Конечно почна извлекувањето на дел од цивилите заглавени во Азовстал

Конечно почна извлекувањето на дел од цивилите кој повеќе од еден месец се заглавени под челичарницата Азовстал во Мариупол. 

Дваесетина цивили, меѓукои и жени и деца, конечно се евакуирани од фабриката за челик „Азовстал“ во украинскиот град Мариупол, која е уништена од руското гранатирање.Таму сепак остануваат 300 заробени цивили, меѓу кои и деца, а а дел од нив се прегладенети, јавуаат светските медиуми. Во меѓувреме, руските трупи постепено го зголемуваат интензитетот на нивната офанзива во Источна Укирана. Русија го напаѓа целиот фронт во Доњецк со проектили, артилерија и авиони за да спречи прегрупирање, соопштија властите во Киев. Ова го потврди и претседателот Зеленски, кој кажа дека досега биле убиени над 20.000 руски војници и уништени над 1.000 руски тенкови.

„Окупаторитеакумулираатдополнителнисилизановинападипротивнашатавојсканаистокотодземјата. Тие создадоа засилувања во регионотХарков, обидувајќи се да го зголемат притисокот во Донбас. Тие веќе изгубија повеќе од 23.000 војници во битките на оваа бесмислена војна за Русија. Но, тие незапираат. “

Русија пак, обвини дека украинските сили гранатирале цели во украинскиот јужен регион Херсон, во кој од денеска според најавите ќе се употребува рубљата како платежна валута.Во соопштението од руското министерството за одбрана се наведува дека украинските сили гранатирале училиште, градинка и гробиштата воХерсон.

Поддршка за Украина даде претседателката на Долниот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси која денеска во Киев се сретна со Зеленски. Таа е највисокиот американски функционер кој го посети главниот украински град . Зеленски на средбата наведе дека САД се лидер во силната поддршка во борбата на Украина против руската агресија, додека Пелоси истакна дека Украина херојски се бори за слобода, а САД се подготвени да ѝ помогнат

„ Тука сме во посета за да ви се заблагодариме за вашата борба за слобода. Вашата борба е борба за сите. Затоа, наша обврска е да бидеме тука за вас додека не заврши борбата.“

Вчера, Анџелина Џоли,која е специјален пратеник на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, ја посети Украина. Џоли се сретна со сирачиња и раселени деца и лица евакуирани од Мариупол, но актерката мораше итно да биде пренесена во засолниште откако се огласија сирените за можен напад.

Со кабинетот на претседателката на Македонија ќе раководат Божинов и Момировски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, правник кој работел во министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски.

Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател стево Пендаровски.

Од кабинетот на претедателката соопштија дека генералниот секретар Ѓорги Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, процесите на јавни набавки, програмите за финансиска поддршка, како и примена и хармонизација на легислативата на Европската Унија во овие области.

Момировски пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.

Фонсека подготвен да стане нов тренер на Милан

Тренерот на Лил, Пауло Фонсека се согласи да го води Милан од следната сезона, објави новинарот Николо Шира на Икс.

Италијанскиот клуб е подготвен да потпише договор со 51-годишниот Португалец до 2026 година.

Конечната одлука ќе биде донесена следната недела.

Фонсека е во Лил од 2022 година. Под негово водство тимот оваа сезона постигна 58 бодови и пред одигрување на последното коло се наоѓа на 3. место во поредокот. /МИА

Во Црвено Море нападнат танкер со нафта

Британската безбедносна фирма „Ембреј“ (Ambrey) денеска соопшти дека во Црвеното Море е нападнат танкер со нафта, што пловел под знамето на Панама, на 10 наутички милји југозападно од јеменската Мока.

Танкерот е погоден со проектил, што предизвикал пожар. Сè уште ниту една група не презела одговорност за нападот.

Претходно Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО) објави дека добила извештај за инцидент во Црвеното Море, 76 наутички милји северозападно од градот Ходеида во Јемен.

Хутите уште од ноември минатата година ги напаѓаат трговските бродови во Црвено Море во знак на солидарност со Палестинцитеи оти тоа ќе го прават сè додека Израел не ги запре нападите врз Појасот Газа./МИА

притисни ентер