во преден план гледаме жена која се обидува да прескокне метална ограда и да влезе во луксузен станбен комплекс. Сепак, работите брзо тргнаа наопаку.

Таа не очекуваше дека панталоните ќе ѝ се зафатат на металните шилци, па следеше „мачна борба на обидот за кражба“, пишува Прото тема.

По две минути останала без делови од облеката и обувките, а интимните делови морала да ги крие со дуксерот.

Локалните медиуми јавуваат дека таа го пребарала дворот и по извесно време заминала.

Останува нејасно што се обидувала да направи, а некои извори наведуваат дека „имала соучесник“.

Прв пат отишла кај момчето на гости, па направила хаос- го парчосала тоалетот (ВИДЕО)

На мрежите повторно се ажурираше приказната за Кенеди Калвел од Ванкувер, а во неа се опишува нејзиното „фијаско“ по првата посета на нејзиното момче.

Девојката објави неколку видеа на TikTok кои „собраа“ милиони прегледи и станаа вирални, пишува New York Post.

@kennedyallegedly Great first impression #boyfriend #poopoo #fml

Кенеди дошла во куќата на своето момче Ник во Торонто за заедно да ги поминат празниците, а недолго потоа побарала да оди во тоалет.

Проблемот настанал кога таа не можела да пушти вода во тоалетот.

„Го отворив резервоарот и ја повлеков рачката. Сепак, ништо не се случи. Кога сфатив дека не можам да го решам проблемот, почна да ме фаќа паника“, рекла таа.

Додека се вртела околу бањата, обидувајќи се да се извлече од непријатната ситуација - и паднал керамичкиот капак! Се разбира, се скрши, а парчиња летаа на сите страни.

„Во шок стоев сред бањата. Се најдов во непријатна, глупава ситуација. Што би можела да направам освен да направам видео на TikTok“, објасни таа.

@kennedyallegedly But seriously what do I do #embarrassing #plumber #awkward #helpme ♬ Monsters, Inc - Gustav Lundgren & Unit

Родителите на нејзиното момче не биле дома, но Кенеди го почувствува притисокот без оглед на тоа.

„Сфатив дека морам да го известам Ник за сѐ што се случи. Не можев да избегам низ прозорецот, ниту да го обвинам миленичето“.

Кога му кажала на момчето што се случило, тој почнал да се смее. Веднаш им се јавил на родителите и рекол дека „случајно го скршил капакот на казанчето“.

Таткото и мајката не се налутиле, а ситуацијата ја дочекаа со насмевка.

„И тие се смееја. Имаат четири сина и се навикнати на дефекти во куќата. Сепак, рекоа дека Ник морал да купи нов капак со свои пари“, изјавила девојката и додала дека се понудила да ја плати штетата.

Студенти исвиркаа холивудска ѕвезда поради неговата поддршка за Израел (ВИДЕО)

Познатиот комичар Џери Сајнфелд доби почесна диплома од Универзитетот Дјук во Северна Каролина, а по тој повод одржа говор пред студентите.

Меѓутоа, во моментот кога беше најавен неговиот говор, дел од студентите почнаа да свиркаат и да извикуваат „слободна Палестина“, а некои демонстративно го напуштија стадионот веејќи палестински знамиња.

Имено, иако комичарот во својот говор не го спомна Израел, некои студенти протестираа поради неговата отворена поддршка за Израел по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.

притисни ентер