Концерти на гитаристот Дарко Багески во Стокхолм и Малме - Канал 5

Концерти на гитаристот Дарко Багески во Стокхолм и Малме

Гитаристот Дарко Багески денеска ќе одржи солистички концерт во Стокхолм, кој е организиран од Амбасадата на Република Македонија во Шведска. Концертот е хуманитарен и средствата ќе бидат донирани за населението во Скопско погодено од поплавите по невремето на 6 август.

Концерти на гитаристот Дарко Багески во Стокхолм и Малме
Багески утре ќе одржи солистички концерт и во Малме, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Концертот е организиран од Лилјана Стоилковска-Андовска и Друштвото „Македонија“ од Малме, со цел да се презентираат македонските уметници во Шведска.

На програмата на двата концерта се дела од Џулијани, Бариос, Мерц, Јовичиќ, Мирослав Тадиќ, Реис.

Дарко Багески (1981) е вонреден професор по гитара на Факултетот за музичка уметност во Скопје, одржува мастеркласи на меѓународни фестивали и натпревари и често е член во жиријата.

Музичкото образование го почнал во Скопје, матурирал во Средно музичко училиште во Загреб, а дипломирал на Високата школа за музика „Франц Лист“ во Вајмар, Германија. Магистрирал на Државниот конзерваториум за музика во Солун. Се едуцирал кај еминентни професори по класична гитара, како: Џевдет Сахатџија, Герхард Рајхенбах, Јурген Рост, Костас Коциолис...

Имал голем број солистички концерти во Македонија, Хрватска, Србија, Германија, Грција, САД, Шведска..., настапувајќи како солист со камерни оркестри и со Македонската филхармонија.

Претседател е и основач на Здружението на класични гитаристи, како и уметнички директор и еден од основачите на Меѓународниот фестивал за класична гитара ТРЕМОЛО./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира Платформата ЗНАМ 2.0 - покровителот е арамијата Мицкоски

Вчера објавивме кој му го плаќа лобирањето на Мицкоски во Америка.

Кузеска: Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира Платформата ЗНАМ 2.0 - покровителот е арамијата Мицкоски

Приватна фирма за муниција, оружје. FARA 6170. 1,56 милиони долари годишно. Човек уапсен за мито околу оружје. Казна платена од човек од кокаински канал.

Го објавивме и планот за рудниците - антимон, Иливица–Штука, Казан Дол. Распрoдажба на земјата.

За нив провизија. За народот отров.

Нема одговор од организираната криминална група. Има кампања против претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче.

Ги открија сите карти. Орбановите и медиумите на Вучиќ во Македонија.

Таканаречени независни аналитичари како ВМРО-овецот Јове Кекеновски. Соработници на БИА. Геро, Ивона, Латас по социјални мрежи. Ботови на СНС. Трол-фарми преку израелска фирма.

Затоа и министрите од ЗНАМ 1.0 јавно им даваат поддршка. ЗНАМ 1.0 со јавна поддршка за на ЗНАМ 2.0.

Сите заедно против единствениот бастион на слободата - СДСМ. Сите заедно против Филипче, кој секој ден се бори против оваа банда, на терен, со граѓаните, со народот што едвај го врзува крајот со крајот.

Ете, граѓаните сега имаат црно на бело. Тендери за основачите на Платформата „за иднината на Мицкоски“. 1,6 милиони евра. Помалку од Гета. Повеќе од нивната чест.

Нема да помине. Готово е со дефокусот. Со лагите. Со црните кампањи. Со Дубаи и Харис Џиновиќ.

Доаѓа време на вистина и правда. Сите ќе одговараат.

Власта ќе ја вратиме во рацете на граѓаните.

Бандата ќе одговара, рече Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да се свести и да си ги решава состојбите во партијата, а не да се жали дека други се криви што СДС се распаѓа

Талогот на СДС и Венко Филипче најдобро е да престанат да плачат во јавност. Ако продолжат да плачат очигледно им е јасно дека тонат во опозицискиот блок.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да се свести и да си ги решава состојбите во партијата, а не да се жали дека други се криви што СДС се распаѓа

Венко Филипче и талогот од СДС треба да прекинат со жалби дека ВМРО-ДПМНЕ му ја раситнува партијата.

Филипче треба да се свести и да си ги решава состојбите во партијата, а не да се жали дека други се криви.

Тоа што лица излегуваат од СДС и самостојно настапуваат, очигледно е дека внатре во самата партија што би се рекло народски, смрди.

Затоа на Филипче и талогот да им е јасно, прво, на ВМРО-ДПМНЕ му одговара ваков СДС, второ ВМРО-ДПМНЕ не сака, ниту има намера да се меша во нивните работи, времето се троши продуктивно на спроведување проекти во интерес на граѓаните и државата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за млади

Во општина Чешиново Облешево изминатава година се работи на подобрување на условите за живот на граѓаните и создавање подобри можности за семејствата, младите и најмладите. 

ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии  и подобри услови за млади

Во делот на поддршката за семејствата, секое прваче доби финансиска поддршка од 3.000 денари, додека за секое првородено дете семејствата добија парична помош од 6.000 денари. Исто така, младите брачни парови се ослободуваат од комунални трошоци за изградба на дом.

Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вложува и во подобрување на локалната инфраструктура. Реконструирани се улиците „Сремска“, „Јоаким Крчовски“, крак на улицата „Први мај“ и „Осоговска“, а во завршна фаза се улиците „Маршал Тито“ и „Прохор Пчински“.

Посебно внимание се посветува на најмладите и на создавањето подобри услови за нивниот развој. Во тек е проширувањето на детската градинка во с. Облешево, со цел зголемување на капацитетите. Изграден е и нов парк во Облешево со детски реквизити, а реконструиран е спортскиот терен во ООУ „Страшо Пинџур“ Соколарци.

Во насока на создавање почиста и поуредна животна средина, исчистени се диви депонии, а предвидена е и набавка на мулчер и нова компресорска цистерна.

Општината формираше и Земјоделски совет, кој ќе работи на изнаоѓање конкретни решенија за проблемите со кои се соочуваат земјоделците и ќе придонесе за подобра комуникација и поддршка на земјоделскиот сектор, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер